Металург - Вардар 22:27. Историски меч, за прв пат 2 клуба од ист град играа меѓу себе во лига на шампиони. Металург требаше да биде домаќин демек ама 500 Комити ја надвикаа цела сала која беше полна со позери и цело време ќутеа и почнаа да си одат на 10 минути пред крај зашто видоа што му се случи на нивниот шампион.
Подолгата клупа на Вардар и стравот во рацете на играчите на Металург одллучија, кај Металург само Атман играше како што знае и даде 7 гола а другиве сите беа под просек. Крилата за кои толку многу викаат дека се најдобрите ги немаше никаде, Манасков и Георгиевски заедно дадоа 4 голови, тоа се тие најдобрите.
Станиќ влезе во игра малце и прими неколку голови после тоа не го ни видовме на гол, од другата страна па дебелкото имаше своја вечер, не можеше гол да му се даде.
Кај Вардар Дибиров со 8 голови беше најдобар од тие 8 голови 3 беа ремек дело, како само си играше со голманите на Металург.
Следната на 24ти не знам што ќе се случува, картите се продадени уште денес, купив карта меѓу последните во 3 саат дури. Уште нешто, ако играчите на Металург се плашеа да шутнат на гол кога беа домаќини, што ли ќе им се случи со 6000 Вардарци во сала?