Раскази - Хумор и Сатира

grupa serigii

Староседелец
9 декември 2018
209
47
1,038
76
Трамп не беше до крај прецизен на инагурацијата за многу работи,
но кога спомна амнестија, со сигурност рече дека ќе ги амнестира
сите осуденици кои учествуваа во нападот врз Капитол.
Ако е доследен, редно би било да ги амнестира и нашите осуденици
кои учествуваа во нападот врз овдешниот Капитол.

ПА НЕЛИ НЕГОВИТЕ УЧЕА ОД НАШИТЕ !!!
 

grupa serigii

Староседелец
9 декември 2018
209
47
1,038
76
Ќе ги бојкотираме супермаркетите со пазарење
во одредени денови.
Да им ги поштедиме излозите (засега).
 

grupa serigii

Староседелец
9 декември 2018
209
47
1,038
76
Main Kampf (Мојата борба), му порача Трамп на Европа и светот.
Хитлер воскресе. Вистина воскресе.
 

grupa serigii

Староседелец
9 декември 2018
209
47
1,038
76
Има предлог да го смениме грбот на државата.
Она што нам ни треба е да го смениме самарот.
 

grupa serigii

Староседелец
9 декември 2018
209
47
1,038
76
Ќе ги внесеме Бугарите во Уставот,
и ќе им ја повратиме (од зборот повраќање) СОНстефанска Бугарија,
како знак на добрососедство и во чест на нивната романтична историја.
А нашиот Устав полека станува збирка на романтичарско поетски
настроениа и мечтателства,
 

grupa serigii

Староседелец
9 декември 2018
209
47
1,038
76
АКО ЛАЖЕ АФОРИЗМОТ, ЛАЖЕ И ВИСТИНАТА

Ние не сме за продажба.
Побргу би се предале отколку продале.

Афтократите не кратат.
Си додаваат она што им треба.

Се е криминал и корупција.
Не можам ни демократски да се збогатам.

Имам здрави морални вредности - 80/120 евра.

Се згрозивме од демократијата, откако власта ја срози.

Власта ни понуди се’ зацртано - ова е Дизниленд.

Власта секогаш ветува подобро утре – задутре е далеку.

И скинат џеб е крпен живот.

Ни претстои нов светски поредок во педесет нијанси на сиво.

Сите линии на градскиот јавен превоз се движат по линија на отпорот.

Заради климатските промени и глечерот во мојот празен фрижидер се топи.

Зијан имам само што ќе го видам.
Ми цркна телевизорот.

Професијата политичар е волонтерска.
Се стекнува со изборни гласови на аматери.

Власта ја наштима државата како оркестар.
Ги затегна жиците.

Власта презеде се’ за спас на стандардот.
И последната сламка спас ја даде за слама.
 

grupa serigii

Староседелец
9 декември 2018
209
47
1,038
76
Новата нормалност е сјајна !?
Мирот во Украина заслепува од ретките метали.
 
Последна промена: