Раскази - Хумор и Сатира

grupa serigii

Староседелец
9 декември 2018
146
44
1,038
75
АКО ЛАЖЕ АФОРИЗМОТ, ЛАЖЕ И ВИСТИНАТА

Го скинавме (од дневен ред) забранетото јаболко на раздорот.
Затоа не протераа од земјата Библиска.

Двете опозиции се во дилема.
Дали да го испијат Преспанското езеро или да се удават во него.

Сите го фалат Преспанскиот договор.
Дури и преспанскиот крап на жар потскокнува.

Не побегна.
Отиде да дојди.

Билет за бегство во еден правец со Ориент Експрес,
ќе напише во својот крими роман Агата Кристи.

Нашиот почесен претседател заслужи
просечен медал со три звезди од новогодишна елка.

Американците заминаа од Сирија.
Рулетот на воената машинерија падна на број триесет.

Ние сме тие кои сме вистински патриоти.
Историјата ја чуваме како строго чувана тајна.

Чуварите на минатото порачуваат.
Одберете кој дел од историјата сакате да ви се повтори.

По националност сум Македонец.
Идентитетот ми е од дијаспората.

Животниот пат е едно долго сеќавање.
Полна корпа изодени чевли.

Портретот е уметничка слика да се гледа себе.

Културата ни е повеќе слојна.
Граѓани в’село раѓани (народна поговорка).

Подобро чесна сиромаштија
отколку лапниголтни се и сешто.

Македонија е на деведесето место во светот по корупција.
А колку тешко им е на оние кои овдека се на прво место во тоа.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Danzl

grupa serigii

Староседелец
9 декември 2018
146
44
1,038
75
РАЃАЊЕ НА МУЗИКАТА

Во почетокот беше рик,
рик на дивиот човек
кој во еден миг го чул како звук,
со што за прв пат се чул самиот себе
и разбрал самиот себе.

Но, тоа сеуште не било музика.

Требаше да се роди крчма
а во крчмата свирачи,
виното да ја каже вистината
од каде доаѓа музиката.

Се прели капка блесок, па тресок.
Во космосот грмотевици и хаос.
Во главата на композиторот бројки,
прават ред:
хармонија, дур, мол,
тивка мелодија, светот да не полуди.

Повлече гудалото ворз гласните струни.
Пијаниот крчмар, во рикот,
душа би дал музика да чуе.

… И СМРТТА

А филозофот !?
нека зборува со јазикот на промајата
за уметноста која
од едно уше влегува од друго излегува
како вибрато од наштимани звезди
во космосот
кој расчепен се шири на половинки, четвртинки, осминки ...
до конечната тишина на небиднината
во која одново
музиката е клучот а севозможното празно петтолиние.

Бог никогаш не запеа.
 

grupa serigii

Староседелец
9 декември 2018
146
44
1,038
75
АКО ЛАЖЕ АФОРИЗМОТ, ЛАЖЕ И ВИСТОНАТА

Пред кој кандидат Водно ќе попушти
Македонија да издржи како потпорен зид.

Треба да градиме здраво општество.
Толку претседателски кандидати, a како и досега,
никој не поднесе лекарско.

Никако да го препознаеме нашиот вистински историски момент.
Ни го испорачаа дваесет и девет членки на НАТО.

Власта ги реализира своите предизборни ветувања.
Од сиромашните да направи народ.

Незамисливо е бришан простор да е слобода.
Доколку не се работи за криминално досие.

Папата доаѓа во Македонија.
Уште една траума.
Ќе бара промена на Уставното име во Библиска земја.

Амнестија и за оние што крадат туѓа историја.
Само така ќе се помириме.

Иднината им ја препуштивме на нашите деца.
Кој колку кому должи нека продолжи.

„Жути жутују, црвени путују“.
Жолтите елеци се на пат кон црвена револуција.

Да ги откопаме гробовите на револуционерите.
Форезничарот да го одреди калибарот на сомнежот
за братоубиствата.

Научивме дека Ристос се роди а Христос воскресе,
но каква врска тука има оној умрениот – Исус.

Божиќната паричка ќе ја вратам.
Од среќата не давам ни денар.

Ни се случи трагедија.
Успеавме да се извлечеме со трагикомедија.

Тој знае дека жената го изневерува,
но не сака да се меша во женски работи.

Нашето минато не се препорачува за деца постари од осмо одделение.
Потребен е надзор од членови на Комисијата за ревизија на историјата.

Во комунизмот останав без работа оти немaв роднини во власта.
Во демократијата останав без работа оти имам роднини во власта.
 

grupa serigii

Староседелец
9 декември 2018
146
44
1,038
75
АКО ЛАЖЕ АФОРИЗМОТ, ЛАЖЕ И ВИСТИНАТА

Јас и премиерот во хороскоп сме вага.
Откако се вработив, и тоа го прогласија за непотизам.

Треба чесно да зборуваме за нашите криминалци.
Тоа се чесно амнестирани политичари.

Бомбите дури сега ќе пукаат.
Откако на местото на оние кои ќе се спасат, ќе седнат невини.

Од толку вицеви пред избори,
треба да избереме еден кој ќе не води.

Полицијата тепаше, удираше, пендрачеше...
Демонстрантите го бранеа своето вековно историско ропство.

Преминавме во сверата на метафизичкото.
Секој секому стана мета физичка.

Она што во полиција е златна и сребрена команда,
дома е кога жената ќе побара нов накит.

Проблемот го знаеме. Ќе (ве) средиме.

Се што туѓо допре, беше по допрен глас.

Училиштето престана да биде мисловно откако воведоа физичко.

Нека победи подобриот, а може и со афто гол.

Наследив фабрика од татко ми.
А колку нему му било тешко да ја наследи од работниците.

Од социјализмот ми остана докторатот по самоуправување.
Ќе го понудам на афтомобилската индустрија за
самоуправувачки афтомобили.

Не одам на лекар. Не сакам да знам што ме чека.
Се релаксирам со судир на планети, комети, апокалипси...

Време е човекот да размисли за својата иднина:
или пофторнo слобода на дрво, или враќање под диктат во рајот.

Да станеше старото ВМРО партизани,
ослободена ќе беше Софија - Лорен
(од новата ревизија на историјата со цицки за националисти).
 

grupa serigii

Староседелец
9 декември 2018
146
44
1,038
75
АКО ЛАЖЕ АФОРИЗМОТ, ЛАЖЕ И ВИСТИНАТА

Заради жена кандидат за претседател,
никој повеќе за политиката не може да рече дека е к***а.
Значи девица е, како и кандидатката.

Поделбата меѓу патриоти и предавници ќе исчезне
откако ќе ни ја избришат историјата.

Менувам коњаник од бронза за веш машина.
Повеќе се вртиме во круг отколку што галопираме.

Опозицијата ќе ги ублажи последиците од промената на името.
Ќе ја репризира серијата „Збогум Румелија“.

Чувајте ја фантазијата за понатаму.
Се чека коалиција помеѓу власта и опозицијата.

Кога кинезите видоа колку голема држава имаме,
ни понудија шаторско крило.

Смртта се поигрува со животот.
Посебно со долговечноста.

Мажите се како старо вино.
Бочвата се празни.

Со земјоделските субвенции
и оваа година пролетта нема да позелени.
Ќе биде во празов тен на фасади, лимузини, гранит...

Го загубивме идентитетот.
Не знаеме на кое партиско членство припаѓаме.

Замена на тези.
Традицијата стана најголема пречка за транзицијата.
Или беше обратно ?

Нашата временска машина за иднината застана.
Работи на тврдо гориво, повеќе нема шуми.

Во диктатурата, работата на новинарите е крвава.
Во демократијата, крваво е од работата на новинарите.

Ги лечиме раните од нашата историја.
Мртви нема.

Балканот на сите страни се разгоре.
Северот потпали.
 

grupa serigii

Староседелец
9 декември 2018
146
44
1,038
75
АКО ЛАЖЕ АФОРИЗМОТ, ЛАЖЕ И ВИСТИНАТА

Претседателските кандидати партиски не се обоени.
Таквата безбојност од гласачкото тело направи теле пред шарена врата.

Имаме два круга.
Во првиот ќе уфрламе гласачки лифчина, во вториот некому тендери.

Претседател,
мајка на нацијата,
или волчица за цицање социјална (не)правда.

Додавката Северна е само собраќаен знак.
Пази лизгаво – избори.

Пред да се откажеме од антиката,
задолжително да се направи попис на сиот инвентар што ни припаѓа таму.

Грците ќе го чуваат нашето небо.
Ние ќе лет(ув)аме кон грчките плажи.

„Патриотите“ и „предавниците“ се обединија против неопределените.
Или сте со нас, или сте против нас.

Кога сега ги гледам бившите Југословенски републики,
се изгледа како исцеден сок – природно си е природно.

Од силната желба за демократија,
народот секогаш го бира погрешниот диктатор.

Во демократијата го зголемивме работниот стаж.
Нека владеат уште малку кадрите од комунизмот.

И во природата станав технолошки вишок.
Ме исфрли шумската полиција.

Власта ги сака масите.
Избирачите немаат вкус.

После иднината доаѓа „крајот на реалноста (Карло Равели)“.

Ајнштајн бил во право за црните дупки.
Бог не успеал до крај да го закрпи своето небесно царство.

Библијата е најчитана книга.
До седмиот ден.

Диетата е добра за обилно јадење на празен стомак.

Катедралата Нотр Дам се обновува.
Ние знаеме колкав процен(т)лив допринос во тоа може да земе
нашата барокна елита.

Пак не’ не примија во ЕУ.
Знаат дека имаме уште некои работи кои треба да ги замачкаме дома.
 
Последна промена:

grupa serigii

Староседелец
9 декември 2018
146
44
1,038
75
АКО ЛАЖЕ АФОРИЗМОТ, ЛАЖЕ И ВИСТИНАТА

Што се два дена изборен молк,
кога цел мандат стадото го јаде волк.

Со топлиот прием на Евровизија,
географски се одмрзна нашиот северен идентитет.

Нобеловата награда за Балканските лидери е интересна работа,
Тоа би бил почетен фитил за експлозија на мирот на овие простори.

Два чекори напред, еден назат.
Колку па(та)ри(ни), толку политика.

Партиите се добри, државата не ни чини.
Личи на фалсификувано гласачко ливче.

Го подобривме стандардот.
Од сиромашни, живееме средно партиски.

Нашиот лидер теоретски добро е поткован.
Кова теоретичари врз теории на заговор.

Не само нашите неуспешни востанија.
Ние природно сме неуспешна (р)еволуција.

Националистите бројат гласови – се враќаат на власт.
Нацистите бројат глави – се шират гласови.

Власта ја почитува воњата на народот.
Им насади магарешки уши да рикне ако некој го влече за опашка.

Ги оставија сенките од минатото.
Тргнаа по патот на уличното осветлување.

Современиот човек сака да биде едно со природата.
Да гледа и да биде виден.

Тргнавме од мртва точка.
И нигде жива душа.

Не се умира така лесно.
И на смртта и е полесно со еутензија.

Добра меморија е и кога се’ непотребно ќе се заборави.

Народот бара леб и игри.
Фудбал има, кладилници има, сега и преку погача леб бара.

Има малку геометрија во брачниот троаголник.
Од тројца, еден е пикнат во агол.

Кога слушам како реката шумоли,
нешто убаво се кара во мене.
 

grupa serigii

Староседелец
9 декември 2018
146
44
1,038
75
АКО ЛАЖЕ АФОРИЗМОТ, ЛАЖЕ И ВИСТИНАТА

После сликарството, доаѓа апокалипса на платно.

После вајарството на камен, доаѓа скулптура од комета.

После театарските суфлери, на (с)цена се свиркачи.

После музејската реставрација, доаѓа светецот со ископани очи.

После музичката скала, октавата ќе звучи осум светлосни години.

После композиторите, музика ќе пишуваат грамофонските плочи.

После музиката, (над)звучниот зид го проби авијатиката.

После музичката резонанца, доаѓаат космички црни дупки.

После дванајстонската музика, свири дванајстопалачното црево.

После сонатата, повеќе нема да има теми.

После музичкиот ритам, ќе ни отчукуваат последните минути.

После десеттата синфонија, на Бетовен ќе му се врати слухот.


Какво општество сакате да градиме ?
Па, општо.

Не е непотизам, кралска (транзициска) династија(да).

Слободата на говорот е културно дрдорење на времето.

Им завидувам на камењата со кои е градена антиката.
Ние со нашите ја градевме антиквизацијата.

Добро ги чуваме портите на пеколот.
Ниту некој да влезе во власта, ниту да излезе од опозиција.

Мајмуне, ми свика наставникот,
а потоа одржа предавање за еволуцијата на врстите,
со што пофторно станав човек.

Ако се вратиме во антиката,
за европските кура(ф)тори(тети) ќе станеме музејска керамика.

Или коските назат, или ќе има вето, порачаа соседите.
Тоа е скелетот на идните преговори помеѓу нашата
и нивната Комисија за ревизија на истиријата.
 

grupa serigii

Староседелец
9 декември 2018
146
44
1,038
75
АКО ЛАЖЕ АФОРИЗМОТ, ЛАЖЕ И ВИСТИНАТА

Ќе го преживееме и овој октомври.
Наместо Октомвриска Револуција, ќе доживееме Кинеска.
Не чека долг марш.

Премиерот рече метла !?
И ја истргаа на чистачката од раце и се фатија за работа.

Двете страни го слават со заедничка историја.
Го прогласија за двоен херој и двоен шпиун.

Парадата на гордоста ги праша (колку пати) традиционалистите:
каде се крвавите чаршафи од вашето прво брачно насилство.

Македонија е обединета само врз основа на машки и женски пол.
Се друго е поделено меѓу курви и педери (позајмен текст).

Ние сме православни Македонци.
По (до)вер(б)ата има и не славни Македонци.

Македонија нема море.
Посигурни сме кога имаме тло под нозете.

Ни треба армија, оружие, борбеност...
А ни требаат и битки.

Ниту една партија нема да издаде потврда за здрав разум.
Таму се е под ненормална контрола.

Во партијата се дообразуваа.
Од среднисти, станаа висока средна класа.

Историјата се менува со мигот.
Паралелно со фантомите.

Европската Унија ја украде идејата од Југословенската федерација.
Без роднински (об)врски за братство и единство.

Заради коцкарски долгови,
судот му одреди еднаш неделно да се пријавува во казино
и пак да си ја проба среќата.

Кога биковите ги водат во кланица,
мислат дека одат во теретана.

Левите и десните партии се обединија во организиран хаос.
Хаосот за народот, организираниот засебе.

Пандорина кутија или гласачка кутија ?
Злото ви е наменето вам, главокоцкести.

Ќе прашам две работи кои ми се случуваат ?
Дали толку лесно ви се трошат парите,
и дали толку лесно и верувате на опозицијата кога лаже
дека ќе биде подобра власт од сегашната лоша власт.

И во Прилеп одекна бомба.
Правење каш(икар)а и попара пред Пиво Фест.
 

grupa serigii

Староседелец
9 декември 2018
146
44
1,038
75
АКО ЛАЖЕ АФОРИЗМОТ, ЛАЖЕ И ВИСТИНАТА

„Рекет“ !?
Треба да се скрши како Ноле кога губи за да победи !

Ќе бројам колку пати се самонарекуваме глупав народ,
а да не спомнам дека за таква математика сме природно надарени.

Химната ја скративме.
Многу е лесно, може да се престои и на една нога.

Ние сме антички народ, пред Христа, деца некрстени.

Со Македонија владееле: Александар, Римјаните, Византиjците,
Отоманите, Окупаторите, Тито.
Сега се на ред оние: подели па владај.

Имаме нова стратегија за минатото.
Археолошките локалитети ги претворивме во рурални средини.

Го дефиниравме нашиот национален историски идентитет.
Од раја направивме народни маси.

Ако секоја историја почнува со злочини кои само по себе се подразбираат,
ревизија на минатото не е возможна.

И мафијата е ангажирана во предизборниот процес.
Има задача да донесе список со десет мртви гласачи.

Го исчистивме плурализмот.
Плукни – избриши.

Сто пати кажана фалба станува изборен резултат.

Безбедноста на државата е стабилна.
Работата на странските конспиративни служби е во равнотежа.

Меѓу големите сили заврши ракетниот договор.
Сега на ред е ракетен погромор.

Остана цветниот полен врз масовната гробница.
И пчелите не го разнесуваат - да не го разнесат злочинот.

Се повеќе се бараат оџачари.
Да има со кого бабите да ги плашат малите деца.

За мојата болест има многу дијагнози.
Конзилијарно ме упатија на енциклопедиско испитување.

За криминалците затворот е школа: го учат занаетот.
Тука се и чуварите, го учат волонтерски.

Напишав афоризам.
Таман по мерка за оние кои не зеле книга в раце.