СДК Многу ми е интересно како во многу серии дечко и девојка ќе раскинат (а девојката е во главна улога) и оваа си се фаќа со друг, а овој сеуште ја сака ама ќе биде за неа тука како пријател. Дури и да си фати друга (најчесто некоја погрда другарка на хероината) тој сеуште сонува за неа. Не можам никако да сфатам значи. До вчера си делел плунка со неа, а сега океј, ќе бидеме пријатели, можам да те гледам со друг. Само ти биди среќна
Тешко ми е да поверувам дека постои нешто вакво во реалноста. Самата помисла на тоа ми е гадна
Еј, јас те сакам, ама океј сум со тоа да се дупиш со некој друг
Глупости бе! Аман, немаат што друго да смислат па само глупости од нив. Да сум актер, не би се ни нафатил да играм таква улога. Еј го знаеш оној мочкото, што ја сакаше таа и таа и си го даде животот за неа бидејќи многу ја сакаше? Ах, какво пријателство, каква добродушност (и нормално, сите се среќни што девојкава преживеала и продолжува да си живее живот со новиот дечко и веќе во нареднава сезона никој не се ни сеќава кој бил мочкото кој требаше да биде херој де.)