Машкото око е незаситно.
Подари му ги најубавите пар цицки или очи, најубавите обикувани нозе или газе, пак ќе се загледа во првите што ќе му налетаат.Ќе се лигави по профили на малолетнички за кои се корне од колнење дека тоа за него е дете и ништо повеќе ниту помалку од тоа. А тоа дете наместо да стиска бубуљици или да пишува домашни задачи ќе извади пуш ап деколте, ќе коментира на 20 и кусур годишни, бесрамно и префинето и ние треба да и` опростиме бидејќи нејзината психа не е доволно развиена кога е во прашање (не) културата, но кога треба да се е*е, тогаш настанува дисфункција на мозочните ќелии и финото детско фацуле преминува во супер испрскана фаца чиниш и праеле букаке во некој порно филм.
Човекот е создаден да се труди, да работи, да ветува и исполнува, да биде среќен затоа што некој го сака, а тоа не се мајка му и татко му. Кога ќе наиде на таков човек, ќе сфати дека реткоста си поиграла среќно на неговите порти, дека порите на телото исфрлаат различни миксови на среќна аура околу него и патувањето може да започне.
Како жена секогаш, ама апсолутно секогаш настојував секое внимание да биде наградено три пати повеќе, дека секој мал гест треба да е пречекан со огномети од насмевки и радост и дека секоја караница треба да е сведена на минимум за да се задржи благонаклонетоста на непостоечките богови кон мене и мојата ретка аура која ме обзема многу почетсто од другите обични луѓе. Мајка ми велеше дека раката што дава не се суши, дека секој испратен импулс или мисла (позитивна или негативна) во вселената се навраќа неколкукратно повеќе од што сме мислеле или претпоставувале.
.!.
Ништо не се навраќа. Така е само напишано во Библијата, така велеше мајка Тереза за образите, така велеше Брус Ли за ѓезвето. Ќе рокнеш од финоќа еден ден. Ќе рокнеш зашто не ти е вратено ниту во слична ниту во иста мера. Тоа се само бајки за да те заебат да клекнеш во мислите и да започнеш со самосожалување и лелекање дека никој, ама баш никој не те сака. Добро, можеби само твоите дома.