Имам гледано емисии за вакви работи, демек луѓето се сеќаваат на претходниот живот а башка да не зборувам за тие „индиго“ деца. Интересно е за гледање, ама за верување? Некој јак доказ? Не..Освен тоа зборување. Јас од една страна верувам во тоа, ама од друга незнам едноставно..нема докази за тоа,затоа што тоа не е баш наука, се работи и за религија и верувања бидејки од една страна Христијанството не го одобрува па според тоа може да кажеме дека оние што се јаки верници, веруваат дека имаме само еден живот, додека оние што се будисти се цврсто убедени дека се реинканираат луѓето и прават некои обиди да се сетат од претходен живот. Нема врска толку религијата ама овој поим неможе да се стави ни таму ни таму затоа што нема јаки докази за него, а од друга страна секој поединец барем за ваква работа има свое мислење.