Заедно со Умберто Еко во ист ден....Ех, почина и баба Харпер Ли. "Да се убие птицата подбивница" е една од најдобрите работи на светов.
R.I.P. за двјацата извонредни книжевници.
Многу, многу лош почеток на годината.
Заедно со Умберто Еко во ист ден....Ех, почина и баба Харпер Ли. "Да се убие птицата подбивница" е една од најдобрите работи на светов.
Токвил сметал дека демократијата е поправедна од аристократското владеење и предвидувал дека тоа ќе биде политичкиот систем на иднината, но исто така предупредувал на опасностите што таа ги носи. Според него, во демократското општество страста на луѓето да бидат еднакви е посилна од желбата да бидат слободни. Поттикнати од идеалот за еднаквоста, граѓаните во демократијата посакуваат привилегии и имот за кои сметаат дека им припаѓа. Бараат патиштата кон општествениот, економскиот и политичкиот напредок да бидат подеднакво достапни за сите. Не прифаќаат повеќе нееднаквост во богатството и статусите како дел од природниот поредок. Меѓутоа, бидејќи луѓето по природа не се со еднакви способности, многумина се свртуваат кон државата за да ги обезбеди со предности кои самите не можат да ги стекнат. Тие би се согласиле и да ја жртвуваат политичката слобода за да си обезбедат материјална благосостојба. Токму поради тоа, демократиите се соочуваат со една се` поголема опасност кога луѓето, сакајќи да достигнат еднаквос ќе ја продадат својата слобода на централната власт која ќе им ветува дека ќе им обезбеди имот и други предности. Бидејќи народот и` дава се` поголема сила, државата ќе управува со животите на своите граѓани и ќе ги уништи локалните институции кои ја спречуваат централизираната контрола и наметнување на убедувањето на мнозинството врз малцинството.
Токвил ќе наведе дека слободата не се губи заради деспотизмот на кралевите туку поради тиранијата над мнозинството. За да се спречи можноста демократијата да се претвори во државен деспотизам, Токвил го подржувал зацврстувањето на институциите на локалната власт, со формирање на бројни приватни асоцијации над кои државата нема контрола; штитејќи ја независноста на судството, и сочувувањето на слободата на печатот - кои заедно би требало да го унапредат активното и одговорно граѓанство