Дали и колку одите на кејот на Вардар (патеката), и што возите или трчате?
Јас скоро секој ден сум возам, но ми пречи што има места на патеката кај што е искршено и што е многу тесна. А има многу мртов простор за искористување. Исто така премногу мушички има оваа година, лани изгледа прскаа па немаше толку но сега има доста.
Кои се вашите маани и предности?
Новата ролерско-велосипедска патека на левата страна од кејот на Вардар, што во изминатиов период се градеше на потегот од булеварот “Гоце Делчев“ до булеварот “8.Септември“ денеска беше пуштена во употреба.
Патеката е долга три километри, а широка 4,4 метри. По должината на патеката е поставено и ново улично осветлување, со 98 метални столба високи по шест метри. Градоначалникот Коце Трајановски рече дека за реализација на овој проект Градот Скопје издвоил околу 16,5 милиони денари, а за осветлувањето се потрошени 5,3 милиони денари.
“Градот Скопје целосно ја заврши ролерско-велосипедската патека на кејот на реката Вардар од десната страна и таа наиде на многу позитивен одѕив кај граѓаните коишто ја користат за рекреација. Како што ветивме, минатата година Градот Скопје ја изгради ролерската патека на кејот на Вардар и од левата страна, од Камени мост до мостот ’Близнак’“, нагласи градоначалникот Трајановски.
На пуштањето во употреба на патеката присуствуваше и премиерот Никола Груевски.