Посебно свадбарски расположено )
Нека и е честит бракот на една наша стара форумџика...
А сега само весело...Уште малку и идеме да се провеселиме
Секогаш се трудам да ги сфатам луѓето кои своите проблеми ги сметаат за единствени, нерешливи и најтешки.
Зарем таквите, не спознале некој кој НАВИСТИНА има проблеми кои навистина се тешки па своите ги категоризира до ниво на паѓање во трансови?
Јасно ми е, сите имаме проблеми и мисли кои не мачат и не растажуваат, но зарем не треба да се насмевнеме и да бидеме благодарни со своите ''проблеми'' кога знаеме на светов што се има?
Мислењево ми е паричка со две лица, но кога налетувам на некој\а по интернет светов како лелека од своите проблеми со шминката, облеката, дечкото и одморот на кој летово нема да оди, се прашувам колку човечност останало во луѓево?
Ех драги мои луѓенца, има луѓе кои животот го крпат, има луѓе кои останале без родители, има луѓе кои се тешко болни. . . на никого не посакувам да е дел од нив...
Бидете задоволни со тоа што го имате, секогаш стремете се за повеќе, но никогаш не проколнувајте го својот живот колку и тежок да изгледа во некои ситуации..
Ај да не мудрувам повеќе... лесно е да даваш совети седнат пред монитор, куцајќи на тастатура... оди примени ги да те видам
(Ојдов)
Маре, светот ако не е составен од секакви луѓе нема да е свет. Ќе биде наречен така, според својата едноличност. Society, you're a crazy breed, Society have mercy on me, I hope you're not angry if I disagree
Јас затоа си праам планчиња со другачки да си ида на планина, небо да вида, воздух да осета.Тоа е тоа шо ме ослободува. Freedom in it's finest place
Те замолувам во иднина да ми се обраќаш со Марија : )
А инаку јас не оспорувам дека има секакви луѓе, само изнесов свое размислување околу нешто што ме заинтригира попладнево : )
Поради моето мислење ништо нема да се смени, јас само сакав да го напишам во интернет просторот во кој нема граници за она што се пишува : )
Светот ќе продолжи да биде ист, а луѓето ќе продолжат да се притресуваат за се и сешто : )
Всушност, сите сме дел од тоа : )
Патем, убав помин на планина: )
СДК честитоСакам да кажам....
Денеска магистрирав. Пресреќен сум. Пре пре пресреќен!