Раскази - Хумор и Сатира

grupa serigii

Староседелец
9 декември 2018
223
47
1,038
76
Боси од Бога си

Откако се уплаши дека нашите граѓани ќе тргнат да чекорат по патот
на српските студенти, власта прво што удри беше врз чевларската индустрија.
Се понадева дека учесниците на вакви градски и меѓуградски протестни колони,
облечени во лоши или никакви кондури, тешко дека боси ќе стигнат до целта,
односно до нејзино разнишување и пад. Дека како народ, газејќи врз трење и
камење со векови, табаните одамна ни се отрпнати знаеме и од историјата,
а до каде така босоноги ќе стасаме денес, е веќе друго прашање. И за време на
Илинденското востание сме биле боси, дури седум дена, а за победата над
фашизмот треба да им благодариме на Сојузниците кои со падобрани ни
фрлиле војнички цокули за да ги изодиме сите наши маршеви во повлекување.
Боси сме и денес, а токму тоа е она што власта го сака. Не за џабе се вели:
бос или прос надор, силна држава - цврста, монолитна, ама и тоталитарна.

Ај босоноги на стапалата, ама боси сме и во умот. Кога босоглаво некого бираме,
именуваме, му даваме доверба, мислиш елита, умни, свесни, а сите ти биле од ист
овдешен сој – боси од Бога си. Толку и тој акал ни делил.

Стравот на власта за прелевање на некакво српско сценарио кај нас се чини
неоправдан. Не дека нашите студенти имаат или немаат сенс за еден ваков
активизам, или дека ептем се зафатени со болоњската испитна сесија, туку затоа
што тие на Болоња, како и на Милано, Рим, Париз и другите европски и светски
центри и градови гледаат како на своја иднина животна дестинација и надеж
за подобра иднина. Маршот ќе им го препуштат на пензионерите. Само уште
тие останаа тука.

И јас сум тука, ама како со три потиснати пршлени да марширам.

Отидов на бензиска да си турам бензин во колата и да ги проверам пневматиците.
Можеби од греота заради мојот разнишан скелет, или пак од почит кон постари
лица, ми пријде едно младо момче и ми вели, чичко дај јас ќе ти помогнам. Алал ти
вера бе момче, му велам, од мајка си бил роден, многу ти благодарам, а низ мислите
ми прелета, каква младина имаме, да ти е жал што ни бега. Момчето веќе се беше
наведна крај едно од тркалата, го стави цревото за воздух во капислата, и ми викна: уште !
А јас онака наглув на сиот глас викам ПУМПАЈ, ПУМПАЈ. Господ да чува, ама незнам
од каде, туку одеднаш окулу мене се створија дури три полициски комбина.

Да се крстиш дури и на Бајрам, не друго.
 
Последна промена:

grupa serigii

Староседелец
9 декември 2018
223
47
1,038
76
Нема повеќе јадење скара за Први мај.
Синдикатот порача: ќе ги јадеме живи.
 

grupa serigii

Староседелец
9 декември 2018
223
47
1,038
76
АКО ЛАЖЕ АФОРИЗМОТ, ЛАЖЕ И ВИСТИНАТА

Има виновници за се’ и сешто.
Во секој од нас бие некој демонски „Пулс“.

Власта е жива несреќа – меѓу тие несреќници нема жртви и мртви.

Избравме голем ама несолен, но и таков за многумина е вкусен.

Го симнаа Бог на земјата за да господуваат владицитократи.

Колку повеќе власта нурнува во подземјето, и гори на површина.

Завршија како старо железо, а пак ги лијат во бронза.

Дуалното образование е воспитание за феудални навики.

Во трула држава неодржив е било каков политички имунитет.

Читаат меѓу редови да воведат ред во државата.

Во виното е вистината за тепачката по пијачката.

Да сум јас лидер на утописка држава,
водените топови ќе ги отстапам на земјоделците.

Интервенцијата на докторот беше во границите со
референтните вредности на митото.

Направија рокада.
Кралот на дрогата стана топ тема во политиката.

Образовните реформи ги опфатија и партиските млади сили.
Нема повеќе сендвичи, само преодни оценки.

Не пишувам, повеќе препишувам.
И ми оди.

По шахофската, актерите битката ја водат и надвор од таблата.
Единствено фигурите знаат дека е време за мир.

Не бараме место под сонце.
Бараме се’ да излезе на виделина.
 

grupa serigii

Староседелец
9 декември 2018
223
47
1,038
76
ПО ПОВОД ДЕНОТ КОГА ТРЕБА ДА СЕ ОСЛОБОДИМЕ ОД ФАШИЗМОТ

Се повеќе партии и влади во Европа се вртат кон десниот национализам
и авторитаризам. Многу лидери со конзервативна провениенција понесени
од лесно ветувачкиот популизам бргу се свртуваат кон тоталитарното
владеење и политичкото самоволие.

Ваквaта апсолутистичкa политичка тортура ја имавме видено во ликот и
делото на Романскиот лидер Чаушеску, со неподносливата леснотија за
неговиот крај, облечен во громби капут пред стрелачкиот вод со животната
сопатничка покрај него. Европа сеуште во своето спомени ги носи траумите
од ваквите тирани. Стравот дека минатото може да се повтори и да ги загрози
цивилизациските вредности на демократијата оправдано е се поголем.

Затоа, сите обиди за враќање на Фашизмот или Стаљинизмот, денес олицетворени
во поимите „путинизам“, „трампизам“ или „мелонизам“, треба да бидат навремено
обелоденети и спречени во било кој дел од стариот континент и остатокот од светот.
Гротеските во стилот на „Ил Дучеизмот“, често видени на традиционалните карневалски
манифестации со сламени страшила обесени за нозете со главата свртена надолу, се
најдобар начин да го изразат скрииениот бес на народот, и да полсужат како опомена
за сите оние кои мислат дека ќе владеат како Големи диктатори, и од земјината топка
ќе направат заробена планета.

Нашиот пример за заробена држава со среќен крај во гепек (или сегашното исчезнување,
пардон, патување од „приватен карактер“), е најдобар пример за еден ваков сценско
театарски сатирикон.
 
Последна промена: