Сакам да кажам/Сакам да прашам

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Интересна сторија од НР Кина од 90-те.

Професионален војник, снајперист и подофицер имал необично среќен брак со својата жена и нивната ќерка.
Но еден ден, сопругата му соопштила дека е трудна, некои 4-5 години по раѓањето на првото чедо.
Пошто ви НР Кина постои one child policy каде во рурални средини смее да се имаат две деца, во случај да се од спротивен пол, во урбаните центри немало таква можност.
Иако потекнувал од крајно рурално гратче, снајперот бил регистриран во Пекинг, во специјалната единица во касарна близу до плоштадот на Небесниот мир.

Сфаќајќи дека нешто мора да се преземе ако сака да има второ дете, ја испратил жена си во својот роден град далеку од Пекинг, да се породи таму далеку од очите на државната власт во главниот град.
Ноооо.........пошто комунизам и пошто државни кодоши.....војникот бил исцинкарен од специјалисти кодоши кои се темел на секоја авторитарна власт, дека жена му била сомнително широка во стомакот и дека нагло ја снемало од Пекинг.

Државата го активирала центарот за планирање на семејство во гратчето каде се наоѓала неговата најсакана сопруга.
Жената била приведена и одведена во болница. Иако била во 7-ми месец, надлежните предизвикале побачај при што неродениот син на снајперистот и жена му, бил мртвороден.
Пошто животот е суров и невољата не доаѓа сама, тешка инфекција поради недоволно стерилизирани инструменти, тотална незаинтересираност и meh на доктори и сестри кои имале направено стотици прекинувања на бремености, кулминирало со сепса што ја усмртило и неговата сопруга. Во неколку дена човекот загубил све, најголемата љубов и синот кој го очекувал со радост.

И што да прави во една таква ситуација, човек кој цел живот се повинувал на системот, само за да биде уништен од истиот тој систем поради некакви наказни правила каде државата решава кој смее да живее и колку?
Типот после првичниот пароскизам на болката почнал да се однесува необично смирено во наредната година и пол, дури и чудно имајќи предвид што се случило.
Но тоа било само маска. Кинескиот Џон Рамбо од првата крв стапил на сцена.
Еден убав ден во 1994, оставајќи ја ќерка си кај неговите, имајќи направено копија од клучевите кои отварале магацин со оружје и муниција, со фалш наредба влегол и се опремил со јуришна пушка, панцирен елек, цела торба со муниција и неколку рачни бомби кои можел да ги земе а да не предизвика сомнеж барем во првичните денови.

И така ликот им кажал на неколку колеги на тој и тој ден да не доаѓаат во касарната.
На денот, снајперистот отвара оган во касарната и бидувајќи еден од најдобрите стрелци во земјата, прави тотален масакр.

Користејќи ја паниката, успева да запре автобус и со цевка на глава го приморува шоферот да вози накај плоштадот на Небесниот мир.
А таму, со нова полна рамка, продолжува осветата. Тотално без бирање цел, фул автоматски типот пука во масата.
Кинеската држава е во бунило и не знае што да прави.
Сепак после извесно време кон местото каде бил виден последен пат се упатува специјална полициска единица.
Нашиот јунак ги гаѓа еден по еден, првиот и последниот во строј а потоа сите измеѓу.
Истото се случува и со воените специјалци.
На крај после рачни бомби и крај на муниција, човекот со последниот куршум ја завршува причата надевајќи се дека на тој свет ќе се придружи на својата жена и син.
Не се знае тотал каунт на лешеви и ранети пошто кинеската авторитарна држава веднаш започнала со вајтвош на инцидентите на тој ден. Ако во загинатите не биле неколку лица од Иранската амбасада, светот веројатно никогаш немало да дознае за ова. Настанот ќе исчезнел и никогаш не се случил. Исто како тука во случајот со убиството во влезот, дури започна и да снемува инфо по нет!
Но тоа и не е најважно, дали убил 75 или 85 цајкани и аскер, типот решил сам самцат да тргне против масивната државна машинерија која го ограбила од радост во животот, му ископала гроб во кој требало доброволно да легне.

Е ова е светски мега цар легенда и људина.:unsure
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Ех бре, мењај саботни излегувања со работа. Не дека ми се излегува де, ама па и не ми се ни работеше.
Нејсе, ќе речеш за милионите работам прекувремено, па 1 сабајле ме фаќа, а оно е колку да тераш нормален живот.
Полошо е што не можам да заспијам дури не изгледам некоја епизода Саут Парк, Фемили Гај или нешто слично... тоа ми е оној час време за себе што себично не го давам. :)
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Случајот со ослободувањето на жртвата на долгогодишно физичко, емоционално, психолошко и сексуално измачување од Велес ме наведе да помислам колку системот и самите граѓани поединци се на страна на предаторите.
Па 23 годишна особа мора бре да има родители, роџаци, пријатели, другари...па наставници, професори кои и предавале....било кој, некој, некаков траг во средината, па не е дух........за да мора на крај да се спасува со помош на убивање на злотворот?
Колку луѓе за тие 8 години колку била под власт на манијакот реагирале? Осум јебани години еј?
Колку од нив се правеле слепи и глуви пошто бил цајкан?
Колку од нив замижувале поради икс причини, во кои не би да навлегувам а треба.

Ботом лајн кај сексуалното предаторство е, молете се ако сте верници па и ако не сте, да не ви се случи такво нешто.
Затоа што подоцна никој нема да сака да слушне за тоа, ни родители, ни роџаци ни пријатели ни другари, ќе бидете оставени сами на себе со теретот кој го носите. Не знам зошто е тоа така, пример физичко насилство има поинава перцепција кај луѓето.
Ама ако има сексуален елемент во ситуацијата, ќе бидете оставени сами на себе, секогаш и секаде. Дали еден од 500 случаи добива некаков позитивен, ако може така да се каже, епилог. Сите ќе молчат, сите ќе имаат изговор, сите ќе свртат глава.
Не правте огромна грешка да кажувате или споменете некаде, затоа што нема да добиете никаков фидбек, ќе останете како глинени голуби во лет. Со тоа ќе ви биде само потешко на душата.

Најдете место длабоко во умот, најдлабоко што може и ставете ги мачните мемории таму.
Или направете нешто екстремно, ако немате што да загубите.
Како жената од Велес.
Да имало било каква мрежа за нејзино безбедно справување со проблемот немало да дојде во таква позиција да потегене нож.
Ако имате доволно пари, може ќе се најде и стручна помош па платената професионална страна нема да може да сврти глава, ќе мора да слушне, да сфати, да се обиде нешто да помогне.
Ако немате.....ќе осетите со тек на време некои ужасни работи. И ужасот ќе остане засекогаш.

Kreso hakija presudila mu cakija ne razumjes ti to druze sudija.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Случајот со ослободувањето на жртвата на долгогодишно физичко, емоционално, психолошко и сексуално измачување од Велес ме наведе да помислам колку системот и самите граѓани поединци се на страна на предаторите.
Па 23 годишна особа мора бре да има родители, роџаци, пријатели, другари...па наставници, професори кои и предавале....било кој, некој, некаков траг во средината, па не е дух........за да мора на крај да се спасува со помош на убивање на злотворот?
Колку луѓе за тие 8 години колку била под власт на манијакот реагирале? Осум јебани години еј?
Колку од нив се правеле слепи и глуви пошто бил цајкан?
Колку од нив замижувале поради икс причини, во кои не би да навлегувам а треба.
Чек, не сум го фатила значи убаво тој дел.
Таа имала 22 кога беше убиството, он 40... значи 18 години разлика. Ако била со него 8 години, значи таа имала 14 кога влегле во врска, а тој 32? Молам!?
Никој не изреагирал на оваа педофилија? Бебеисусеиситесветци... груминг и педофилија на максимум.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Чек, не сум го фатила значи убаво тој дел.
Таа имала 22 кога беше убиството, он 40... значи 18 години разлика. Ако била со него 8 години, значи таа имала 14 кога влегле во врска, а тој 32? Молам!?
Никој не изреагирал на оваа педофилија? Бебеисусеиситесветци... груминг и педофилија на максимум.

23-40 за време на настанот, а 15-32 кога започнала причата, значи цели осум години на граница на педо, не може да се знае дали воопшто немало реакции од раја ама со оглед на возраста и очигледниот груминг, немало доволно.
Интересно е кога слушам луѓе дека не се мешале во избори на свои деца пошто 15 годишни имаат доволно памет да изберат такво нешто. Или со тоа само си кажуваат колку се либерални и добри, во реалност незаинтересирани.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
23-40 за време на настанот, а 15-32 кога започнала причата, значи цели осум години на граница на педо, не може да се знае дали воопшто немало реакции од раја ама со оглед на возраста и очигледниот груминг, немало доволно.
Интересно е кога слушам луѓе дека не се мешале во избори на свои деца пошто 15 годишни имаат доволно памет да изберат такво нешто. Или со тоа само си кажуваат колку се либерални и добри, во реалност незаинтересирани.
Да, да, знаеме на 15 како ни летал мозокот. Ќе се појави некој што татко може да ѝ биде и ќе ѝ рече hehe ti si mn zrela za tvoi godini и godinite se samo brojka и толку им треба на таа возраст - валидација + деди ишјуз и ете ти плодна почва за педофили.
Стварно не ми е јасно и како ги гледаат ко сексуален објект бре. До 3 години ај, ама 4 години да е помал од мене, го гледам ко детиште. Не знам... одвратно.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Да, да, знаеме на 15 како ни летал мозокот. Ќе се појави некој што татко може да ѝ биде и ќе ѝ рече hehe ti si mn zrela za tvoi godini и godinite se samo brojka и толку им треба на таа возраст - валидација + деди ишјуз и ете ти плодна почва за педофили.
Стварно не ми е јасно и како ги гледаат ко сексуален објект бре. До 3 години ај, ама 4 години да е помал од мене, го гледам ко детиште. Не знам... одвратно.

Тоа се родителски фејлови кога возрасен лик стапува во сексуални односи со нечија ќерка на нејзини 15-16 години, како тоа им промакнува не знам. Тука се и браќа сестри родбина пријатели другари па лица кои демек се делегирани од општеството да ги воспитуваат младите, никој ништо да не направи за осум години е само потврда на она што сметав.
За среќа во случајов кругот на страдање бил прекинат со помош на ладно оружје но зарем треба луѓе да се натерани на таков чекор, да не гледаат друг излез, никој да не подаде рака, системот до таа мера да фејлне, да дојде до еден таков чин?

За жал, тоа е реалноста. Кој има страдано од предатори знае кој е единствениот пат, патот на физичка освета или физичка елиминација на проблемот. Со што жртвата се доведува до ризик да оди на робија.

Пошто и сам знам како е да се биде жртва, само се надевам да ме додржи памет некако па да не направам нешто после кое нема враќање назад.
 
  • Sad
Реакции: Electra

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Толку сум среќна што завршив со работа во 7 за да гледам серии, филмови и емисии вечерва, што изгледав едвај две епизоди, незнаејќи што да пуштам побрзо од возбуда. (:|:zelen
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Да бе, да. Ќе решам да излезам еднаш во годината и ќе се истури од врнење и грмотевици.
Ааа, нечеш, одам, па макар и се распаднала.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Makedonka

Ruze03

Истакнат Член
16 декември 2021
31
12
108
Дали можрби некој знае каде се продава чај од ајдучка трева