Можеби треба малку да им покажеш заби, од искуство знам дека таквите ликови како татко ти и брат ти се силни само кога се истураат врз некој послаб од нив, можеби треба малку и ти да се празниш на нив. Молчењето и трпењето се најлошата опција.Зошто да ми биде незгодно, и така кажав доста работи, и така тука сум анонимна.
Живеам со татко ми, мајка ми и брат ми е сега каде според мене и не е важно, имам 20 години, едно врме работев како чистачка друго не.
Милион пати сум и рекла на мајка ми да се разведе, ама запнала без маж не се живее, како можело така. А ако го пријавам ќе ми се налути мајка ми и ќе го брани, а брат ми е на негова страна (како расте се повеќе е како него, знаете истите се привлеекуваат) и што ќе направм јас? А да незаборавам како тетка ми, баба ми и дедо ми мене ќе ми се истурат и што можам да постигнам јас? Само будала да излезам ништо друго. Да беше така лесно одамна ќе го пријавев, ама што и да се прави треба да се размислува на последиците.
Инаку... дали знаеш да плетеш, везеш, шиеш...?