Боси од Бога си
Откако се уплаши дека нашите граѓани ќе тргнат да чекорат по патот
на српските студенти, власта прво што удри беше врз чевларската индустрија.
Се понадева дека учесниците на вакви градски и меѓуградски протестни колони,
облечени во лоши или никакви кондури, тешко дека боси ќе стигнат до целта,
односно до нејзино разнишување и пад. Дека како народ, газејќи врз трење и
камење со векови, табаните одамна ни се отрпнати знаеме и од историјата,
а до каде така босоноги ќе стасаме денес, е веќе друго прашање. И за време на
Илинденското востание сме биле боси, дури седум дена, а за победата над
фашизмот треба да им благодариме на Сојузниците кои со падобрани ни
фрлиле војнички цокули за да ги изодиме сите наши маршеви во повлекување.
Боси сме и денес, а токму тоа е она што власта го сака. Не за џабе се вели:
бос или прос надор, силна држава - цврста, монолитна, ама и тоталитарна.
Ај босоноги на стапалата, ама боси сме и во умот. Кога босоглаво некого бираме,
именуваме, му даваме доверба, мислиш елита, умни, свесни, а сите ти биле од ист
овдешен сој – боси од Бога си. Толку и тој акал ни делил.
Стравот на власта за прелевање на некакво српско сценарио кај нас се чини
неоправдан. Не дека нашите студенти имаат или немаат сенс за еден ваков
активизам, или дека ептем се зафатени со болоњската испитна сесија, туку затоа
што тие на Болоња, како и на Милано, Рим, Париз и другите европски и светски
центри и градови гледаат како на своја иднина животна дестинација и надеж
за подобра иднина. Маршот ќе им го препуштат на пензионерите. Само уште
тие останаа тука.
И јас сум тука, ама како со три потиснати пршлени да марширам.
Отидов на бензиска да си турам бензин во колата и да ги проверам пневматиците.
Можеби од греота заради мојот разнишан скелет, или пак од почит кон постари
лица, ми пријде едно младо момче и ми вели, чичко дај јас ќе ти помогнам. Алал ти
вера бе момче, му велам, од мајка си бил роден, многу ти благодарам, а низ мислите
ми прелета, каква младина имаме, да ти е жал што ни бега. Момчето веќе се беше
наведна крај едно од тркалата, го стави цревото за воздух во капислата, и ми викна: уште !
А јас онака наглув на сиот глас викам ПУМПАЈ, ПУМПАЈ. Господ да чува, ама незнам
од каде, туку одеднаш окулу мене се створија дури три полициски комбина.
Да се крстиш дури и на Бајрам, не друго.

Последна промена: