Раскази

Angiie

Истакнат Член
16 февруари 2012
506
639
93
Зошто луѓето викаат!

Еднаш учителот ги праша своите ученици:
-Зошто луѓето викаат кога се налутени?
Учениците размислуваа некое време:
Затоа што го губиме трпението, затоа викаме-рече
еден.
-А зошто да викаме кога е особата покрај тебе?-праша
учителот-Зарем не е можно да се зборува тивко и смирено?
Учениците дадоа уште некој одговор,но ни еден не го задоволи учителот.Најпосле им објасни:
-Кога две особи се караат и се лутат,нивните срца се доста оддалечени затоа мораат да викаат еден на друг зада може нивниот глас да ја премости далечината измеѓу нив за да можат да се чујат.Колку се полути толку посилно викаат,зошто далечината измеѓу нив е поголема.
Потоа учителот праша:
Што ќе се случи кога две особи се заљубат? Не викаат еден на друг туку зборуваат тифко и нежно.Зошто?
Нивните срца се сосема блиску,оддалеченоста од нив е сосема мала.
А што ќе се случи кога уште повеќе ќе се заљубат?Не зборуваат,
само шепотат,и уште повеќе се зближуваат во љубовта.
И на крајот не им треба повеќе да шепотат,само се гледаат.
Такви се две особи кои се сакаат.
Потоа рече:
-Кога се карате немојте да дозволите вашите срца да се оддалечат,не изговарајте зборови кои можат уште повеќе да ве оддалечат,зошто ќе дојде ден кога оддалеченоста ќе биде многу голема,да повеќе нема да има пат да се вратиш назад.

Бедгрлке, ова е тема за лично наши напишани раскази :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin and slb_bobo

Doozy

Полноправен Член
26 февруари 2012
63
51
18
Tука некаде ...
Ја отворив темава со цел ако има некој што пишуваат поезија или проза, сеедно, можат овде да ги споделат своите дела .
ЕВе и од мене еден.
Далеку од ѕидините на овој проколнат град..


Беше тивка Јануарска ноќ. Студенилото ги беше исплашило сите ноќни суштества и ги натерало да се сокријат длабоко во своите скривници. Маглата се беше симнала толку ниско што и најсовршените очи би имале тешкотија во гледањето.
Моите свикнаа на неа. Чекорев, пред мене гледајќи силуети кои не ги препознавав. А и како би можела да ги препознам, кога беа квалитетно обвиткани со дебелата магла. Чекорејќи, забележав силуета различна од сите. Светлината која излегуваше од неа ја правеше различна. Беше машка силуета. Едната рака му беше ставена во џебот од тренерките – разбирливо, се заштитуваше од студот, и моите две беа стуткани во џебовите од капутот, а во другата чуваше цигара. Димот кој што излегуваше од неа не се препознаваше, веднаш се надополнуваше со маглата.
Тој пополека се придвижуваше кон мене. Колку беше поблиску толку беше поубав, посветол, помагичен.
„Здраво“ – ми рече, со оној негов препознатлив глас во кој се препознаваше и болка, и љубов, и копнеж, и желба, и страст и милост.
„Здраво“ – возвратив јас. Се гледавме директно во очи…
Потоа почнавме да зборуваме за теми кои немаа некои поврзни точки со нашите емоции. Можеби тоа го правевме плашејќи се од реалноста која не опкружува, а можеби го правевме поради што и немаше што да се зборува за нашите емоции. Очите зборуваа низ тишината и кажуваа сѐ.
Помина долго време во кое само се обидувавме да сврзиме тема, и секој збор не наведуваше да се вратиме во минатото, каде сѐ беше во друга боја, каде сѐ одеше во наша полза. Секој збор не враќаше во времето пред да го направам јас мојот прв погрешен избор и пред да фрлам сѐ во вода, заедно со гордоста.
Потоа незнам што се случи. Едноставно почуствував дека моите раце го обвиткуваат неговото тело, а мојата глава се лоцира врз неговите гради. Тој беше повисок од мене. Не ме прегрнуваше со рацете бидејќи и двете му беа
поставени во џебовите, но брадата ја прцврсти врз мојата глава. Како да сакаше да ме прегрне со неа. Подоцна и дозволи на едната рака да ја обвие мојата половина, неколку секунди подоцна и со двете раце ме припиваше кон себе. Нежно, како да сум пеперутка која ќе се скрши во неговите прегратки, а подоцна силно, како да сум птица која ќе одлета ако не ја притисне што поцврсто кон себе.
Магијата престана кога ги слушнав зборовите „Ова неможе да се повтори. Мојата гордост е она што нема да го прегазам. Извини Марија, тоа е она што можам, односно единственото нешто што можам да ти го кажам. Извини. Но не очајувај, можеби јас и ти ќе успееме некаде, далеку од ѕидините на овој проколнат град.“
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina and Lena

Largo

Полноправен Член
15 јануари 2013
90
97
18
Светлината која успеа да се измолне од завесите на огромниот прозор ме разбуди, веднаш потоа го осетив мирисот на свежо лакиран паркет, но најприсутен беше мирост на нејзиниот парфем кој сеуште лебдеше во просторијата.Се завртев на другата страна а таму немаше никој.Осетив дека кошулата во која спиев ми беше целосно испотена.Неа ја немаше, сигурно станала порано од мене.
Се обидев да станам а, по вториот обид сфатив дека не требаше толку да пијам синоќа.Се посегнав по малата масичка на креветот на која имаше едно празвно шише вино и полн пепелник со пикавци.Почуствивав матнина во главата, одкако станав и болка.Ја извадив последната цигара од табакерата и ја запалив, и некако се довлеков на балконот стоев така бос на ладните и влажни плочки потпрен на жолтите решетки.
Надвор беше сончево, необично сончево за овој временски период.Звукот на неколку автомобили кои поминуваа и луѓето кои трчајки брзајќи за на работа го исполнуваше просторот но никогаш не се навикнав на тоа, никогаш не ми беше сеедно ваквата глетка, секогаш во неа имаше нешто магично, несекојдневно.
Главоболката ме спречуваше да го вратам филмот назад и да разберам како сум дошол овде кај неа.Ладниот воздух по малку ме разбриструваше но ни тоа не помогна.
Знаев причини за да не бидам овде…но во моментот не ми текнуваше ниту една причина која би го оправдала моето присуство овде ба ова место.Можеби сеуште сонував.
Одеднаш, зад мене се појави таа, во розова бањарка и со една голема шолја кафе.Косата и беше пуштена, само така стоеше и ме гледаше потоа и се насмевна…таа проклето убава насмевка на која се топев како сладолет во лето.
-Добро утро; ми рече тивко, со нејзиниот прекрасен глас.Не можеше ова да биде реалност, морав да сонувам.Го зедов кафето кое ми го подаде и се напив добра голтка, болката од прежешкото кафе изгледаше многу реално па не би требало ова да е сон.
-Добро утро; возвратив јас исто со шепкање, иако не ми беше јасно зошто двајцата шепкавме кога на никому не му сметавме.
Некое време само така немо се гледавме во очи, потоа дојде и ме гушна.
Не, ова не беше сон дефинитивно.Сега е тука, сега пак сме еден до друг по толку многу време пак е до мене.Ја стави едната рака на моето лице и ме бакна.Потоа јас само се насмевнав а таа одеднаш го смени изразот на лицето.
-Кога успеа да запалиш цигара!
 

МериСелест

Староседелец
24 април 2012
2,009
3,215
1,143
Сонот стана реалност​
Jа спушти раката веднаш до неговата.
Главата ја наслони на неговите рамења...
Го погледна...длабоко во неговите кафеави очи.
Беше срекна... Не сакаше да заврши тоа.
Сакаше да застане времето и вечно да биде до него,со него.
Се чувствуваше заштитена,сакана,исполнета...
Уживаше во неговиот мирис на скап парфем...И беше омилен.
Неговата коса...нејзина зараза...
Неговите усни со вкус на зрела јагода...медени...и полни.
Ја погали по нејзините румени и меки образи и и рече:Ти беше мојот сон кој ми се оствари.
Не го тргаа погледот еден од друг.
Но тој реши... да ја изненади со појадок...Нејзиното омилено јадење.
Го правеше по нејзин вкус што дури и светските готвачи можеа да му љубомораат на неговата техника во готвење.
На послужовникот имаше и црвена ружа и мала посвета на миризливо ливче.
И ја даде неговата кошула да ја облече...како што правеше таа многу пати...
Се бркаа по собата...а таа му дозволуваше да ја фати и да ја штипе по образите,да ја скокотка...да ја бушави...
Ја прегрнуваше,не ја испушташе од неговите прегратки зошто се плашеше да не отиде и да не се врати.
Но таа ке останеше и понатаму со него...И денес и ден потоа,сега и секогаш.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Believe

МериСелест

Староседелец
24 април 2012
2,009
3,215
1,143
Kошмар.

Чувства,емоции секавања...Насмевка плач...Молк...Сето тоа ја опкружуваше...
Изгризани усни,подочљаци,бушава коса...Растечен римел,измачкан црвен кармин.
Вклучен телевизор...сивило на секаде околу нејзе...Обид да се извлече од тагата,залудно...
Шише во рака,неколку пури и дневник.Телефонот во коше...Непостелен кревет...
Звончето звонеше,таа се вртеше во круг...
Тропање на вратата...Немаше кој да отвори.Уживаше во тагата...
Извикување на нејзиното име...Тишина...Песна...пеење магично ко самовила...
Што и се случуваше?Само таа знаеше...Малечка,мила со румени образи...
Криеше тајна...Голема тајна.Запалени миризливи свеки...
Овошје на масата...недопрено...Труло...Скапано...
И...сакаше да гризне од јаболкото...
Наеднаш се разбуди од кошмарот и го прегрна него...
Саканиот.
 

Марија

Poétesse
14 април 2012
1,146
2,491
1,123
Скопје
Сосема доволно

Една жена чекори долж темната патека за велосипедисти. Од спротива забрзан човек ја прекинува нејзината тишина и гласно ја прекорува за нејзиното несоодветно движење. Но таа не му обрнува внимание, ниту и е грижа за несоодветното движење. Зарем треба да и е гајле кога и онака сиот нејзин живот е несоодветен ? Или барем неа така и изгледа. Таа е замислена, тажна и загубена во средните години од животот баш како тинејџерка. Се сомнева во себе си и во своите можности. Виткото тело и сјајната кожа и избледнуваат, желбата за да стане балерина заедно со нив. Ги затрупува надежите и се прашува каде погреши . .. Кога замижа ? Кога за миг ги затвори очите а не требаше ??? И долго ќе си го поставува истото прашање зашто душата и е црвлосана како старо изгниено дрво. Не се сеќава кога последен пат се смееше од срце. Онака на цел глас без да се осврнува на моралните вредности на нејзиното зафркнато општество.
Велосипедистот е веќе далеку, а неа низ главата и поминуваат слики од трескавичната љубов на нејзиниот живот. Се буди и трча во спротивна насока - токму во онаа истата низ која исчезна човекот . . . Трча и го довикува неговото име мислејќи како за наносекунда повторно ќе замижеше пред големиот момент за кој сонуваше вчера, завчера и секоја мината ноќ последниве неколку години од кога нивната врска заврши. Tишината ја следеше со секој нејзин чекор и ја подржуваше иако ни таа самата не беше сигурна што точно ќе направи или каже ако успее да го стигне. Мнoгупати го замислуваше моментот но секогаш кога сакаше да смисли говор и да го научи напамет и се сушеше грлото. Неподготвена на само пет чекори од себе го здогледа него како стои со извалкани раце обидувајќи се да го поправи расипаниот велосипед. Се збуни и сакаше да се заврти трчајќи да се врати од каде што дојде.. тој истотолку збунето ја гледаше нејзината совршена појава на отсјајот од месечината . .. Молчеа, а заспаните чувства ги преплавуваа нивните тела . . .
Ми недостигаше - најпосле собра храброст . И јас те сакам - и одговори тој.
Тоа беше сосема доволно.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Luckky and Arkantos

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
--27.06.2011--
Колку е само непредвидлив животот...
Сега кога ќе се присетам, дури и ми доаѓа да се изнасмеам на глас, толку гласно што би ме слушнале дури и на крај на светот!
Кога бев малечок, на неполни шест години, кога ќе видев како мајка ми ја спрема мојата омилена чоколадна торта помислував„Ете, еве ова е најубавото нешто што може да ми се случи во животот“, а кога сестра ми ќе влеташе од вратата, и ќе го земеше остатокот од шлагот за себе, си помислував„А ова е најлошото нешто“ и тогаш за мене светот се изгубуваше. Знаете... Не бев во право, потполно бев во заблуда. Тоа го сфатив кога почнав во училиште затоа што секоја добра оценка беше најубавото нешто што ми се случува, а секоја навреда на сметка на моето потекло, беше најлошото нешто што ми се случуваше, и во тој момент мислев дека тие се најубавите и најлошите работи што ќе ми се случат, но ете! Повторно погрешно, несомнено погрешно!
Бидејќи потоа сфатив дека првиот бакнеж е најубавото нешто на овој свет што може да ми се случи, а тоа да бидам одбиен од девојката што ми се допаѓа беше најлошото нешто, и тогаш солзите капеа, јас паднував во длабоки дупки, се чинеше нема да излезам...но ете излегов, затоа што сфатив дека повторно сум погрешил, не е бакнежот најубавото чуство ни одбивањето најлошото...
Сфатив јас тоа кога здогледав една девојка, една самовила, која ми ги растрепери сите органи во мене, која ме вивна во небото, но и ме спушти под земјата...и тогаш помислив „Ете го најубавото чувство што ќе ми се случи“, а потоа кога морав да го одделам моево тело од нејзиното на цели 10 месеци помислив„И ете ја најтешката работа, ете ја најголемата рана!“ и долго одев со таа мисла, многу подолго отколку претходните пати. Се додека еден ден, истата таа девојка застана пред мене, ми ја дофати раката и ја стави врз нејзиниот стомак, кажа„Тука расте нов живот“ ете тогаш дојде кулминацијата, тогаш почуствував бранови како ме удираат низ целото тело, слушнав камбани од сите страни, ми израснаа крилја, полетав, и ги заборавив сите тие константации за најубавите нешта што ми се случиле зошто тоа дефинитвно беше најубавото нешто што може да ми се случи во животот, а моментот, моментот кога ги слушнав последните зборови од Божицата, беше најужасното нешто што може да се случи, зошто никогаш предходно не сум бил така уништен, и знаев дека ништо никогаш нема да може така да ме повреди....знаев...
Кажав дека знаев...се’ до денес, кога денес слушнав нечиј прв плач, кога погледнав нечии невини очи кои толку многу наликуваат на моите, кога допрев нечии раце кои се нежни исто како од моето малечко девојченце, сфатив тврдам, и знам, дека нема да има ништо друго, што ќе успее да ме трогне повеќе, бидејќи за прв пат по толку талкања падови, вивнувања допрев нешто мое, почуствував нешто што знам дека никој никогаш нема да може да ми го земе...ете ја последната моја константација„Син ми, е најубавото нешто што во животот ќе ми се случи, а ако некој некогаш, успее да ми ја скрати можноста да ги гледам неговите први чекори, неговото прво запче, неговото прво зборче, да ја слушнам првата песна од неговите усни, ќе биде најлошото нешто што животот може да ми го придеди...“
Добредојде сине...

п.с. Во тоа време се’ уште не сум знаел дека ќе имам и ќерка :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina and Марија

FallenAngel

Староседелец
5 декември 2012
601
402
1,073
Eupen
Со првото утринско будење, тој осети непријатна болка во стомакот. Нешто таму како да го стегаше, притискаше и печеше. Не, тоа не беше болка од вчерашната вечера. Причината беше друга - уште откако ги отвори очите, се знаеше што ќе прави денес...
Денес најпосле ќе ја прекратеше врската, која се обидуваше да ја одржи веќе две години. Поточно, требаше да го направи тоа многу порано, но...
Стана од креветот, се облече и излезе. Беше се договорил уште од вчера да се најдат со неа на местото каде се среќаваа обично. Не требаше да касни. Никогаш досега не ја натерал да чека... нетребаше и денес.
Излезе од дома и со брзи чекори се упати кон местото за средба. Градот изгледаше сив и мрачен, времето беше студено, како секој момент да се спремаше да заврне. Крена поглед нагоре кон тмурното небо и си помисли:
- Дури и облаците плачат за нас, како и тие да осеќаат што ќе се случи...
Како и секогаш, пристигна прв на договореното место. По неколку минути се појави и таа. Кога ја виде како се приближува кон него, стомакот му се собра и нешто го пресече... некаква нејасна паречка болка.
Ја праша дали сака да седнат некаде и таа се согласи. Тргнаа. По целиот пат дотаму молчеа, не рекоа ниту збор. Тоа и се причини доста чудно, ја заплаши тоа негово однесување... не знаеше што ја чека.
Седнаа на една од дрвените маси во кафулето и си нарачаа по едно кафе. Најпосле таа не можеше да се стрпи и го праша:
- Што ти е, нешто да не сакаш а ми кажеш?
- Да..., - одговори тој, без да ја погледне.
- Ајде кажи, зошто молчиш? - продолжи таа, веќе малку вознемирена.
Тој зема воздух, ја сврте главата кон неа и ја праша:
- Според тебе, до кога ќе продолжиме така? Колку уште сметаш дека ќе издржиме со ова темпо?
- Од каде пак сега ова го измисли, зошто ми поставуваш такво прашање? - не можеше да се начуди таа.
По кратко молчење, тој издиша длабоко и продолжи:
- Една вечер пред неколку месеци, беше околу полноќ, јас ти се јавиви, за да ти прочитам неколку мои стихови, кои штотуки гу напишав за тебе. А ти, се сеќаваш ли што ми одговори:
- “Баш сега ли најде да звониш, види колку е часот, како да немаш друга работа...“ - ми рече ти, без дури да се обидеш да бидеш љубезна. Од таа твоја реакција се почуствував како нокаутиран боксер... ти се извинив и го затворив телефонот. А ти никогаш подоцна не побара да ги видиш и слушнеш тие стихови...
Пред три недели, кога се разболев тешко и неможев да станам од кревет, дојде заедно со пријателите да ме видиш. Кога еден од нив ми потфрли - “О, добар си ти, си имаш девојка, има кој да се грижи за тебе“..., ти кажа:
- “Да де, нема шанси, имам доволно обврски, нека си го чува мајка му...“ -ти текнува сега?
- Но ти знаеш дека јас не сакам такви лигавења, емоционални изблици... не е тоа за мене... - рече таа, со вина за постапките. - А и зарем ти личам на докторка?
Тој се насмеа иронично:
- Да, во право си, воопшто не личиш на докторка. А и и додека го носиш тоа камено срце во себе, дури и да сакаш да станеш таква и да помагаш на луѓето... не би можела.
По малку молчење тој продолжи:
- Досега колку пати си ми пишала некој смс рано наутро, за да ми посакаш убав и пријатен ден? Или навечер пред да си легнеш, да ми кажеш просто “добра ноќ“? Или кога и да е во текот на денот, за да ми подариш една насмевка? Нешто со кое да ми покажеш дека имам некаква вредност за тебе? Никогаш не си направила такво нешто! Ти тврдиш дека не сакаш такви сентиментални работи, велиш дека се смешни и лигави, но вистината е друга - ти не сакаш да ги радуваш другите, оние кои те сакаат! И точно тука е најголемата разлика меѓу мене и тебе. Јас сум сосема спротивен - сакам да дарувам радост и насмевки на луѓето околу мене и точно тоа ме прави среќен. Знаеш ли дека откако те запознав секој ден, секоја ноќ, секој миг јас имав по еден убав збор за тебе?
Дали го слушна, дали го осети, дали ти значеше? Толку сме различни, како бело и црно...
Таа се обидуваше да го надмине шокот од тоа што го слушаше и во исто време се трудеше да остане смирена. Го праша:
- И што сакаш ти од мене, да станам поет, да пишувам стихови?
Тој повторно се насмеа и уште еднаш се убеди, колку правилно решение донел.
- Не... - одговори тој. Не сакам да станеш поетеса.
А ти и не би можела да бидеш добра поетеса. Само сакам да се разделиме, сметам дека така ќе биде најдобро за двајцата...
- Да се разделиме?! - не очекуваше да слушне такво нешто и тешко и беше да поверува. - Но зошто?! Јас те сакам... Мислам, дека ти исто ме сакаш... зарем не е точно?
- Не,мила! Ти само мислеше, дека ме сакаш. Ако ме сакаше вистински, сега ќе водевме друг разговор за многу поубави нешта...
Кога го слушна ова очите и се насолзија.
Тој извади од џебот марамче и и го подаде. Таа бавно ги бришаше солзите и тивко кажа:
- Добро, штом така сакаш... Се надевам само дека не ме оставаш од некоја друга причина...
- Како можеш и да помислиш на такво нешто!? Немало друга, нема ни да има уште долго време... - рече тој, нервозен од нејзините сомнежи.
Беа дошле тука како двајца вљубени а сега веќе стоеја како странци, еден до друг... По неколку минути, поминати во молчење, таа рече:
- Ќе си одиме?
- Јас сакам да останам уште малку тука, но ти ако сакаш оди...
- Добро тогаш... - рече тивко и пружи рака кон него, но и раката и гласот и трепереа... - Ти посакувам да си среќен... - едвај успеа да изрече.
- Ако сакаш, може да останеме пријатели... - рече тој, додека ја држеше за рака.
Се гушнаа силно за последен пат и се разделија без да си кажат ништо повеќе...
“Постапив правилно“...си повторуваше тој цело време, додека се враќаше со бавни чекори кон дома.
Се прибра дома кога се стемни. Чуствуваше како нозете да му беа пресечени. Веднаш влезе во собата и легна... со желба да заспие и се одмори од се. Но не успеваше. А времето како да застана за него, ноќта како да немаше крај... Но мораше да преспие барем малку. Утре беше на работа и требаше да стане рано...
По некое време неусетно заспа. Се разбуди од алармот на часовникот. Стана се протегна и токму кога требаше да излезе од дома, погледна кон телефонот. Имаше една порака и 10 пропуштени повици. Ништо не слушнал додека спиел од умората. Сите беа од неа. Иако немаше волја да ги чита, ги отвори и прочита:
- “Колку и да не ти се верува, јас вистински те сакав “Не можам да живеам без тебе и твојата љубов. Неможам да бидам сама. Премногу голема е болката, за да ја соберам цела во моето срце. Ти се колнам, дека никогаш не сум сакала толку вистински некој, како тебе. Живеев за да те сакам и ќе умрам од што те сакам! Збогум, љубов моја...“
Во главата му се родија безброј прашања истиот тој момент. Ги читаше и пречитуваше редовите на екранот и незнаеше што да мисли. Откако ја познаваше, таа никогаш не му напишала такво нешто, никогаш ги немаше искажано чуствата на тој начин... и тоа во 5 сабајле.
Се обиде да ја проголта грутката во грлото која му застана додека читаше и со растреперени прсти сврте на нејзиниот број. По неколку минути слушна непознат глас. Ја побара неа...
- Јас сум мајка и... - рече залипнато жената на линијата. - Ќерка ми ова утро се самоуби!
- Што!? Но како?! Зошто???...
- Не знам синко ни јас... - продолжи жената - цела ноќ вртеше на некој број. Беше вознеморена, многу растроена... Сабајле кога станав, видов дека во собата уште свети, ја отворив вратата и занемав од она, што го видов со очи... Беше обесена! - Успеа некако да раскаже жената со многу засипнат и стегнат глас...
Стомакот му се собра од она што го слушна. Пак го осети она парење и тежина, но сега тие беа стотици пати посилни... Во наредниот миг му се заврте во главата, тој се занесе и се струполи на земјата...
Неколку месеци покасно, додека правеа утрински посети на пациентите, двајца лекари сретнаа еден пациент во ходникот. Тој беше нов на клиниката. Едниот лекар го праша другиот каков случај е, а тој одоговори:
- А овој ли? Го донесоа, пред околу три месеци тука. Како што разбрав, неговата девојка се самоубила поради него. Од тогаш тој постојано го носи мобилниот со себе, постојано пишува нешто и го праќа на некој...
Пред неколку дена неможев да се воздржам и додека тој спиеше, свртев на тој број... Излезе дека бројот не е активен, деактивиран е уште пред три месеци...
Видов, дека има и една порака, ја прочитав и неа... Не го познавам човекот, ниту неговиот живот пред да стигне тука, но изгледа дека оној што му ја пратил пораката, има многу ранлива и емоционална душа...
Речиси секогаш сме убедени дека знаеме и разбираме што мислат и чуствуваат другите околу нас... Дека успеавме да го видиме она што го носат во срцето... Но дали е навистина така?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena

FallenAngel

Староседелец
5 декември 2012
601
402
1,073
Eupen
Тој : Ало ?
Таа : Здраво.Јас сум. Долго време не сме се слушнале. Многу долго.
Тој : Не ми се верува дека тоа си ти но ти го препознавам гласот.
Таа : Да, предолго.Предолго се двоумев да го свртам твојот број.Ниту самата не знам како се натерав да ти се јавам сега.
Тој : Да...
Таа : Го најдов твојот нов број, на ,,Информации , сета среќа, па, нема многу мажи со име како твоето.
Тој : (тишина) Како тоа ти да ми се јавиш?
Таа: (тишина) Па, сакав да те чујам, да видам како си, што правиш?
Тој : После толку време да ме прашаш како сум... Добро сум... Оди некако... Се живее ден за ден. А ти ?
Таа : Добро сум...
Тој : Лажеш... Чувствувам по гласот. Никогаш не знаеше да лажеш...
Таа : тебе не знаев да те лажам...
Тој : Да,тоа секогаш ни беше најсилна страна. Барем никогаш не се лажевме.
Таа : Знаеш... (тишина) Немам право да те прашам, но дали некогаш мислиш на мене?
Тој: (тишина)
Таа : Немораш да одговориш. Поставувам бесмислени прашања.Помина многу време,имаш свој живот.
Тој : Секако дека се сеќавам... И некогаш посакувам да не испаднеше така, но секогап е исто...
Таа : Се прашувам зошто го направив тоа. Зошто те оттргнав од себе? Никогаш тоа не ми стана јасно. Можеби премногу се плашев дека ќе бидеш како сите останати и дека ти ќе си заминеш на крајот. Па те избркав... Те тргнав, а само сакав да останеш покрај мене.
Тој : И јас го сакав само тоа. Да останам.
Таа: Јас сум виновна за се!
Тој : Не, не си ти виновна. И јас лесно кренав раце од тебе. Заминав горделиво,машки. За да седам сега сам и да размислувам што би било ако останев тогаш.
Таа : (тишина) И како си ти,оженет си? Имаш семејство?
Тој : Немам! се оженив, но по две години се разведов. Беше добра,мила, сите желби ми ги исполнуваше. Но никогаш не ја засакав, се обидував да ја засакам, но по некое време сфатив дека тоа е невозможно,па, ја пуштив да замине. Сега се омажила, има три деца и среќна е.
Таа : а ти живееш сам?
Тој : Да, сам живеам. Се научив на лошо.Се навикнува човек, кога мора.
Таа: Да, се навикнува човек.
Тој : Како е кај тебе?
Таа : Јас сум сама. Добро е.
Тој : Но , не си среќна.
Таа : (тишина)
Тој : Помирна си од порано.
Таа : Па, ете, дојде време и јас да пораснам.
Тој : Да. Кој би рекол дека еднаш и ти ќе пораснеш и ќе бидеш сериозна жена.
Таа : Да, морав и јас да пораснам.
Тој : Знаеш, често размислував за ова. Сонував дека ќе ми се јавиш, дека ќе се појавиш некаде. Онака, ненадејно... Замислував колку ќе бидам сречен ако повторно те видам или слушнам (тишина) и среќен сум.
И депресивен истовремено.
Таа : Зошто?
Тој : Затоа што сега ми е јасно дека некои работи не можат да се вратат... Се променивме. Не сме веќе деца. Не сме веќе толку млади и полни со ентуијазам... во состојба да промениме се.
Таа : Знам дека веќе не е исто, но...
Тој : Нема веќе но ! И самата го знаеш тоа. Не мора да ти го кажувам тоа. Пораснавме.
Таа : (тишина) Значи, кога ќе... Кога ќе ја спуштам слушалката...
Тој : Нема да се чуеме пак, да.
Нема да ти се јавувам, а ниту ти мене. Само би се повредиле уште повеќе.
Таа : Значи нема ниту да се видиме?
Тој : Да. Така е подобро за двајцата. Подобро да не те видам...
Таа : Би сакала да те видам.
Тој : Не е работата во тоа дека не сакам да те видам. Тоа го посакувам најмногу од се, но знам дека не смеам. Така би се повредил себеси, но и тебе.
Таа: Знам (тишина)
Тој : Никогаш не те заборавив, ниту пак некогаш ќе го сторам тоа. Никогаш нема да те исфрлам од моето срце и моите мисли. Таму ќе те чувам додека сум жив.
Таа : (тишина) но...
Тој : И немој сега да се прашуваш зошто. Немој, единствена. Помири се. Така мораше да биде. Сега,најголема грешка би била да веруваш дека можеме да продолжиме каде што застанавме пред 12 години.
Таа : Не можам понатаму. Од оној ден...
Тој : Знам.
Таа : Не сакав да бидеш несреќен. Прости ми.
Тој : Не си ти виновна. Не можеш да обвинеш затоа што те засакав. Не си виновна ти за тоа што не можам да засакам друга. Едноставно, тоа е така.
Таа : (тивко липање)
Тој : Мила, време е да се поздравиме и да завршиме со оваа мака. Те молам, направи го тоа за себе и за мене. Нема да се казнуваме веќе, добро?
Таа: (липање) Немој... Не ја спуштај слушалката, те молам.
Тој : (тишина) Не плачи...
Таа : (тивко липање) Те сакам.
Тој : И јас тебе! Но, не можеме вака. Не можеме повторно да си ги отвараме старите рани. Немој. Не мисли на тоа веќе. Живеј го животот! Живеј и сети се на мене кога спиеш. Таму можеме да бидеме заедно. Таму те чувам секоја ноќ.Таму имаме 22 години и ништо не може да ни се случи.
Таа: Не го сакам ова. Не сакам да изчезнеш!
Тој : Знам. И јас не го сакам тоа, но знам дека тоа е најпаметно. И ти го знаеш тоа, само што сега не сакаш да си признаеш.
Таа : Не можам да ја спуштам слушалката.
Тој : Тогаш, ќе ти помогнам уште овој пат, љубена. Те поздравувам и знај дека секогаш ќе ми бидеш во мислите и во срцето. Живеј, среќо моја. Те сакам
(спуштена слушалка)
Таа : (липање) И јас те сакам тебе. (липање)

Поминале 40 години. Никогаш повеќе не разговарале, ниту, пак, се виделе.
Тој починал. На неговата плоча, во долниот агол, стоело мало, изгравирано срце, а покрај него пишувало : ,, Ова срце припаѓаше само на една жена´´
Покрај тоа, стоел датумот на нивниот телефонски разговор. Тоа студено, зимско утро, на гробот клечела една старица и тивко плачела.
Солзите се лизгале по нејзиното набрчкано лице, а нејзиниот топол здив бил
единствената топлина на гробиштата. Во збрчканите раце, држела една црвена роза. Долго време клечела без да се помрдне. Потоа, станала, ја бакнала розата и ја ставила на гробот. Заминала полека во далечината.
Полека...Полека, како да не сакала да замине. Секоја година доаѓала на тој ден и носела роза. Секогаш се задржувала по 15 минути, а потоа исчезнувала. Една година, старицата не дошла. Ја немало старицата, ги немало розите, само празен гроб и снег врз него. Но таа вечер, ѕвездите посебно сјаеле.
Сјаеле, бидејќи немало тага. Бидејќи, конечно биле заедно, таму каде што единствено можеле да бидат заедно. Во вечноста...