Раскази - Хумор и Сатира

grupa serigii

Староседелец
9 декември 2018
172
45
1,038
75
Само името Македонија и Израел ги има во Библијата.
Убаво звучат, ако не беше претскажувањето за судниот ден,
кој им е тука.
Израел го има Хамас, Македонија го има вмрото.
 

grupa serigii

Староседелец
9 декември 2018
172
45
1,038
75
Овие избори се последна шанса за спас.
Поитај што побргу да гласаш и заокружи Норвешка, Данска...
Од партијата на „Очајните на кои им се отворија очите“.
 

grupa serigii

Староседелец
9 декември 2018
172
45
1,038
75
Ќе ја одстранеме сета наталожена отпадна политичка пластика.
Рече новиот политички тигар од рециклирана хартија.
 

grupa serigii

Староседелец
9 декември 2018
172
45
1,038
75
Прв круг, втор круг.
Ќе чекаме трета среќа, со мачка во изборна вреќа.
 
Последна промена:

grupa serigii

Староседелец
9 декември 2018
172
45
1,038
75
РУСИЈА ИЛИ АМЕРИКА (еци пеци пец)

-Дали си за Русија или Америка ?
-Не !? Јас сум повеќе за Шведска, а може Норвешка или Финска.

-Дали си за Русија или Америка ?
-Ја сакам мајка Русија, ама виза ми даде мистер Сем.

-Дали си за Русија или Америка ?
-На руската граница фармерки шверцувавме колку да ги намирисаат,
ама затоа писменоста им ја подаривме.

-Дали си за Русија или Америка ?
-Воените паради ги гледав заради самата застареност на
воената машинерија, многу повеќе ме привлекуваат „Фантомите“.

-Дали си за Русија или Америка ?
-Во историјата Русија ништо не стори за Македонија,
со НАТО сме веле сила.

-Дали си за Русија или Америка ?
-Руската пропаганда го кочи нашиот влез во ЕУ, Америка ќе згази
врз опози..., ох, sorry, сега власт, и ќе ни го отвори патот.

-Дали си за Путин или Бајден ?
-Делото „Војна и Мир“ од Толстој го читав, од Путин секоја вечер
го гледам на ТВ, Бајден страна по страна го потпалува.

-Дали сеуште си за СДСМ визави ВМРО ?
-Овие стварно не утепаа, ама барем не рекоа дека ќе владеат
следните сто години со кичест барок.

-По 8 мај доаѓа 9 мај, што ќе кажете ?
-Ќе го победиме фашизмот.
 

grupa serigii

Староседелец
9 декември 2018
172
45
1,038
75
Новата македонска влада преку проектот земја со земја со нам засега
непозната земја, ќе се(не) задолжи во вредност од една милијарда.
Према најавената реторика многу нејзини проекти можат да первертираат
во земја воздух, воздух земја со некоја нам позната земја.
 

grupa serigii

Староседелец
9 декември 2018
172
45
1,038
75
Претседателката ја доби довербата на граѓаните.
Сега убаво се виде !?
Беше тоа повеќе од петстотини и педесет илјадитна
пофалба на глупоста.
 

grupa serigii

Староседелец
9 декември 2018
172
45
1,038
75
Ај вие останете тука и бранете го името,
а јас ќе си заминам да работам и живеам во странство,
и од таму да ја пцујам државата.