Сакам да кажам/Сакам да прашам

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Пермутацијата не зборовите создава поезија без принципи и време, понекогаш е лесно да живееме во потсвеста која крие бескрај од нас, сите ние како човечки суштества имаме свои ограничувања кои ги препознаваме и ги собираме во свеста без причина, одалечувајќи се од себе, се дур не го откриеме патот кон дармата и тоа што навистина сме.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo

Selene

Модератор
6 јуни 2012
720
1,865
1,103
Од сите shitty работи кои ми се случија во 2016, сепак позитивно ќе ја испратам. Пола од нив се неизбежни а толку болни. Болест на родител (среќа добро се заврши), разочарување во партнер (прашалник како се заврши), стрес до плафон (допрва ќе реперкуира врз мене), умор (исто како претходното) и уште катаљарда гомно ситуации од кои не знам и јас како завршија. Ама иако превладуваа лошите работи, сепак неколку добри работи се случија. Научив многу повеќе да ги отворам очите и да станам less judgemental, научив да не зборувам напамет кога не сум во чевлите на човекот за кој што зборувам. Сечии очи кријаат некаква мака и не е мое да зборувам кога не ја знам 100% ситуацијата. Напредок во смисла на personal growth, никогаш не сум била човек којшто се замара со рекла казала муабети, сега веќе имуна сум станата. Не ме дразнат луѓе кои се љубоморни и на она малку што го имам. Не трошам веќе време и енергија на небитни работи, фокус врз конечно завршување на едно поглавје од мојов живот и почеток на друго.
За 2017 имам една желба, следната година на датумов ќе видам колку сум си ја исполнила, а тоа е да научам поздраво да се справувам со тагата. Јас сум човек кој силно стиска заби, не покажува тага, си ставам на срце се и после на здравјето ми се одразува. Пази да не ги повредиш родителите со тоа што си тажен, пази да не направиш полошо ако покажеш дека не си океј со одредени ситуации, си накачив здравствен проблем. Морам да научам дека и плачењето е здраво, излегувањето на прошетки и долги разговори за нештата кои ми сметаат исто е здраво. Дека не морам се сама да си преболувам и да си го оптоварувам срцето. Тоа е тоа, не сум човек кој мисли дека ќе го преврти цел живот во една година, дека ќе пропатува не знам колку, дека ќе се изнаживее којзнае колку или дека ќе смени се што сакал да смени во 1 година. Baby steps.
А, да и едно кутре би сакала да си земам некаде од Јуни месец, ми се смачи да бидам сама. Онака, да го шеткам секој ден и го сакам. И тоа ќе пишам како ќе испадне :)
 

Ѕвездичка

Староседелец
21 март 2016
1,102
971
1,133
Одамна престанав да се дружам со луѓе кои како пијавици се закачуваат само за да ти ја извлечат позитивната енергија.
Ослободете се од токсичните луѓе, голема услуга ќе си направите.
Ми недостига периодот кога како дете се радував на престојните празници. Јануари е мој месец, но тогаш во моето срце беше присутна посебна магија, која со текот на годините прерасна во стрес и желба за полагање на сите испити.
Најубаво ми е кога милото мое потполно ме поддржува и повторно ја буди таа магија. :)
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Ring Around the Rosie
A pocket full of posies,
Ashes! Ashes!
We all fall down

Ring Around the Rosie
A bottle full of posies,
The rats! The plague!
We all fall down...
 

Falanga

Истакнат Член
10 април 2016
350
293
173
43
Одамна престанав да се дружам со луѓе кои како пијавици се закачуваат само за да ти ја извлечат позитивната енергија.
Ослободете се од токсичните луѓе, голема услуга ќе си направите.
Ми недостига периодот кога како дете се радував на престојните празници. Јануари е мој месец, но тогаш во моето срце беше присутна посебна магија, која со текот на годините прерасна во стрес и желба за полагање на сите испити.
Најубаво ми е кога милото мое потполно ме поддржува и повторно ја буди таа магија. :)
I suppose he is a level 8 mage or a level 12 elf :D

Sent from my Redmi 3 Pro using Tapatalk
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
  • Ми се допаѓа
Реакции: Mnogo Bitno

Ѕвездичка

Староседелец
21 март 2016
1,102
971
1,133
Сакам да заврне снег. Одамна немало добра снежна зима. Последна добра со мразови и чуда имаше кога бев втора или трета година средно.
Еуфорија ме фати за скијање и пиење чај на планина.
Ајдр ако не за брзо, барем за роденденот мој. :kafe