Раскази

Baronessa

Истакнат Член
13 февруари 2012
541
751
93
Los Angeles!
Инспирирано од ноќта која гледа преку очите на криминалот.

Заминувањето од уличното светло, кон непознатото во ноќта со по некоја пара плус во малата црна-плик чантичка и повторно враќајќи се назад на тротоарот, како да беше секојдневен начин на живот.
Глорија, како слава... беше име кое луѓето од средната класа или т.н богаташи во успон, многу добро го познаваа и на некој начин го обожаваа бидејќи го познаваа и на некој начин им ги исполнуваше осамените ноќи, но и им го олеснуваше новчаникот кој беше ефтина копија на светски познат бренд.
Љубопитност за она што би можело да донесе денот секогаш ме нагризуваше во внатрешноста, но ноќниот живот не ми дозволуваше да го вдишам сончевиот зрак.
Секогаш легнував пред зори а се будев на самрак.
Пресврт беше кога гласна бука ме разбуди и веќе не можев да заспијам повторно.
Го увидов предизвикот и го зграпчив. Излегов на мала прошетка во блискиот парк.
Ми се допадна детскиот џагор, сонцето и нежниот ветер. Сватив дека многу сум пропуштила работејќи како ескорт дама.
Па утредента почнав да барам работа и ја најдов по извесно време.
Раскажував за моите искуства во ноќта на тинејџерики на кои пубертетот им удрил в глава.
Постепено го напуштив тротоарот и уличното светло. Бев исто толку задоволна како што бев во бликото минато.
Утрото ми беше како оргазам, а кафето и цигарата на пладне како крајно воздишување кога почнував да се опуштам и уживам во ноќните часови.
Сега ноќта ја минувам во сон и пишувам за сексот кој се наплаќа и нормално за ноќните случувања покрај тротоарот на безобразлукот и страста. Успехот и примањата се исти но задоволството е поголемо, бидејќи открив нови патишта и го запознав природното светло..
 
Scars

Староседелец
17 февруари 2012
2,229
3,538
1,143
ЈА МРАЗАМ ТЕЖИНАТА НА НЕКАЖАНИТЕ ЗБОРОВИ!!!! :/
Какво значење имаат зборовите ако не ја испразниме нашата душа? Колку вредат ако само ги подтиснеме длабоко во нас? Ве мачи ли помислата дека ако сте ги кажеле сега ќе бевте во попријатна ситуација? Што се зборовите ако не се кажани таму на тоа место и во тоа време?

Зборовите не се само криви линии без воздишки...зборовите се низа на чувства... они недоискажани, тешки, полеани со солзи, оние кои
секогаш треба да ги кажеме а не можеме...
Гордоста пред зборот? Иронично, и самата гордост е еден збор напишан пред поимот...

Можеби некогаш премногу зборувам но многу малку сум кажала, можеби некогаш сум потрошила цел час за да кажам нешто а имам чувство дека ништо не сум изнесла од мојата душа, не она вистинското, не она што сум имала намера да го кажам... сум бегала, низ лавиринтот од чувства и зборови, погрешен излезе, нов лавиринт...

Тешко е, мене ме мачат сите зборови кои не сум ги кажала, сите нешта кои сум ги премолчила, сите патишта чиј правец сум го скратила неизустувајќи ни еден вистински збор...
Јас се каам што премолчувам, што подтиснувам и оставам да тлее длабоко во мене... но ете, тие неколку збора кои некогаш не сум ги кажала прераснуваат во лава која чека да излезе од вулканот, чека момент, час, време...чека вистинско место и вистинско време... и пак запира... како да се полева со најголемата бура што човекот ја видел, како да удира во огромна санта мраз, како феникс да ги губи своите крила... пак станува жарче... пак ме измачуваат и пак остануваат во мене...

Јас просто сум личност која може директно да каже секому што мисли, личност која не се грижи што рекле другите затоа штво нивните зборови не ми значат и како најголема иронија на сето тоа јас сум личност која тешко и ретко ги покажува своите чувства...

Мразам што зборовите останале во мене, мразам што некому не сум кажала колку ми значи и колку наредниот ден би ми бил сив без него... мразам што тие зборови ги чувам во себе... мразам и што пред другите кажувам дека не сум ги сокрила... мразам што онаа личност на која и се наменети никогаш не ги слушнала... мразам што помислувам дека ако тие зборови излезеле од мене ќе променев нешто, ќе се променев себеси, ќе ја сменев ситуацијата... го мразам тој дел од себеси... мразам што премолчив, мразам што премолчувам, мразам што никогаш нема да се променам... ЈА МРАЗАМ ТЕЖИНАТА НА НЕКАЖАНИТЕ ЗБОРОВИ!!!! :/

Јас сум феникс, исраснувам од пепелта, станувам по поразите и се гордеам со успесите... но неискажаните зборови? Пред нив сум зрно песок...

Може ли да се смени нешто?????????? Има ли надеж дека зборовите ќе ги кажам некогаш и негде без да ги потиснам во мене???????????
Ужасно...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Sako and Alex M.

Utopian

Нов член
3 април 2012
27
24
3
30
Приказна од дневникот на еден тинејџер

После се на крај секогаш се добива решението дека третратка
најдобро ги впива солзите, пенкалото ги кажува зборовите наместо тебе, ти ги чита мислите најдобро од сите.
Ех таа хартија колку пати сум ја почувствувал како најблиската личност на светот...
само што неможе да зборува, или сепак може, но јас не ја разбирам, како што другите често
не ме разбираат мене.
Ќе ги напишеш неколку зборови кои за тебе ќе значат сеќавање,
спомен или далечна меморија од изгубени денови на смеа радост тага, разочарување...
ти само пишуваш, кажуваш се што сакаш без да добиеш критика за делото кое ни ти
самиот не си сакал да го направиш.
И седиш така во еден агол од својата соба во раните часови на мракот, за да го истуриш целиот гнев
врз страниците кои ништо не ти згрешиле.
Се сеќаваш дека имало денови кога врисокот на твојата болка си го прикривал со шумот на водата во бањата,
дека си чекал полноќ сите да заспијат за да не те видат како се враќаш дома со очи полни
разочарување и душа уморна од 24часовната борба... две- три долги воздишки низ маглата, и цртање лажна насмевка
со невидлив молив, (кој другите сепак го гледаат) пред да ја отвориш влезната врата.
Таа вечер сваќаш дека единствено што ти преостанува е следниот ден да глумиш дека се е во ред, затоа што
кога ќе се занесеш во улогата барем
на момент помислуваш дека претставата во која си среќен е вистинита.
Тик...так...часвникот отчукува пак, и за секоја секунда ти ги броиш голтките алкохол кои си ги испил во барот...
Е да, алкохол и тинејџер, во годините кои треба да бидат најубавите во неговиот живот.
И се што добиваш од страна е само критика од личност која заборавила дека некогаш била на твоето место.
се сеќаваш на дека често зорите од летниот распуст си ги дочекувал на некое од твоите скришни места,
за кои можеш само да фантазираш дека се излезени од твоите соништа.
Се гледаш себеси, една вечер, како седиш на камените скали, пиејќи пиво од самрак до зори, и знаеш дека
нема да ти наштети затоа што ќе го исплачеш до последната капка. Потоа се смееш и ја пееш тивко песната чиј
текст одговара перфектно на твојата ситуација, додека поминува една љубопитна мачка, се плаши и заминува...
и пак остануваш сам.
Често заслепен од гласовите на околината кои со прстот те колнат поради твоите грешки, а ти си среќен што си ги направил,
затоа што си се здобил со ново искуство, си научил како следниот пат да не паднеш во иста дупка.
Често се прашуваш дали некој некогаш те предупредил дека животот ќе биде баш таков,
и дека најтешко е кога се чувствуваш како земјата да ти се руши под нозете а небото гори над тебе.
Покрај решенијата кој треба да ги носиш за проблемите, и стратегиите за сигурен пат до саканата цел,
мораш да размислуваш со внимание за да не ја нарушиш довербата на другите во тебе.
За да не ги изневериш нивните очекувања од тебе, кои сами ги создале, па глевен виновник си ти ако тие погрешиле.
Да, знам и самиот дека сум направил разочарувања . грешки и глупости, но сеуште вредам да бидам ценет затоа што никој
не е совршен, и никој не е онаков каков што ние очекуваме да биде.
Лесно е да се критикува, но тешко е да бидеш критикуван затоа што пушиш цигари, кога оние што те критикуваат
незнаат дека цигарата на моменти е подобро рамо за плачење од самите тие.
Ќе ти речат дека твојот образ е црн, без да знаат дека си се изгорел кога си мислел дека убаво е долго да гледаш во сонцето.
Заспиј, кога уморот сам ти ги затвора очите со помисла и надеж дека следниот ден ќе можеш да му измислиш насмевка и на сонцето.
Заспиј, кога сакаш да се разбудиш со подобра шанса за нова игра, но немој низ сонот да заборавиш дека утре
те чекаат другите кои заборавиле дека не си единствениот грешник.
И потоа мораш да го прекинеш пишувањето на денешната приказна за твојот дневник затоа што согледуваш дека последните
реченици кои си ги напишал немаат никаква смисла, а за следните немаш никаква идеја. Инспирација убиена од родителите
што често заборавват дека на еден тинејџер му треба време кога несака да зборува со никого.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Angiie and Scars31

Scars

Староседелец
17 февруари 2012
2,229
3,538
1,143
. Потоа се смееш и ја пееш тивко песната чиј

се препознав :( преубав текст се наежив !!!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Sako and Utopian

Lady*

Староседелец
1 април 2012
1,965
6,158
1,133

Колку е само преубаво..:sreken
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Scars31

Cernodrimski

Староседелец
4 април 2012
13
12
1,003
60
дел од расказот
Договор со Смрта.

-Стрико Атанасе,ејј стирко-викаше детулево нешто посабајлина,ама како од бунар да му доаѓаше гласот,го слушав,ама ликата не му ја гледав,кога ги сетив тоа шлапатарките негови како ми ја дрмаат снагата силно тогај поарно погледнав и го видов пред мене-стирко атанасе ме гледаш или пак забега ти со паметот.

-Ами право да ти кажам,сум забегал,сум забегал страмота е да те лажам-му одговорив искрено на Благојчо Неделков.

-стрико,тебе некоја голема мака мора да те натиснала,шо вака секоја собајлина те гледам,ќе седнеш под дудинкава,ќе си ги наполниш градите со црни чемери,а мискојнава сива што ја пушташ од чемерот твој туку евеја на прозор кај мене,ќе се залепи и ме буди ранорано,

-ако сакаш и ти некоја драм од чемеров да ти свиткам-го прашав а тој само шеретски се насмевна и ме одби учтиво,а беше културно детулево,и школувано,и од домаќинска куќа му беше семката.

-сполајти на понудата, исто како да сум земал, туку ај да си сркниме од кафево што ти го донесов,па после да ги растресиме заспаниве гради со по некоја капка од лудачава,е после што ќе прајме ќе прајме.

Го погалив родителски по косата,пробав да ја сокријам солзата која како некој скриен кодош да ми седеше во аголот на окото,па сега кога раката галеше,таа предавнички истрча да се покаже,не му избега меретната на оштрото око на Благоја.

-ти плачеш.

-не јас онака по старски си го замивам образот,ме мрзи да одам на чешма да се заплакнам,па ете одвреме навреме ќе прокапи по некоја солза која ќе ми ги турне гурелките залепени.

-Не не ти плачиш оти имаш некоја мака,ако не си арен,еве денес ќе одам вград па бујрум со мене,ќе те однесам на лекар,нека те прегледаат додека јас ги завршам сите работи,што велиш.

-остај ги настрана тие работи,арен сум арен сум,сум издржал и побетер од овие дни.ќе мине брзо исто како облачето што брза пред сонцето да не го изгори,ќе мине синко.

-како сакаш,само да не си ми во мисла,ај ќе те молам барем надве натри кажими што си ми така денес нареден со бигори.

-долга и широка е мојата приказна,синко,долга колку што се долги сите истечени води на Вардаров во Егејот,ете толку е долга ама и широка мојата приказна,оди ти денес бркај си работи,па кога ќе се вратиш,ќе ја опрајме тука под дудинкава,можеби за мене ова ќе биде уште една долга и непреспана ноќ,но барем нема да биде празна,ќе ја исполна вечерва проклетницата со многу зборој,ќе и ги истурам,па нека се јадосува таа,нека и таа малку налепи од чемерот мој,нека и таа малку офне во мугрите,нека и таа малку зацвика кога волкот ќе завија на полноќ.нека и нејзе и затрепери темнината кога ветерот ќе ги разбрка лисјето полускапани на триста страни,па затоа оди оди дете вршисиги твојте работи,па кога ќе се измориш,елај тука вечер под дудинкава,да ги исправиме сите криви друмој.

Го лизнавме,го шмркнавме кафенцето молчешкум,ја истуривме лудачата по градите да ни рија како аждаја,да копа по жоличките,да ископа уште некој заборавен спомен,па откако и тоа сврши,стана Благоја,се извини понизно,небаре со царот пелагонски муабетеше,и замина,замина детулево,а јас останав со мојата секојдневна друшка,ѕверот со сто лица,останав со мојата глува нодркса и безобразна самотија,денот некако почна да ми бега,а бегаше меретниот оти јас не го мерев времето,па затоа тој мислеше дека е секогаш предвреме,кога ќе се фатев за саатот е тогај ќе се сепнеше,и јас барабан со него рамо до рамо ќе застанев,ќе му сенасмевнев онака невино детински и ќе му речев на денот.

-а кај одиш ти без мене,мислиш дека ќе најдеш некој подобар од мене,па тој ќе те направи поубав,тој ќе те направи повесел,абре будалетинко извејана,па зар несвати овде во оваа пустелија останавме само старци ,остарени недоквакани,доодени,знам знам дека сестрати ноќта е побогата од тебе,знам зошто се лутиш,навечер во оваа пустелија и малдежот се прибира,па така таа повесела од тебе со некоја скриена воздишча,со некој прв бакнеж,со по некоја сочна пцовка,те знам зошто си лут,и зото така бегаш од мене,туку ај што сум се расприкажал толку ,ај да се фатам на некоја работа,ај да те исполнам и тебе,ама ќе те молам да не се мрштиш ако видиш дека ја работам истата работа од вчера,префати овде однеси таму,немој да се мрштиш,или недајбоже ти текни како што си улав со паметот,па да ги викниш оније твојне ортаци,улајне ветришта,па тука да напраат како некни боиште невидено.ај сега одиси ти по патот што треба да си го издиш,кога ќе се измориш,поседи ај јас кроце кроце ќе те фтасам-си зборував секој ден така самиот со себеси,не ми беше важно дали денот ќе ме слушне,не ми беше важно дали ќе ме свати сериозно,ама јас си зборувам,ете некој старци од селово пуштија некој гласој дека натемаго паметот ми го зел,кога сум одел сум зборувал сам со себеси,дека ме воделе секој ден триста ѓаволи,дека сум одел по нивните улавштини,само некаги нека ломотат,ако не ломотат ќе онемат,устата ќе им испука од крастите молчеливи,кој секогаш доаѓаат кога ја држиш устата затворена повеќе од три дни,така велеше поп Цветко кога проповедаше,дека устата била за јадење и зборување,дека ако не била устата бадијала ќе ни биле сите наши мудрости,ќе немало кој наглас да ги прочита,да ги каже,којзнае,можеби и имаше право Цветко со неговата попска филозофија,ама понекогаш и немаше право,но селаните сепак го дослушуваа,оти бепе свет човек,оти тој само тој ја имаше таа привилегија,кога ќе влезеше во олтарот да прави муабет со Господа дирекни,Поп Цветко ќе му запееше и низ песна ќе му ги кажеше нашите маки,а дедо Господ милостив,ако земјата ни испукала,ќе ни пратеше некоја кашка дожд,дождот ќе ја навлажнеше земјата,амаи од нас ќе ги симнеше гадотиите,оти ние имавме обичај кога ќе заврнеше многу дожд,излегувавме сите кој кај стигне и се тријавме со сапуни,така преку алишта,со триењето,гледавме да го симниме сиот собран страв што беше се завлекол и во алиштата,ќе се тријавме со свинките сапуни,селото за миг ќе се исполнеше со бројни мали меурчиња кој се мешаа со капките и потоа исчезнуваа.

Се тегнеше денот небаре ластик од коперација е донесен,ама не му давав мира,каде тој таму јас,тој чини еден чекор,јас напрај еден чеко,неговиот поголем,мојот помал,ама гледај чудо ако чекореше наголемо а јас со мали чекори,гваеешки еден до еден одевме.не ни забележав кога полека од планината се смкна мракот,кога ми натежна на плеќиве,се опулив поарно и видов дека е време да ја запалам електриката,светна лажната белина,светна и го осветли дворот,сега кога си ја донесов меселината во дворот,седнав изморено под дудинката и пак негде зафатив со паметот да шетам по некој убави спомени,кога се видов како пијам вода од кладенецот на стојановата чука,ми се врати силата,незнам дали од бистрината или од ладовината која ми протече низ градите,ама криљата ми пораснаа,не беа оние ангелски ако некој мисли,туку овие беа оние детски,бели убави и неиспраскани со ниедна животна гнасотија,на ниедно крило не беше налепила ни една туѓа пизма,па тие беа така лесни и брзи,да само што си посакал тие те однеле на место.
 
lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,420
1,153
3.
Тоа што атељето на г-ѓата Таа-и-таа навистина не се наоѓаше на било кое друго место на Земјината топка, ами "на ова Боже-ме-прости забаталено место", за г-ѓата Таа-и-таа беше колку казна толку и благослов.

Се разбира зборот "казна" е предраматичен, но г-ѓата Таа-и-таа неретко имаше обичај да драматизира. Ништо необично кога ќе се земе во предвид фактот што г-ѓата Таа-и-таа потекнуваше од семејство, кое слободно можеше да се нарече "Комплетна збирка на примероци од разновидни човечки карактери", па еден од најдобрите начини, а понекогаш и еден од единствените начини да се привлече и задржи вниманието на околината врз себе, беше токму тоа - употребување на драматизација при изразувањето на желбите, мислите, идеите и чувствата.

Како второродена ќерка во семејството на г-ѓата и г-динот Фиљан-и-фиљан, а воедно и како последнородена, односно најмала, поточно најгалена внука во рамките на поширокото семeјство Фиљан, г-ѓата Таа-и-таа, тогаш се разбира само г-гица Второродена-ќерка-на-г-ѓа-и-г-дин-фиљан-и-фиљан, ја имаше можноста одблизу да ги набљудува разновидните примероци од човечки карактери кои го исполнуваа нејзиното секојдневие.

Тогаш сеуште малата г-ѓица Второродена-ќерка-на-..... имаше необично силна дарба не само за набљудување, ами и за забележување на секакви детали, се` до оние најситните, па не ѝ претставуваше никаква тешкотија да сфати како и зошто функционираат нештата во рамките на поширокото семејство Фиљан. Па така, за брзо време си ги дефинираше насоките по кои треба да се движи, како и начините на кои треба да се движи. Во зависност од тоа што ѝ се вртеше низ главатa како желба или замисла, тогаш сеуште малата г-ѓица Второродена-ќерка-на-..... , дефинираше каква и колку обемна драматизација ќе ѝ биде потребна.

Сепак, генетиката не е така едноставна работа, па понекогаш при комбинирањето на дадените генетски материјали се провлекуваат и непредвидени детали, доволни за да ја нарушат однапред утврдената математичка формула. Така, при комбинирањето на генетските материјали на г-ѓата и г-динот Фиљан-и-фиљан, процес чиј крајна цел беше билa г-ѓицата Сеуштенеродена-второродена-ќерка-на-...., успешно да го помине патот од идеја до реализација, се беше провлекла една нишка, (до денес не е со сигурност утврдено по чија вина, иако трагите повеќе насочуваат кон г-ѓата Фиљан-и-фиљан, отколку кон г-динот Фиљан-и-фиљан) која во вообичаените збирки на примероци на разновидни човечки карактери, дополнети со списоци на човечки карактеристики, се наоѓа под буквата "Д", според општоприфатеното име кое го носи. Поточно, според името "Добрина".

Не треба да се нагласува дека драматизацијата не може ни одблизу да ги достигне врвните резултати кои без проблем би ги достигнала, кога не би го имала пред себе постојано присутниот предизвик, наречен "Надитрување на Добрината во два, три, десет или повеќе чекори".
Треба ли воопшто да се нагласи дека предизвикот најчесто завршуваше со неуспех?

( „Приказни од врвот на иглата“)
 
Марија

Poétesse
14 април 2012
1,146
2,491
1,123
Скопје
Ме уништуваш.
Ги залекувам раните, ги пакувам старите болки, го затворам куферот и тогаш се појавуваш повторно, од никаде . . . ми фрлаш трошки. Ги собирам како гладен скитник и повторно го отварам куферот. Ме поплавуваат старите сеќавања и чувства. Тонам во амбис на безсознание, а ти си одиш. Ми кажуваш дека е подобро така . . . проклетство, зарем за тоа се врати ?!
За да ме распараш, за да ме потсетиш колку те сакам и да ме оставиш во онаа истата уништувачка агонија . . .
Ме праша ли дали јас сакам така? Ме праша ли колку ноќи потрошив слушајќи ги нашите песни, оживувајќи ги спомените, плачејќи врз ковчегот на нашата љубов ?
Лесно е да си заминеш, лесно е да порекнуваш дека нешто постоело . . . лесно е да се ставиш себе си пред се наше, заедничко, лесно е да се ставиш себе си пред мене и моите чувства, и моите солзи и страдања . . . лесно е да си отидеш како тивок победник криејќи се под знамето на цврстината.
Останувам сама, повторно. Пред мене распакуван куфер. Во срцето ми се брануваат чувствата, во умот сеќавањата, на кожата го носам твојот допир, а на усните ми спијат твоите бакнежи. Сето тоа, треба рамнодушно да го спакувам и да заборавам дека некогаш постоело. Навидум, задачата е лесна.
Со испливувањето на сонцето добивам сила, јака сум и можам да продолжам напред. Се тешам себе си, успешно, се додека ноќта не го покрие небото чии ѕвезди ми ги поклони.
Тогаш, одново ме напаѓаат сите демони на нашата љубов. Ми ја посочуваат, ја влечат на површината и ја расфлаат насекаде. Тивко го плачам твоето име. Не го проколнувам . . . само плачам и ја чекам светлината на утрото . . . со неа добивам надеж дека конечно ќе успеам да го заклучам куферот. . .
изгледа морам да се ослободам од работите кои повеќе не ми припаѓаат.
 
lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,420
1,153
5.
Г-ѓата Таа-и-таа навистина мислеше дека нејзината работа е најубавата работа на светот. Само, понекогаш, забораваше. За волја на вистината, тоа “понекогаш” се случуваше многу почесто отколку поретко, но сепак, на крајот на денот, кога вообичаено именуваниот понеделник биваше преименуван во Краен рок 18.00!, г-ѓата Таа-и-таа, се присетуваше.

Додуша се присетуваше и дека првичната идеја во однос на тоа како би требало да функционира атељето на г-ѓата Таа-и-таа беше, најблаго речено, малку поинаква, но “што да се прави, кога мораш да се прилагодиш, тогаш барем прилагоди се практично”.

А г-ѓата Таа-и-таа, одамна беше научила како да биде практична личност.

Имено, кога г-ѓата Таа-и-таа, тогаш сеуште г-ѓица Второродена-ќерка-на-…. , имаше осумнаесет години, на голема врата ја објави својата единствена животна желба и цел, да биде сликарка.
Имајќи во предвид дека во поширокото семејство Фиљан, дотогаш никој ниту изразил таква желба, а Богами ниту пак помислил на такво нешто, не е тешко да се претпостави реакцијата која објавата на тогаш сеуште г-ѓицата Второродена-ќерка-на-… , ја беше предизвикала.

Во тоа време беше било незамисливо “една млада дама да се занимава со таква непроверена и опасна работа, која никако нема да и` обезбеди финансиска сигурност, посебно не во едно такво Боже-ме-прости забаталено место”.

Советот на поширокото семејство Фиљан, после долго и исцрпно заседавање, донесе едногласна одлука “таа неразумна желба да биде под итно преиспитана, а фала Богу и преиначена, во некоја друга, попрактична и финансиски оправдана”.
Г-ѓата Таа-и-таа, тогаш сеуште г-ѓица Второродена-ќерка-на-…. се обиде да го искористи својот скриен адут, употреба на драматизација и тоа во невиден дотогаш обем, но советот на семејството Фиљан не се предаваше. Крајниот заклучок беше тој – да се постапи практично!

На младата, тогаш сеуште г-ѓица Второродена-ќерка-на-… не и` преостануваше ништо друго, освен да постапи практично.
Па, така и направи.
И се омажи за сликар.

Сепак, бидејќи ова се “Приказни од врвот на иглата”, а не “Приказни од спалната соба”, на г-динот Тој-и-тој нема да се навраќаме повеќе од неопходниот минимум.
…………….
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Luckky