Море луѓенца, си ве читам вака од страна, и последно време многу се замарате со онлајн докажување за тоа колку не се замарате со онлајн докажување.
Пуста иронија вришти ко салце на дебела персона стегнато во три броја помали фармерки. Онака, едвај се дише на форумов, ама битно е фенси ситуација, и кој собере повеќе лајкови, потајно ликува во себе дека го победил другиот. Нормално, тоа под никакви околности не се признава, та ова е само забава и тепање време...дури некој не се најде навреден. Оти забавно е!
*Тука следи болдирана опомена дека ни самата не сум исклучок од горепишаното, оти тоа мора да се спомне за да би се поштедил човек од понатамошни објаснувања.* Шта чеш, таков е системот.
Во реалноста, имаме нови кокичиња - политичариве. Абе да ти е мерак кога ќе процутат на ТВ ко пролетни весници.
И го гледаш весникот-лидер како никнува на сцена и почнува со однапред напишано „Дувна ветре развигорче“, а хоров у позадина му плеска уз ритам, со бледа фаца и слоган "I have no idea what I'm doing" на чело.
Кога веќе сме тука...бегајте, што подалеку бегајте од индивидуи што си ја ставиле партијата ко религиска определба на социјалниве мрежи! Тоа е врвот, а тие покемони веќе еволуирале од кокичиња, преку сончогледи, за да дојдат до крајната преобразба - црепови.
Проклетија, од триста мисли, сон не ме фаќа. Чинам само основните биолошки потреби ми се активни, ко кај животинче.
А сакам и јас малку да се осетам ко кокиче, да расцветам и блеснам во некој сјај, макар и лажен.
Петак дан за метак....во слепоочница!