И после 10-15 години не ми се јасни тие рекламите за плаќање данок. Значи данок се плаќа за да не им прокиснува кровот на децата у основно, данок се плаќа за некој курајбер кој се приспособил да цица од народот да не го фаќа инфаркт, данок се плаќа за некој Цане да си го прчи низ Америка како Амбасадор (?!), данок се плаќа за да фрламе пари срби и кинези да ни градат пат од 30 км веќе 3 години. И сеа откако научивме зошто се плаќа данок училиштата се дават во долгови, крововите им киснат и парно имаат колку да не кажат дома „Мамо немаше парно.“, општина должи на ЈП Комуналец (е ајде најди логика да те видам), тој гнојот пак не го фаќа инфаркт оти не плаќа данок и така. Ај што данок се плаќа - се плаќа ама кој бре нормален врти реклами од пред 15 години и која е целта на тие реклами? Народот да го натераат да плаќа данок? Демек народот не плаќа данок па затоа не ја бива државата.
Ах да, прегеска наслушнав нешто 3000 евра казна за родителите чие дете нема да посетува задолжителна настава 25 часа? Кој бре нормален ги мисли закониве? Мајке ми ја првпат слушнав денес за вакво нешто и се прашувам до каде е границата на трпението на народот? Дали стварно народов е толку рамнодушен кон се` што му се дешава и што му наметнуваат? Стварно сакам да знам што размислува обичен жител на библиската беломорска земја, дали е нешто у стил „Господ е голем, тој се` гледа. Ќе ја врати тој правдината ние нема што да правиме. Како ни било пишано така.“ или пак е нешто „Па штом така рекле од горе (?!) така ќе биде, што да правиме. Како за мене така и за сите.“ Еве не знам, се предавам.
na protesti odat samo klosari so mrsni kosi i ispokinati partali