Рекреација на кејот на Вардар

Дали често одите на кејот (патеката) на Вардар?

  • Да, возам ролери

    Гласови: 0 0.0%
  • Да, возам велосипед

    Гласови: 7 38.9%
  • Да, трчам

    Гласови: 5 27.8%
  • Не, ретко одам

    Гласови: 2 11.1%
  • Да, но одам по кафулињата

    Гласови: 1 5.6%
  • Да, одам да се сончам на лежалки

    Гласови: 0 0.0%
  • Не, никогаш не сум бил

    Гласови: 3 16.7%

  • Вкупно гласале
    18

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Дали и колку одите на кејот на Вардар (патеката), и што возите или трчате?

Јас скоро секој ден сум возам, но ми пречи што има места на патеката кај што е искршено и што е многу тесна. А има многу мртов простор за искористување. Исто така премногу мушички има оваа година, лани изгледа прскаа па немаше толку но сега има доста.

Кои се вашите маани и предности?

sk1[3].jpg2010082420540254.jpg

Новата ролерско-велосипедска патека на левата страна од кејот на Вардар, што во изминатиов период се градеше на потегот од булеварот “Гоце Делчев“ до булеварот “8.Септември“ денеска беше пуштена во употреба.


Патеката е долга три километри, а широка 4,4 метри. По должината на патеката е поставено и ново улично осветлување, со 98 метални столба високи по шест метри. Градоначалникот Коце Трајановски рече дека за реализација на овој проект Градот Скопје издвоил околу 16,5 милиони денари, а за осветлувањето се потрошени 5,3 милиони денари.

vardar-rolerki-airlija-01.jpg



“Градот Скопје целосно ја заврши ролерско-велосипедската патека на кејот на реката Вардар од десната страна и таа наиде на многу позитивен одѕив кај граѓаните коишто ја користат за рекреација. Како што ветивме, минатата година Градот Скопје ја изгради ролерската патека на кејот на Вардар и од левата страна, од Камени мост до мостот ’Близнак’“, нагласи градоначалникот Трајановски.

На пуштањето во употреба на патеката присуствуваше и премиерот Никола Груевски.

vardar-rolerki-airlija-02.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Gemini and Scars31

Elena

Истакнат Член
14 февруари 2012
155
169
343
Home.
Ми се свиѓат то шо е убо распоредено..:)
ии би сакала да одам..на кејот..би возела ролери ..ама што да се прајт ко не те пуштаат да излегвиш..
дома че сејш :A
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Marchisio

Coelho

Староседелец
2 април 2012
287
493
663
Скопје
Да, го сакам кејот на Вардар и или возам ролери или трчам. Особено во вечерните часови, но за да избегнам гужва (и голтање на инсекти) најчесто одам сабајле, рано.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Scars31

Marchisio

Староседелец
4 јуни 2012
551
902
1,093
порано возев ролери, сега повќе практикувам велосипед
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Bum-Bum

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,389
1,133
Yellow submarine
Возам велосипед, прилично често.
Од Ново Лисиче до Влае и назад.

Ми смета тоа што нашиов народ тупаџиски не може да сфати дека велосипедска патека е за точаци, а не за корзирање на деца со колички, не е за трчање, не е за пензионерско пешачење. ЗНАЧИ НЕ Е!!!

Инаку патеката си е таман. Ај лајк ит ;)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Bum-Bum