Раскази - Хумор и Сатира

grupa serigii

Староседелец
9 декември 2018
286
50
1,038
77
AКО ЛАЖЕ АФОРИЗМОТ, ЛАЖЕ И ВИСТИНАТА

Тунелот со Бугарија ќе заврши како бушење уши:
од едното влегува од другото излегува.

Партијата е револуционарна.
Затоа е сместена во државна администрација.

Нема патриоти и предавници.
Има гласачи - еднаш за едните, другпат за другите.

Црвените линии во Уставот се црвен семафор за државата на патот кон ЕУ.

За повратниците ветувања, за емигрантите станови, работа, плати...,
за државата нови бугарски пасоши.

Партиските тупаници создадоа патриоти без граници.

Да купиш диплома треба да купиш и професорот.
Ефтина роба само да се проба.

ЕУ стана кратенка за нашиот нЕУ-спех дома.

Не сакаше да гаси – се самозапали.

Менува летни и зимски гуми, ама од опинците не се откажа.

Земја, вода, воздух - за дивоградби, загадени водотоци и ветар во магла.

Ѓаволски е тешко да се дели памет на грешници, рече Бог -
и ја создаде ВИ.

Се молат инсектите да не зујат многу, оти ептеме се трошат субвенции за препарати.

Наместо семафори, прилепчани повеќе сакаат кружни токови.
Возат како слепи патници.

Нема Новогодишна честитка.
И во новата ништо ќе нема.
 

grupa serigii

Староседелец
9 декември 2018
286
50
1,038
77
И понатаму верувам дека Гулабот на мирот е сеуште недофатлив за секој воен радар.
 
Последна промена:

grupa serigii

Староседелец
9 декември 2018
286
50
1,038
77
Сите македонски и бугарски политичари побрзаа да имаат некаква корист
од скршеното стакло на Бугарската амбасада во Скопје.
Само џам ќе исправат.
 

grupa serigii

Староседелец
9 декември 2018
286
50
1,038
77
Гренланд ме замрзна кога ќе помислам на Македонија.
Најдобра понуда од посилните ќе биде тука да бидеме кираџии.
 

grupa serigii

Староседелец
9 декември 2018
286
50
1,038
77
Има часовници отпорни на вода, прашина, кал, на жештина,
на студ, мраз, на рѓа, но нема часовници отпорни на талог.
 

grupa serigii

Староседелец
9 декември 2018
286
50
1,038
77
Владиниот авион ни било од времето на браќата Рајт.
И владата ни е од времето на браќата Рајт.
ПС
Авионите на браќата Рајт не паѓале. Немало политички атентати.