Раскази - Хумор и Сатира

grupa serigii

Староседелец
9 декември 2018
286
50
1,038
77
Дај Боже да влеземе во ЕУ, и никогаш да не излеземе.
Како во гроб.
Подобро да чекаме воскрес од гроб, отколку живот во Македонија како роб.
Што се однесува до немањето правото на глас во тоа друштво,
тоа не е некој голем хендикеп.
Ние тука и мртви си имаме право на глас – на избори.
 
Последна промена:

grupa serigii

Староседелец
9 декември 2018
286
50
1,038
77
Бугарија не кажа многу по повод извештајот за напредокот на Македонија
во Европскиот парламент, но кажа доволно:
Македонија ќе влезе во ЕУ не по дваесет, туку по сто дваесет години.
Кој чека ќе дочека, доколку Бугарија не се распадне по нивните сто дваесет следни
по ред парламентарни избори.
 

grupa serigii

Староседелец
9 декември 2018
286
50
1,038
77
На покана на лидерот, претставници на политичката, верската и општествената
фела се собраа на свечан ручек, по повод христијанскиот празник Велигден.
По тој повод, на гостите сигурно им беше доделено и по едно црвено јајце.
На сите останати, кои немаа чест да присуствуваат на овој настан, власта на јајцата
ќе им лепи сликчина.
 

grupa serigii

Староседелец
9 декември 2018
286
50
1,038
77
АКО ЛАЖЕ АФОРИЗМОТ, ЛАЖЕ И ВИСТИНАТА

Отстранет е висок функционер.
Власта згазна врз сопствено л...о.

Лидерот ја наслика реалноста во државата.
Тој е наивец.

Судот вага правично!?
Вредноста на обележаните девизи за мито се мерат со
вредноста на обележаниот.

Кога народот се идентификува како раја,
камшикот е единствениот јазик на говор и омраза.

После дожд сонце !?
Со климатските промени не се знае дали после пекол доаѓа рај
или после рај пекол.

На јавната осуда ниту еден јавен обвинител не може да и го одземе предметот.

Се обеси на кантар, но килограмите не ги симна.

Од брзите балистички ракети само стравот е побрз.

Ни ветија ветар во грбот, но како лоша временска прогноза.

За среќа потребни се двајца – два милиони евра.

Кога спиете со отворени очи, сонувате вклучен ТВ екран.

Кренете ги сидрото и запловете, им порача власта на младите.
Го фатија првиот воз и отпловија.

На Олимписките игри да се вклучат и боговите -
во натпревар за митови без допинг.

Во кафеана тоа е ќеф,
но чудно како во опера толку многу се пее а никој не лепи бакшиш.

Смогот гуши, цементарница праши, цигари се пуши –
само на уличните протести здраво се диши.

Сообраќајната култура во Прилеп и квадратурта на кругот
имаат нешто заедничко.
Кружните токови се заобиколуваат на ќош.
 

grupa serigii

Староседелец
9 декември 2018
286
50
1,038
77
Македонската влада упати повици до македонската дијаспора
порачувајќи им дека и се потребни на татковината за нејзин
економски просперитет.
Ќе можат и кравите да ги пасат по зелките.
 

grupa serigii

Староседелец
9 декември 2018
286
50
1,038
77
Американската дипломатија треба да ископа нов Панамски канал
за да го направи прооден Ормутскиот поморски теснец.
 

grupa serigii

Староседелец
9 декември 2018
286
50
1,038
77
Да му речиш на лидерот, да речеме, дека е арамија и лажго,
ќе одиш во затвор, но настаните од „27 април“ за него биле
престап ама не тероризам.
Впрочем, тој лично беше дел од тогашната владеачка гарнитура
и најдобро знае како учесниците во овој смислено подготвуван
државен удар, биле наивно наговарани и уверувани дека тоа што
ќе го направат ќе биде само престап.
Само колку да потсетам, во многу држави за ваков престап ги бесат.
ПС
Во име на вистината, во овој момент, најдобро ќе биде ако на граѓаните
на Македонија им се овозможи ТВ реприза од тогашните случувања,
тие самите, од аспект на една временска дистанца да можат да проценат
и оценат колкава тежина имаше овој политички чин тогаш, кој и ден
денес предизвикува сомнеж и недоверба во намерите на тогашните
властодржци.
А тоа, кој си го однесе, си го однесе. Нека му е за ум.
И ним и на многу други допрва.