Не знаев каде да го сврстам текстов кој што е дело на мојот 12годишен брат. Знам само дека секогаш кога и да го прочитам буди ненормални емоции во мене.
Личност на која и` се восхитувам
Личност на која и` се восхитувам
Во мојот живот постојат многу личности. Едни од нив се моите најблиски, моите роднини, славни личности или пријатели, но постои само една и единствена личност на која и` се воодушевувам. Таа личност ми е идол, а тоа е мојот дедо кој неодамна почина.
Таа личност (мојот дедо) е личност која мислам дека ме сакаше повеќе од сите. Таа личност е личност која што ја сакав повеќе од се`. Личност која што усреќи многу мигови од мојот живот. Личност која ме сакаше и чуваше повеќе од секого. Личност која што ме научи да возам велосипед од мојата 7ма година. Личност која што ми помагаше по сите предмети од училиште. Личност што кога и да донесев дома петка беше пресреќен и личност која што ако донесев пониска оцена од петка се трудеше да ми објасни со сите негови знаења. Личност која што ми ја исполни мојата најголема желба, а тоа беше што ме запиша да тренирам фудбал. Сето тоа беше еден убав сон од кој што сите се разбудивме пред некое време. Личност за која што ќе посакувам да бидам како него цел мој живот.
Иако мојот дедо на кој му се восхитувам повеќе не е тука јас секогаш ќе сакам да бидам како него и секогаш ќе го сакам исто така како кога бил со мене. Целиот живот ќе го посветам за тој да биде среќен.