Ракомет

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Утре од 18:30 е ждребката за групите на светското во Катар. Ние сме во шешир со Катар, Русија и Алжир. Германија сепак ќе игра на превенствово, Австралија се откажала и на нивно место Германија како најдобро рангирана репрезентација од Европа, а тоа уствари мафијашите од ЕХФ ја бутнаа Германија затоа што без нив не се може нели, колку за информација на последното европско Исланд беше 5то место, што значи Исланд е најдобро рангирана репрезентација од Европа.

И нешто од нашиот ракомет. Исто како и лани и оваа година ќе се одржи турнирот во Струга, од 13ти до 16ти август. На турнирот ќе играат: Вардар, Металург, Рк Струга, Кесеј од Франција, Металопластика од Србија, Санкт Петербург од Русија и полскиот Азоти Пулави. Актуелен шампион е Металург, кој исто како лани и оваа година е фаворит за освојување, заедно со Вардар. :)
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Каква среќа имаме со ждребкава, ако не стигнат сега до четвртфинале нема никогаш. Последна шанса им е ова на оваа генерација да стигнат подалеку на светско, медал сигурно не можеме да земеме. Ние сме во група Б и вкрстуваме со група А, после тоа се веќе појјаки репрезентации и ќе мора да играат најдобро што можат. Според мене би можеле до четвртфинале, за повеќе не верувам. Еве и групите кои се.

Група А: Шпанија, Катар, Чиле, Словенија, Белорусија и Бразил
Група Б: Македонија, БиХ, Хрватска, Австрија, Иран и Тунис
Група Ц: Франција, Шведска, Алжир, Чешка, Египет и Емиратите
Група Д: Данска, Полска, Русија, Аргентина, Бахреин и Германија

Светското почнува од 15ти јануари и да се надеваме на одличен пласман на крајот. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Kisserboy

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Денес почнува турнирот во Струга. Првиот натпревар ќе го играат Металург Јуниор и Струга, после од 19:45 е свеченото отварање а од 20:45 играат Металург против Кретеј. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Kisserboy

Kisserboy

Староседелец
6 март 2012
2,451
3,795
1,153
29
Битола
Денес почнува турнирот во Струга. Првиот натпревар ќе го играат Металург Јуниор и Струга, после од 19:45 е свеченото отварање а од 20:45 играат Металург против Кретеј. :)
Според мене победи на РК Струга и на Металург :)
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Пораз од 3 разлика на Металург на отварањето. 11:11 беше по првите 30 минути, но добрата одбрана на французите во вториот дел им ја донесе победата од 24:21.
Утре од 20:45 Вардар игра против рускиот Санкт Петербург. :)
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
35:22 победа на Вардар. Колку моќен тим има направено Вардар, ако лани со послаб тим беа на чекор до ф4 оваа година ништо чудно и да бидат таму.
На турниров очекувам финале Металург Вардар. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Kisserboy

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Финале Металург - Вардар. Металург со победа од 33:26 влезе во финалето и ќе може да си го одбрани трофејот.
Вардар со победата над Металопластика од 29:26 има шанса за прв трофеј оваа сезона. Ќе биде интересно и во нашата лига и во ЛШ, и двата тима донесоа добри засилувања, нема да се знае ништо до крај. :)
Финалето на турниров се игра утре од 21:00.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Kisserboy

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Лесно финале за Металург, победа од 25:19 за одбрана на трофејот. Ова требаше да биде неизвесен натпревар но грешките на Вардар и промашените 7 пенали го направија мечов неинтересен.

Металург почна лошо но после се разбудија и водеа цел меч. Се гледа дека добро им се воиграни играчите, играа со втор тим и пак победија.

Во новата сезона од ЛШ ќе биде интересно, Металург и Вардар се во многу тешки групи, ќе видиме како ќе се снајдат оваа сезона. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Kisserboy

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Новата сезона од сеха лигата започна со победи на Металург и Вардар. :)

Металург против Татран во Скопје, победи со 34:28 а Вардар на гостувањето кај Војводина победи со 21:26.
На 6ти септември се игра македонското дерби во сеха, Вардар - Метлург. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Kisserboy