Раскази

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Неочекувана средба

Го погледна телефонот и набрзина ја прочита пораката
на која пишуваше:

Тука сум.
Хотел Ароса, соба 103.
....те чекам..

Срцето почна забрзано да и чука,
и мислите почнаа да кружат во главата како рингишпил.

-Ова не е вистина..не е можно тој да е овде...
-Зошто не ми кажа порано дека ќе дојде?
-Немаше да му дозволам да дојде..
-Ќе го спречев...
-Ќе го убедев дека тоа е погрешно...

Набрзина ги облече фармерките и
патиките, ја навлече широката жолта кошула на себе,
го зави долгиот шал околу вратот,
го облече црниот капут,
ја зема ташната и им посака на колешките убава вечер.

Со забрзано темпо чекореше по улиците на градот .

Вечерта беше ладна,но убава.
Ситниот дожд помешан со светлата во ноќта му даваа некоја романтична и релаксирачка нота на градот.
Широката и длабока капуљача на црниот капут, која ја имаше ставено на главата како заштита од дождот, го сокриваше нејзиното лице, на кое постоеше некоја мешавина од чувства и мисли.
-Како е можно да е тука?
-Неверојатно..
-Не, не верувам во сето ова..можеби само ме зеза...
-Рече, дека е тука...
....тој е тука...ТОЈ Е ТУКА...


Продолжува..
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: МериСелест

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Беше среќна и вознемирена истовремено.
Среќна што конечно ќе и се исполни желбата да го види.
Човекот кој и постана опсесија.
Дел од неа.
Главниот актер во нејзините соништа.
Тој кој секогаш имаше убав збор за неа, кој секојдневно се бореше да не ја изгуби.
Кој беше спремен на се за неа.
Вознемирена, затоа што знаеше дека сето ова и е забрането.
Дека тој и е забранет.
Тој беше нејзина тајна.Единствената која ја имаше.
Недозволена.
Не сакаше да го повреди човекот со кого помина толку долго време од својот живот.
Човекот кој за време на сето ова случување за чекаше да си дојде дома и да ја приготви вечерата.

Повторно го зема телефонот и го заврте добро познатиот веќе напамет научен број.
-Драги, јас...
-Ќе закаснам вечерва..
-Ќе одиме со колешките на пијачка, заборавив да ти кажам дека Ана имаше роденден па не покани на пијачка.
-Знаеш колку сум расеана и хаотична понекогаш..
-Ќе понесам пица за вечера...
-Се гледаме покасно...

Си беше смешна и непозната самата на себе.
Само што го излажа човекот за кој мислеше дека и е се во животот.
Но, не и беше важно.
Не сега.

Пред неа се појави огромната зграда на хотелот со милион светла во розева боја.
Таа не го примети тоа.
Не ги приметуваше ни минувачите кои поминуваа крај неа.
Застана и погледна нагоре накај прозорите од хотелот прашувајќи се:
-Која ли е соба број 103?
-Можеби ме гледа од горе.

Со сигурни и брзи чекори влезе во фоајето на хотелот.
Љубезно се представи,
и праша каде може да ја најде собата со број 103..
и дека е очекувана.
-На петиот спрат десно, до крајот на ходникот мадам.
Одговори рецепционистот покажувајќи со прстот кон лифтот.
Се заблагодари поклонувајќи му широка насмевка и го повика лифтот.
Влезе во него, го притисна копчето со број 5 и погледот и застана на ликот кој се оцетуваше во огледалото.
Во крупните кафеави очи се криеше некој непознат сјај.
Кошнеж,тага, радост, љубов...
Во тие очи виде живот.
Ги тргна прамените од лицето обидувајќи се да ја среди косата,
а воедно и мислите.
-Што ќе му кажам?
-Тој е тука.. сеуште неможам да верувам..
-Луда работа.

Вратата на лифтот се отвори.
Излезе и застана.
Одеднаш се изгуби сета сигурност која ја имаше.
Чувство на немоќ ја обзема во моментот.
Чувство на страв.
Страв од непознатото што ја очекува.
Некој хаос на емоции.
Познати и непознати.
Наслушнуваше внимателно.
-Можеби ќе го слушнам..
Полека и тивко тргна кон крајот на ходникот.
Единственото што се слушаше во тишината беше чукањето на нејзиното срце.
Како да сакаше да излета од градите.
Застана пред вратата на собата 103.
Не беше способна за било каков подвиг во моментот.
Беше како скаменета.Закована.
-Можеби е подобро да се вратам..
Помисли и тргна накај лифтот.----Толку сум збунета што незнам како се викам...
Во позадина како ехо го слушна своето име.
-Софија...
Направи фаца, ги ококори очите и ги притисна усните една на друга.
Не излегуваше никаков глас од неа.
-Не не се вртам...
-Ова е сон... не е реално.. разбуди се Софија..
Полека махинално и како управувана од даљинско се заврте.
Пред себе ги гледаше тие големи очи со долги трепки.
Позната насмевка..

Збунето проба да се насмее.
Да изговори барем еден збор.
Неможеше.
Времето застана.
Постоеше само неговиот поглед..
И нејзиниот.Два света споени во еден поглед.Во еден момент.
И се причини дека ќе падне.
Ќе се онесвести.
-Само јас и тој...
Колку ли стојам овде?
Солзи почнаа да и навираат на очите.
-Немој Софија...
-Немој сега... диши длабоко...диши...
мислеше во себе.

Тивко успеа да го изговори неговото име.
-Марко?
Тој се насмеа.
-Од каде ти овде?
-Не те очекував..Ме изненади...
-Не требаше... ти реков ќе...
Тој го стави прстот на нејзините усни и тивко и шепна...
-Шшшшштттт... не говори ништо...
И ја прегрна.
Го чувствуваше неговото срце како чука.И своето.
Двете возбудени како да чукаа едно за друго.
Го чувствуваше неговиот здив.
Мирисот на косата.
И повторно налив на солзи во нејзините очи..
-Немој, немој сега Софија..
-Диши..длабоко...дииииишииии....
И се вртеше во главата.
Несакаше да диши.Сакаше да плаче.
Ги пушти солзите да течат.
Солзи во кои беше скриен сиот оној копнеж на измината година.
Сето посакување... сета болка..
Солзи на среќа..
-Тој е тука, реален е.Постои.
-Ова е неговата прегратка.
-Тоа е срцето кое чука и тоа е реално.
Ги зави рацете околу неговиот врат и тивко липајќи му рече:
-Те гушкам...
Тој и го фати лицето од страните,
нежно и ги избриша солзите и го повлече кон себе.
Ги допре усните на нејзините.
Ја бакна.
Тоа беше бакнеж со милиони нијанси на сопствените емоции.
Толку посакуван и во милион верзии обработен во соништата.
Ги почуствува неговите усни.
Имаа вкус на слатко.. слатко од дуњи..
Го сакаше.
И тој неа.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Luckky

Praetorian

Староседелец
24 февруари 2012
326
396
1,063
1

Недалеку од плоштадот, на првата споредна уличка се гледаа крошните на расцветаните јапонски цреши. Навистина не знам од кога беа засадени таму, но секако и даваа убавина како од детски цртан филм, на долгата поплочена улица.Беше веќе средина на април а кај луѓето почна да се чувствува пролетното будење и отстранување на зимските магливи утра од нивниот памет. Чуварите од приватните фирми за обезбедување учтиво ги поздравуваа вработените кои влегуваа на работа во околните банки а некои од туристите сместени во хотелот кој се испречуваше пред кружниот плоштад сонливо ги читаа весниците на сајтовите и учтиво, спокојно го подголтнуваа турското кафе во 8ч. изутрина.
Тие од погорните спратови, го гледаа плоштадот, неговата ширина и споменици кои се простираа како да го прегрнуваат центарот на градот. Подолу, по долгата ул. Македонија, која беше препознатлива по кафулињата, прошетките, чекањето на автобусите и љубовните романси, се гледаа неколку вљубеници во сликањето, кои сакаа да направат фотографии со кои во иднина можеби би стекнале некој дел од славата на Картер, Брауни или Карш. Секако, во генот на овдешниот народ беше музиката. Иако беше сеуште пладне, овде-онде, поминувајќи низ центарот се забележуваа стапала кои седеа на сламените столици и тапкаа во ритамот на песните од локалното радио. Насмеани лица на две девојки, средовечен човек со утринскиот весник и краткото епсресо, статуата на бикот и мала група странци која се сликаше до него. Ете вака почнува денот на овој град, кој во ротамот на младоста помешана со кафе, невработеност и кутија цигари, сепак опстојуваше со надеж за подобро утре и поефтино макијато во иднина. Овој град кој не беше воопшто мал, но сепак далеку од бројните милионски негови братучеди по светот, гордо го носеше предизвикот за посреќни денови. Луѓето во него веќе работеа, под сенките одмораа старци опремени со своите кутии ефтини цигари и тивко ја гледаа реката која полна од топењето на зимскиот снег го реметеше звукот на музиката од кафулињата.
Човек може до бесвест да ги опишува случките во центарот на главниот град. Од бројните околни згради, малите паркови кои постоеја помеѓу нив, плочниците на кои навечер децата играа криенка или се љубеа млади парови, преку административците на кои замислените глави им се гледаа преку прозорците од нивните канцеларии, па се до многу годишните камиони кои ги прскаа улиците со вода поминувајќи од Парламентот, Владата, мостот Гоце Делчевпа се до Калето. Веќе наближува пладне, а работниците одат на пауза, онаа редовна која по правило им следуваше но која капиталецот гледаше да ја намали макар и за 5 мин. со изговор дека така би се зголемила продуктивноста а работниците би добиле повисока плата. Не се случуваше ни едното ни другото.

2...
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Скопје,
прекриено со ноемвриска магла некаде во моментот кога се мешаат денот и ноќта.
Пред неа оди висок човек облечен во црн елегантен капут.
Од десната страна стојат осамени клупите,на кои во топлите летни денови навечер седат заљубените ,а наутро на лаф-моабет се собираат старците со нивните непресушни приказни од животот.
Фенерите со нивната пригушена светлина и даваат некоја магична нота на сета таа ноемвриска идила.
Таа ги забрзува чекорите сакајќи да го стигне непознатиот минувач,но тој секогаш е побрз од неа.
Го фаќа истиот ритам на одење како да и ја знае намерата.
Во глава и се вртат истите прашања.
Кој е тој?
Кој?
Сакам ликот да му го видам.
А тој продолжува да оди напред,спокоен и мистичен.
Во неа помешани чувства..
Неизвесност,љубопитност,страв..
Како магнет е привлечена од странецот кој има нешто така познато на себе,кој во себе чува приказна напишана за неа.
Сака да ја слушне,да ја дознае.
Нетрпеливо.
Сега!
Одма!
Повторно ги забрзува чекорите и конечно успева да му се приближи.Еден чекор ја дели од него.
Изгледа така горд и полн со себе.
Со секој чекор поблиску до него чувствува како срцето забрзано чука,ја облева некоја немоќ,
целото тело трепери небаре е дојден крајот на светот.
Студени морници како бранови го обземаат нејзиното тело во секундарен ритам.
Вдишува сигурност во себе за момент и сака да го допре за рамото..
Ја пружа мократа од пот дланка,а тој...тој исчезнува во толпата.
Се врти околу себе барајќи ја неговата силуета измеѓу луѓето,но него го нема.
Небаре маглата го проголтала во себе и со него и нејзината приказна.
Ќе го најдам.
Сигурна сум во тоа..помисли и се упати кон најблиското кафе да се стопли од студот.

Ноември 2013
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
kones - 5 Декември 2012

Од каде си?
(Рајо и Пајо)


-Брат ти од каде си?
-Хаха Пајо ти пак ме дупиш нешто а?
-хахаха ме фати брат бравос, ти си првиот што ме фати на таа финта
-Пссс седи не ме знаеш, хахах брат ке бидам реален, знаев дека нешто прашањето ти е заебанција ама да ме убиеш не знам да ти одговорам каде е трикот
-хахахаха авее, хаххаха бравос, барем си призна. Повеќето луге не сакаат да си ја признаат глупавоста, а не се свесни дека прикривајки си ја глупавоста изгледаат уште посмешни и глупави
-е добро де сега ке ми го кажеш трикот или?
-Па види сеа, кога на пример ти би ме прашал “од каде си” јас навистина не знам што да ти одговорам,зошто роден сум на едно место, детството или пола живот го имам истерано на друго место, средно сум учел на трето, факултет на четврто и сега работам и живеам на петто место, а моментално сум на маса со тебе и пијам кафе во кафич и навистина не знам што да ти одговорам
-Леле брат ти пак забега, хахах но во право си, тоа прашање е навистина тешко да се одговори имајки ја во предвид комплексноста на одговорот што значи и самото прашање не е добро поставено
-Фала за разбирањето брат
-Ајде нека ни е наздравје кафето




Пс.
Не знам зошто но многу ми се допаѓа расказов на kones,што завршил во рисајкл бин.
Не мора се напишано да има смисла или?
Иако најискрено успевам да најдам смисла во напишаното.
 

Марија

Poétesse
14 април 2012
1,146
2,491
1,123
Скопје
Понекогаш остава простор за некој нов зрак светлина да продре во нејзините одаи, но секогаш на еден ист зрак се навраќа.
Оној кој згасна многу одамна, оној кој во мрак и црнило ја остави, оној за кој молитва кажува доцна навечер - кога темнината си игра со празното место во креветот.
И пролетта плете нов венец, и пајакот нова мрежа откако ќе му ја уништат старата, само таа никако не може да закрепне, сосема да заздрави, па да стане да создаде нешто ново, повесело.
Понекогаш страв ми е да гледам во нејзините празни и студени очи, и посакувам да дојде утрото кое во неа ќе роди надеж за нов зачеток. Вака само лута од силуета на силуета, талка со погледот барајќи некој што одамна се изгуби од нејзиното видно поле.
Најчудно од се е што не се бори, остава сите нивни демони да ја напаѓаат, сите спомени да ја распарчуваат и постојано се дави во едни исти солзи - само секој ден повторно прокапани.
Понекогаш кога дува ветер мислам дека ќе ја одвее, па ја гушкам посилно за да остане до мене. Да е тука барем со нејзиното кревко тело кога веќе знам дека мислите секогаш и се таму некаде каде што нивните патишта се раскрстија.
А знам, знам - таа се би дала да може да летне онаму каде што некогаш припаѓала.
 

Jackal

Староседелец
13 февруари 2012
2,045
2,641
1,143
30
Битола
Вистината убива!
Беше навидум обичен млад човек. Го викаја Брчало зато што многу зборуваше работи кои не беше пожелно да се кажат ама тој ги кажуваше. Мразеше авторитет. Сакаше слобода и беше слободен. Добро, навидум слободен. Ниту сам не знаеше колку пати во својот живот ги прекршил законите и колку пати бил носен во станица. Колку пати бил тепан таму. Некогаш ке поминеше со неколку шамари а некогаш со неколку дена во кревет од пендраците. Секогаш кога ке лелекаше во станица знаеше дека нема да биди последен пат таму, знаеја и самите полицајци. Последниот пат кога заврши таму, командирот го поздрави со: пак ти? аман бе дете, смири се. Не можеше да се смири. Дури и да можеше, немаше да се смири. Посилно беше од него.

Што и да ми направат, јас ке сум слободен, шо му е**м матер. Не им се давам без борба - велеше кога некој добронамерник ке му речеше да намали со глупостите.

Неговиот блог беше многу познат и читан. Пишуваше речиси секојдневно. Пишуваше против властите во државата. Ги мразеше. Тие го мразеја него зато шо беше копиле шо зборуваше и не знаеше за доста. Не знаеше да прекини да ја зборува вистината. Беше паметен ама и глупав во исто време.

Имаше и многу други пороци. Пиеше, пушеше а понекогаш, не многу често, користеше дрога. Пушеше трева но некогаш и беше на некои срања на кои не им го знаеше името. Сношти беше на нешто такво. Го видов во еден кафич во една Скопска населба. Пиеше шприцер. Се смееше. Погледот често знаеше да му заглави во некој дел од просторијата или пак да му шета низ цела просотрија. Аме беше среќен. Можеше да му се види на лицето. Се смееше на глас. Пееше. Се шуткаше.
така живееше тој. Се смееше дури и кога го тепаја.

Сношти беше неговата ноќ. Неговата славна моќ. Малку пред да заврши журката отидов и се поздравив со него. Ме гушна и рече: братче дали си слободен? "дали си слободен?" беше неговото здраво и како си. Супер - одговорив- а ти? Гледам се смееш многу. Не те тепале одамна а?
Се изнасмеа уште толку. Ке ме тепаат кај и да е. осеќам.
Разговорот ни го прекина неговиот мобилен.
-Ме бара мојава брат, ке одам надвор да зборувам. Биди тука, ке продолжиме со муабетот.
Т-ука ке сум брат, уживај. Рано е да си одам дома.- му реков.

Останав да седам на шанкот и да го чекам. После 5 минути дојде ама не беше истиот човек. Не се смееше.
- Што е? - прашав.
- Ми се јави М. Ај со мене до парк. Плачи а не сака да ми кажи што е.
- Ајде одиме. Со кола сум, ке стигниме за брзо.
Оставив 100 денари на шанк и заминавме.
Патот не ни траеше долго зато шо беше доцна и немаше други возила па взев брзо. Неколку пати поминав на црвено.
Стигнавме до парк. Ја паркирав колата на паркингот за таксисти. излеговме набрзина од колата и тргнавме да ја бараме М. Проба да и ѕвони на мобилниот но неуспешно. Беше недостапна.
Можев да му прочитам на лицето дека се случува некое големо срање. Можев да видам дека е скршен.
Случајно во еден дел на паркот видовме двајца мажи како стојат покрај една клупа и една девојка што седеше на клупата. Темно беше и не можевме да препознаеме дали е М ама сепак отидовме.
-Копилиња. - прошепоти Брчалото.
-Што? - прашав затоа што не разбрав што сака да ми кажи.
-Полиција - ми рече. - Го јадов брат. До тука е.
Останав без воздух.
Кога стигнавме до клупата, видовме дека М плачи и со рацете го покрива лицето.
- Реши да се појавиш, а? - рече еден од луѓето што стоеја крај клупата.
- Таа нема ништо со мене, оставете ја. Мене тепајте ме. М, добра си?
М не одговори ништо. Сеуште главата и беше наведната и со рацете го криеше лицето. Не можеше да се воздржи да не плачи.
-М, добра си? погледни ме.
немаше одговор од неа.
-Кренија главата мори гуско. Нека те види. Нека види што се случува ако зборуваш многу. - рече вториот човек.
М ја крена главата и ги тргна рацете од лицето. Лицето и беше ужас. ја тепале. Целата беше помодрена.
Нешто пукна во Брчалото. Никогаш го немав видено таков а ниту можев да го замислам дека можи да биди во таква состојба.
Не пушти никаков глас, туку се приближи до еден од луѓето. Му застана на 10-15 цм од неговото лице. Тогаш го удри со главата во носот. Се слушна како му пукна коската од носот на човекот. Човекот падна а овој продолжи да го удира. Го удри 2 пати со нога во главата а потоа се нафрли на него. Другиот човек тогаш извади пиштол. Пукаше во Брчалото.
Брчалото легна до човекот кого го тепаше. Маицата што ја носеше започна да станува влажна од крвта.
М писна најсилно што можеше. Човекот што пукаше го прибра пиштолот и почна да трча накај другиот дел на паркот. М се фрли над телото на брчалото.
-М, знаеш дека сакав, така? - прошепоти Брчалото низ уста полна со крв.
М врескаше над неговото тело колку што ја држеше глас. Плачеше и викаше.

А јас стоев. Стоев на страна како споменик. Немав сила да направам ништо. Не знаев што да направам. Стоев и гледав како го снема брчалото затоа што брчеше многу. Таа вечер сфатив едно: Вистината убива ама тоа е убава, благородна смрт.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Стариот мачор, излитен, ќор и сакат реши да си подлегне малку под стреата на болницата.
Мирисите на урбаната џунгла на кои беше навикнат беа поинакви овој пат.
Нешто недефинирано како да висеше во атмосферата, нешто непрепознатливо за доменот на мачешкиот ум но сосема конкретно за неговиот инстинкт. Кој му кажуваше да бега, да трча некаде надвор од градот на паднатите ангели, исфрлени од неонскиот рај со декрет на власта.

Тоа и би го направил ако беше млад и силен, страв и трепет за локалните ривали, татко на десетици мачиња.
Но не беше и се` што можеше е да најде суво место и да си прилегне.
Подлижувајќи си ги шепите, наглув каков што беше не придаде особено значење на жестокиот звук, звук од приближувањето на ударниот бран на сто килотонската бомба која тукушто експлодира над градот.

И да знаеше за што се работи ќе беше доцна. Никогаш не ги сакаше луѓето кои му ја газеа опашката и го удираа со камења кога ровареше низ кантите за ѓубре. Како ѓубрето да имаше којзнае каква вредност за луѓето... И подобро што беше ограничен во мачешкиот опсег на перцепција, барем немаше да се ужаснува од човекот, врвот на еволуцијата, кој решил да фрли тактичка нуклеарна бомба врз членови на својот род.

На местото каде што стоеше стариот мачор остана само сенка. Сенка на мачор на ѕидот, феномен на радиоактивното зрачење кој го овековечи неговото присуство на Земјата. Штета што не остана никој за да го види тоа.

А мачорот си продолжи понатаму, како во прикаските на Прат - во мачешкиот рај каде што имало изобилство на врапчиња, риби, млеко и секако глувци, убаво сортирани и свежи, на радост на заминатата мачешка душа. Неговиот израз поприми задоволна гримаса која премина преку искривената усна. Препозна неколку мачки во далечината кои не ги беше видел одамна.

Тоа не требаше да го зачуди. Бидејќи сите мачки одат во рајот.
 

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Ноќ кај паркиралиштето

Со брзи чекори одеше кон паркингот.
Беше црна темница, некаде 4 после полноќ, а на сите страни беше залепена предупредувачка порака:
- Од психијатарската болница избегаа 5 осудени најопасни силувачи и свирепи убијци.
За така убава жена со прекрасни крупни небесно сини очи и долга бујна руса коса, ова беше и повеќе од непотребно. Ладна пот и се слеа низ лицето. Стравот ја натера уште повеќе да си ги забрза чекорите. Се симна по скалите кои ја донесоа до паркингот, а темнината ја спречи да ја најде вистинската кола.
На смрт исплашена се сврти кон правецот од каде што дојде звукот.
- Ох тоа е само една обична мачка.
Се сврти да го продолжи патот и БУУМ пред нејзе се појави непознато суштество. И требаше време да сфати дека сепак е човек, иако ни малку на тоа не личеше. Имаше долг и искривен нос, густа брада од која ѕиркаа остатоци од храна, масна коса и стара и искината облека.
- Не е добро за Вас да сте тука, знаете какви се времињата. Посебно денес, се надевам дека сте ги слушнале последните вести.
И рече со чуден поглед, а последното посебно го нагласи, заедно со некоја застрашувачко језива насмевка која ги откри неговите поцрнети заби.
- Ви советувам да се засолнете, бар додека не се раздени.
Со едната рака ја фати за половината, а другата ја посочи кон многуте коли одкаде што ѕиркаше една мала кабина.
- Тое е кабината за наплатување паркинг. Таму ќе бидете сигурна.
Почна да го осеќа притисокот на неговата рака на нејзината половина. Не сакаше да се противи иако беше исплашена на смрт. Полека тргна додека непознатиот ја следеше.
- Сигурно ова е негово работно место.
Помисли влегувајќи во кабината која мирисаше на прашина и влага. Како одамна тука да не бил никој. Беше сомничава, а отворениот плакар од кој ѕиркаше бел докторски мантил ја направи уште повеќе да се сомнева во идентитетот на својот нов пријател.
Седеа еден покрај друг гледајќи се право во очи. Кабината беше празна со предмети, но полна со неизвесност и сомневања. Неговиот поглед беше празен и длабок, а нејзиниот исплашен и загрижувачки.
Старата сијалица долго даваше знаци на старост и изнемоштеност, додека конечно не потклекна пред нечистотијата и времето што беше и се собрале над неа. Еден језив гласен писок се слушна од кабината, а кратко потоа брзи чекори го напуштија паркиралиштето. А потоа завладеа гробна тишина....

- Тука, од тука некаде доаѓале звуците.
Рече еден од полицајците кои беа повикани од старата госпоѓа на првиот спрат над паркиралиштето која тврдеше дека слушнала врисоци.
- Имаме тело, викнете ги надлежните.
Извика истиот тој, покажувајќи леш кој беше прекриен со стар бел докторски мантил. Крвта беше насекаде, а глетката беше и повеќе од вознемирувачка.
За кратко време паркиралиштето беше полно со полициски возила, кучиња и љубопитни погледи од исплашени граѓани, а полицаецот кој го пронајде телото не беше ништо помалку исплашен. Длабоко во себе знаеше дека тоа е дело на опасните криминалци кои избегаа од болницата. Знаеше дека ова е само почеток на ред громорозни убиства и злодела. Загрижено ја избриша потта од челото и посегна по џепот на својата јакна, вадејќи лист на кој пишуваше:
- Од психијатарската болница избегаа 5 осудени најопасни силувачи и свирепи убијци. Ги погледна нивните слики, а погледот му се задржа кај еден од нив. Поточно, тоа беше убава девојка.
Крупни небесно сини очи и долга и густа руса коса....
_DSC8922.jpg
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Female

Староседелец
18 јануари 2013
125
183
1,043
In your thoughts!
Странецот
Чад испарува од топлиот чај. Седи покриена со топло ќебе и ужива во страниците на нејзината најнова книга која си ја приушти после напорната работна недела. Секоја страница ја вдишува со полни гради, секој ред напишан со љубов и открива нови светови на нејзините јунаци. Единствено тогаш во тие моменти заборава на сѐ, заборава на тешкотиите, стресот и проблемите од нејзиното секојдневие, заборава дури и на него. Задлабочена во светот на книгата одеднаш нејзиното внимание го оттргна звукот на мобилниот телефон. Тоа беше тој. Човекот кој до пред два месеца и беше најголемата поткрепа, љубов, нејзино сѐ сега беше претворен во странец, а странецот во тој момент беше на другата страна од жицата. Реши да не му се јави. Сакаше да се прави недостапна иако срцето и викаше да се јави, нејзиниот разум одлучи да си поигра со нејзините чувства и реши да види колку тој ќе биде упорен. Знаеше дека можеби е ова последната шанса тој да ја врати назад, но знаеше дека тој не ја заслужува повеќе. Денот кога го виде со неа нејзиниот свет се сруши, се срушија сите нејзини мечти и соништа. Не можеше да им верува на очите. Човекот кој беше нејзин, кој се претставуваше како нејзин дечко сега е со друга. Тој не знаеше дека таа ги виде, но кога му кажа беше затечен, почна да се правда како таа не му значи и дека единствено нејзе ја сака.Нејзиниот одговор беше решителен: “Да ме сакаше, немаше да те видам со неа, нашето заврши тука, жалам”.
И така таа нејзината болка ја лечеше читајќи нови светови каде што нема да го сретне него, каде што никој не може да те повреди. Таму можеш само да бидеш сведок и посматрач на настаните на другите ликови и да донесуваш заклучоци, болката е отсутна. Еден ден ќе го преболи. Човекот кој преку ноќ и стана странец не сакаше да биде дел од нејзиниот живот. Не можеше да му опрости и да продолжи како ништо да не било, зошто оттогаш ништо веќе не беше исто.