AКО ЛАЖЕ АФОРИЗМОТ, ЛАЖЕ И ВИСТИНАТА
Тунелот со Бугарија ќе заврши како бушење уши:
од едното влегува од другото излегува.
Партијата е револуционарна.
Затоа е сместена во државна администрација.
Нема патриоти и предавници.
Има гласачи - еднаш за едните, другпат за другите.
Црвените линии во Уставот се црвен семафор за државата на патот кон ЕУ.
За повратниците ветувања, за емигрантите станови, работа, плати...,
за државата нови бугарски пасоши.
Партиските тупаници создадоа патриоти без граници.
Да купиш диплома треба да купиш и професорот.
Ефтина роба само да се проба.
ЕУ стана кратенка за нашиот нЕУ-спех дома.
Не сакаше да гаси – се самозапали.
Менува летни и зимски гуми, ама од опинците не се откажа.
Земја, вода, воздух - за дивоградби, загадени водотоци и ветар во магла.
Ѓаволски е тешко да се дели памет на грешници, рече Бог -
и ја создаде ВИ.
Се молат инсектите да не зујат многу, оти ептеме се трошат субвенции за препарати.
Наместо семафори, прилепчани повеќе сакаат кружни токови.
Возат како слепи патници.
Нема Новогодишна честитка.
И во новата ништо ќе нема.