Сакам да кажам/Сакам да прашам

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Дискретно ама повесело(y)можете и поубаво да украсите ама вероватно немате време.
Сакам да им го честитам Божиќ на сите луѓе кои слават по грегоријанскиот календар!(flower)
images.jpg
 

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Еиии интересно напраено, секоја чест на администрацијата. (Y) ^_^
Ај тури си сега и ти некое убаво фациче под капата..вака си ко струја да те манала:franticуплав ке добие човек..бррррррррррр
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
фун фацт, овој Дедо Мраз кој се појавува кај нас е советска измислица од времето на Сталин :rofl пандан на `капиталистичкиот` санта клаус а се базира на пагански славјански ентитет кој делел поклони на сиромаси (не само на деца). Како мешавина помеѓу атеистичко-советска пропаганда и пагански мит мислам дека нема подобар лик за посета на малите православни рисјанчиња:rofl:D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Svetiot Duh

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Минатата година ова време си мислев дека станав дел од нешто што можеби со посвета и труд со тек на време ќе ми донесе нешто повеќе, нешто подобро. Но, поминаа 12 месеци и сеуште се наоѓам на истото место, со заработени вкупно 60.000 денари. Мнозинството ги заработува тие пари за 3 до 4 месеци, максимум пола година. Некои пак за еден или 2 месеци. Бедни 1000 евра за една година. Ниту една врата отворена, ниту пак нешто корисно научено и добиено. Само зголемена желба за заминување од ова минијатурно мизерно местенце на планетава.
Од друга страна пак, ми се случи една од најубавите работи во животот. Конечно уживав во мал дел од уметничките дела кои третина од мојот живот посакував да ги видам. Духовно и културолошки се просветлив.
Со многу дружења, прошетки, вечерни излегувања, сакање и љубење; со исчитани нешто повеќе од дузина книги; со изгледани еден мал куп филмови; се трудев да си откријам што е можно повеќе која сум и што сакам од себе си, од луѓето и општо, од животот. Делумно успеав.
Се надевам дека во новата година сите кои ми значат и ги сакам ќе останат со добро здравје и со што е можно помалку проблеми и болки во секојдневието. Се надевам дека она во кое што ќе вложам пари, време и труд уште на самиот почеток на 2016-тата година, ќе се исплати и ќе имам шанси да направам нешто интересно поврзано со истото. Се надевам дека ќе добијам можност за барем едно (долго посакувано) патување надвор од Балканов. Се надевам на многу работи и се што би можело да биде во моите раце, ќе се потрудам да го искористам максимум.
 

●Untouchable°

Староседелец
24 август 2015
1,183
1,132
1,133
Кафе, цигара, музика, мир ..
Одамна не сум се чувствувала толку мирно, спокојно, убаво.. (wasntme)
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Сакам да споделам еден дел од моето детство и развиток. :zelen

Прееска барам рецепти по апла стари листови/тетратки/готвачи и налетувам на ова злато.
Средина на 90ти, дете од предзабавишна возраст оставено на бабата на чување и описменување.
IMG_20151226_125057.jpg
Па и жими страницава. Изазов једне девице је Тито. :D
Имале недељни љубавни романчичи со вакви наслови... после ние изопачена генерација.

И овој Чернобил момак со ребрата надвор. Дали сум сакала само скелет да нацртам (зошто?) или влечам трауми од претходен живот што сум била експеримент на бивша Југа, веројатно ќе остане непознато... :eek
IMG_20151226_123426.jpg
Остало на менију: колачи - Маршали, торта - Титовка. Несвест. Одамна ја немав видено мајка ми да легне од смеење. :D
Среќа читави сме испаднале и двете. :D