Раскази

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,420
1,153
Таа што шепоти гласно

Шепоти. Гласно. Премногу гласно.
Велам – молчи!
Велам – престани!
Велам – доста!
Продолжува.
Бара недостатоци.
Пронаоѓа бесмислено исчекорени чекори.
И погрешни насоки.
И недоследности.
Составува список од секое “да” што требало да биде “не” и секое “не” што требало да биде “да”.
Велам – Замолчи!
Задоволна е. Победува.
И продолжува.
………………………..
Премногу безуспешни обиди.
Се откажувам.
Нека продолжи, до кога сака, до каде сака.
Велам – Повели, почни од почеток, не, не, подобро почни од пред почетокот, врати се назад, уште поназад, најназад, и уште подалеку од тоа. Почни од таму, испреврти се`, пребарај се`, детално анализирај се`. Секој милиметар од секој чекор, секоја буква од секој збор, секое “да” и секое “не” и секое “можеби” и секое “верувам” и секое “знам” и секое “сакам” и секое “се плашам” и секое “заминувам” и секое “доаѓам” и секое “останувам”…
Се смее. Победува. Силна е. Почнува. Збор, два, три… и… запира.
Молчи.
Тишина.
………………………………
Спокојна сум.
Се смеам.
Ја нема. Не ја чувствувам.
Нејзиниот глас не го слушам.
Чекај… не, ниту се сеќавам на неа.
Победив!!!
Победив.
Победив?
…………………………………..
Без себе во себе, со кого?!
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
Батерии

И тогаш животот почна... Ги отвори очите и ме погледна нежно. Ме праша: "Што се случи?'' - и повторно се обиде да стане. Клапна тажно. Беше изморена. Сјајот полека и згаснуваше од очите. Батериите несигурно ја држеа во живот. Седеше така неподвижно долго време. Темнина се вгнезди во моето срце. Не сакав да ја гледам така... Да можев само некако да ја заживеам да и ги наполнам батериите со радост. За сето тоа време се тешев некако дека ќе се разбуди пак од тоа тажно сивило. Времето полека одминуваше... Ах и тоа пусто време секогаш полека поминува кога тагата е во нечија душа. Но веќе не можев да седам вака. Се приближив до неа и ја бакнав. Отпрвин почувствував студ но...полека полека изразот на лицето и` се врати. Почна полека полека студенилото да исчезнува, светнаа очите со боја на сафир. Паднаа и првите солзи радосници. Се роди повторно животот во нејзе, се наполнија батериите. Ме погледна радосно и полека се исправи.


(декември 2007)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: She and lady_blue

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,420
1,153
приказните започнуваат со заборав


-А ти си?​
-Точка.​
-Ти си Крај?​
-Почеток на сите приказни. Раѓање на сите светови.​
-Ти си Небо?​
-Небо, на врвовите на прстите.​
-Тогаш биди Небо на врвовите од моите прсти. Биди почеток на мојата приказна. Биди раѓање на мојот свет.​
-А ти ќе бидеш?​
-Бескрајот во твоите очи.​
му ја подаде раката
Небото воздивна, тивко си помисли
и таа заборави… центарот на кругот, не е место за сонувачите…
 

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,420
1,153
залудно непотрошено бело

Посакав да е бело.
Сѐ внатре да е бело.
Бели ѕидови, бели подови, бели завеси, бели парчиња намештај, бела постелнина, бели перници, бели чинии, бели украси, бели рамки, бели полици, книги со бели корици.
Посакав сѐ да е бело.
И почнав да ги менувам. И почнав одново да ги создавам. Некои во бело ги обоив, нешто во бело пресоблеков, дел со бели ги заменив, остатокот го исфрлив.
Имав бело.
Посакав сѐ бело да остане.
И будно внимавав.
Да не капне, да не се истури, да не остане отпечаток, да не падне ронка вкус, да не се излее капка мирис, да не остане дамка, ниту една, ниту најситна. Да не се изгуби белото. Да не се промени ни милиметар од белото, ни секунда од белото.
И не капна, не се истури, не остана ниту еден отпечаток, не падна ниту ронка вкус, не се излеа ниту капка мирис, не остана дамка, ниту една, ниту најситна. Не се промени ни милиметар од белото, ни секунда од белото.
Поминаа години.
Имав бело. Имав сѐ бело. Совршено бело.
........
-Тука живее некој?
-Не, а требаше…. требаше да живеам јас.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena and She

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy

Време е да одам

Време е да заминам од минатото... Спомени собрани во ковчег, слики на уште еден безнадежен обид да ти кажам. дека...
Зарем вреди да чуеш? Да го видиш итака веќе стопати пуштениот филм, каде што сликата имаше боја... и мирис на среќа.
И ти си во него... И јас... Насмевките ни` се едно. И погледите. Вперени во самите нас. Ја читаат нашата прикаска. Го гледаат филмот со двајца актери.
Ти... и јас.
„Засекогаш.“

Будење.. Морам да престанам со себе сожалувачките мечти. Време е да заминам од проклетото минато, полно со спомени кои не ветуваат ништо освен болка.

(Октомври 2010)
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
Месечина

Дали некогаш ќе ги почувствувам сите оние емоции ги криеш зад твојата мистична светлина? Дали некогаш си се почувствувала толку моќно да можеш да ослепиш смртник додека пешачи по ноќните пустински часови? Го сакам тоа чувство кога ти си месечината. Тивка, нежна, опфатена со боја на насмевката на твоето лице. Секогаш насмеана им ја преточуваш среќата која ти ја подарувам, додека талкаш по небото. Тогаш јас сум твоето сонце, а ти мојата малечка месечинка. Залезот и зората се нашите најсреќни мигови. Тогаш сме едно, додека небото не стане црно. Утрата ги поминуваме во топлата прегратка за збогум и со ветување дека повторно ќе се видиме кога јас ќе зајдам зад планините.

(мај 2008)
 

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,420
1,153
таму

Таму, живее таа.
Тоа е нејзината врата.
Патеката која води до неа е тесна и кривулеста.
Многу ретко некој поминува таму.
А таму, убаво е.
......
На влезот стои таа, детинесто насмеана, вели тивко – добредојде и те повикува да влезеш.
Таму, понекогаш нема премногу светлина. Дури би рекла дека ја нема ни доволно. Но, ако гледаш во нејзиното лице, тоа нема ни да го забележиш.
Погледни.
Слушај.
Таму, боите се смеат.
Прелевајќи се една во друга, слевајќи се една низ друга, танцуваат, се допираат, воздивнуваат, се` додека не станат една боја, иста, а секогаш поинаква .
Таму, насмевките ги бојат воздишките.
И со секој твој здив, секој нејзин здив, се испреплетуваат, една низ друга, една во друга, се` додека не станат една единствена насмевка, речиси громогласна, а сепак тивка, иста, а секогаш поинаква.
Таму, секој миг има своја нота.
Таму, е таа, твоја.
Почувствувај ја.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena, Ghtalpo and She

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
Мазохизам
...И тогаш ја видов прв пат. Се појавија првите знаци на мачење. Почна срцето забрзано да ми работи. Страв, несигурност... од што??? не беше крај на светот туку само еден поглед. Мислите ми беа поматени; се шетаа хаотично судрувајќи се една од друга. Слабост... тлото под нозете почнав да го губам. Мирот не знаеше кој пат да го фати за да повторно стигне во душата. А и не мораше. Можеше само да го уништи хаосот кој иако веќе владееше, беше фин на свој начин. Го сакав тоа чувство на несигурност, немир... Како дрога. Колку повеќе го имав толку повеќе го сакав. Алчност??? Би рекол ... таа растеше повеќе и повеќе. На крајот веќе не се трпеше. Болките беа неиздржливи. Умот веќе ништо не перцепираше, нозете едвај го држеа телото, срцето беше на работ на својот опстанок - ќе експлодираше секоја минута. Наеднаш почувствував како паѓам. Тонев во воздухот слушајќи како ветерот ми шишти во ушите. Во стомакот почувствував пеперутки. Адреналинот како ненормален се качуваше. Очите ми беа затворени, но како да знаев каде одам. Ја почувствував водата... Прво на стапалата пап потоа по целото тело. Се нурнав внатре, како клинец закован во земја. Тишина... Мирот молскавично завладеа. Толку беше. Мирот си го заврши своето. Уште еднаш ќе скокнам од карпата. Такв чувство не се пропушта.

(ноември 2007)
 

Astrostoper

Активен Член
5 март 2012
224
249
43
совршен сон

Тој ја чека, со цвет во рака, покрај мостот. Таа, пак, дојде на сосема друго место во градот. И двајцата уживаат чекајки се во исто време. Таа и тој го сонувале сонот на судбината, за времето и местото. Овојпат нејзиниот сон бил надежен а неговиот не толку уверлив, што се однесува до местото а сепак многу добар за времето, за разлика од пред неколку дена, кога таа не го сонила местото воопшто, а сепак чекала. Ќе чекаат уште некое време пред да си заминат секој на своја страна во своите кревети, каде можеби една ноќ и двајцата ќе сонат навистина СОВРШЕН сон.
.
Совршен сон , всушност е сон , кој двајцата исто го сонат, без разлика каков е.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: lady_blue

littleblackdress

Полноправен Член
22 февруари 2012
96
74
18
Ова не е за читање
Уживам.
Се чувствувам.
Живуркам.
Мрзнам.
Сакам.
Читам.
Се плашам.
Фантазирам.
Повторно се плашам.
А всушност се што правам - пишувам кратки реченици кои не се за читање.

Кога некому ќе кажам веќе не се чувствувам дека тоа нешто било поврзано со мене. А зборувам многу. И давам многу. И затоа се чувствувам сама без моите мисли. Оти ги дадов на него. Ми ги зеде таа. Дојдоа по нив и си заминаа.
Тие мислат дека сум паметна. Оние другите дека сум патетична. Во право се. Најдобрата одлука е кога се двоумиш. Затоа јас толку често имам толку добри одлуки. Не сум определена. А тие мислат дека сум, оти велам дека сум. Ама веќе им го кажав и тоа не е мое.
И да.. овие кратки реченици.. ова не е за читање.
Оти се плашам повторно од вас.
фантазирам за вашите реакции.
се плашам од сарказмот во мене.
сакам да знам МНОГУ
читам за да исполнам некоја внатрешна цел.
мрзнам во недоволната топлина на мојата душа.
живуркам сакајќи да направам нешто.
се чувствувам така и онака.
уживам во моите идеали.

оти се се враќа. ништо не се отпишува така лесно. ниту така тешко. нема судбина. има ногу религии. има многу вистини, но кој да ги сфати?
и пак читаш. Па што правиш бе човече? Се обидуваш да најдеш нешто добро во сето ова? или лошо? или убаво ти е? убаво е да се потсмеваш на болни умови. и јас се смеам. убаво е да се смееш. и уште еднаш.. не читај го ова!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Angiie and lady_blue