Психички проблем

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Чекајте малце другари.
Вие, со едвај полнолетство, самостојни сте? Живеете сами, учите, и паралелно работите за да си овозможите плаќање сметки/кирија?
Претпоставувам не од низа причини...а тука некаде сте со години со неа. Не е тоа ко Хорхе во Еднооки со „Сакам да станам пwецедатеw“ - и стануваш.
Може само да нагаѓам(е) каква ѝ е ситуацијата, ама обично во такви семејства, таквата одлука нема да мине без драми и ко на филм каде во кафуле ти го откриваат талентот, ти нудат работа, и на изложба ти иде момакот од соништата. Јаки нерви треба за сам да се застане на нозе, посебно на млади години.
Мислим, звучи ко едноставно и примамливо решение, ама луѓе на 40, па и цел живот живеат со родители. Не е ова запад каде на 18 веќе сме ментално и финансиски потковани за отселување од родителите и нов живот.
И да беше така лесно да излезе и да се дружи, не би барала помош. Човек со ниска самодоверба/социјална анксиозност го пресметува и преиспитува секој свој чекор, и секогаш успева да си најде фалинка и да си мисли дека оставил лош впечаток кај другите. Затоа и избегнуваат народ.

Нејсе, жалам што си опкружена со идиоти кои ти ја исцицале сета самодоверба и енергија, но слабакот секогаш ги начекува помирните и ги тресе своите комплекси врз нив. Тие на друг ги даваат епитетите кои ги мислат за себе, надевајќи се дека така ќе се ослободат од истите.
Мајка ти е од оние личности што од страв и немоќ се кријаат зад маската на негрижа т.е. научила да е марионета. Знам дека најтежок би ѝ бил чекорот да почне да се свестува и зборува за тоа, но можеби вреди да се проба. Ако е таа онаа што те поддржала за на психијатар, фаќај ја под рака и правац и двете на консултации кај психолози. Многу полесно и побрзо би дошле до решение така. Ако не сака веднаш, консултирај се сама со психолог како да ја свестиш и неа дека е жртва и дека заеднички може да најдете излез од канџите на една лабилна будала.
 
Kisserboy

Староседелец
6 март 2012
2,451
3,796
1,153
29
Битола
Искрено ова шо го напиша ептен ме потресе (worried)
Ситуацијата е толку сложена шо си блокирана од сите страни, види вака почетниот проблем од ова шо го кажуваш јас го гледам првично од родителот(во случајот таткото), кој те натерал да се чувствуваш таква со што сама си замисли дека си поддолу од некои луѓе, НЕ ти си иста како и сите луѓе имаш право на глас, Девојко научи да бидиш јака спротистависе тоа што те омаловажувале во школо многу боли те сфаќам ама на се можи да се стави крај.
Ептен мие тешко што го прочитав ова многу мие жал. Гледај има луѓе кои можат да те сфатат барем тука.
И не заборавај никој не е сам на овој свет, секогаш има тешки и убави денови така да таков е животот некогаш боли некогаш цвета..Пробај Сенката да ја обоиш, Темнината да ја осветлиш, Барај решение и сфати не си сама и имаш ПРАВО НА ЗБОР. Ако сметаш дека е правилно да пријавиш направи го тоа..
 
Метаморф

Истакнат Член
5 декември 2014
299
334
173
28

Како бре дечко ако мисли дали е правилно да го пријави нека го пријави?!Животот на девојчево е на дното поради емоционален вампир кој ден по ден 20 години ја направил да не се сака самата себе си.Ајде за мајка и до некаде јасно е дека има страв и таа,ама дај бре луѓе охрабрете ја сите нека го реши девојчево проблемов од корен почнувајќи од дома од каде што почнало се.И друга работа,цврсто сум уверен дека се под закани од психопатот.Девојко,твојот живот е во прашање,ако ни те знам ни те познавам ама се ставам на твое место и неможам да трпам вакви неправди,зар би одлучила да патиш уште поради некој што ТЕ САКА САМО ПРЕД ГОСТИ?!Пријава одма,ако си под закани има полиција,имате роднини сигурно од на мајка ти страната,и верувам сите ваши блиски ви ја знаат ситуацијата и ве сфаќаат,и знам дека уште се чудат зошто трпите таква тортура.21 век,има избор-развод.Овде мислам и за мајка ти,барајте помош,барајте чаре.Не сте принудени да живеете на тој начин,изберете друг пат,спречи во иднина на твоето дете кога ќе му ја скапат главата да му викаш зафатена сум и да се жали по форуми!
 
existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Лесно е да се збори на форум „Иди пријави го.“ Не е баш лесно и пријатно да ја играаш драмата во која ти се распаѓа семејството пред публика која одвај чека таков настан за да има што да се зборува. И што кога ќе го пријави татко и`? Ќе и` реши тоа некој проблем? Нема воопшто туку ќе размислува и нема да може да спие затоа што можеби и постоела подобра опција. Тоа „оди под кирија, работи, помачи се“ е многу филмски. Мајке му понекогаш ептен се занесувате. После постот на електра нема смисла да дробам и јас ама да беше се` така розово немаше никој будала да седи со родителите туку ќе фатеше џаде и ќе градеше самостоен живот.
 
Од "што ќе кажат комшиите" си патиме...
 
malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,070
1,133
Прв пат сум на форумов, и тоа маката ме натера да се зачленам, па ве молам за било каков совет, макар и критика. Сите имаат проблеми, кој финансиски, кој здраствени, кој семејни, нема човек без проблеми. Мене најголем проблем ми е тоа што имам психички проблем. Не можам да се социјализирам, немам ниту еден пријател (ни за на кафе), другите имаат најверојатно лошо мислење, и многумина ми кажале дека сум недружељубива. Во основно и средно бев исмејувана и понижувана од останатите врсници, а поимот другарка е за мене непознат. Дома сум постојано помеѓу 4 ѕида и тоа ме прави очајна. Немам самодоверба, не верувам во себе, а најголем непројател ми е стравот. И западнав во депресија. Сепак, сметам дека големо влијание има тоа што од дома, од најмали нозе бев малтретирана и психички и физички. Од најмали нозе не само што јадев ќотек и кога бев крива и кога не бев , туку секојдневно ми велеа дека ништо не вредам, дека не сум нормална и слично и тоа ми се всади во глава па и јас почнав така да мислам за себе. Никогаш од дома не сум добила ни љубов ниту ми помогнале да израснам во психички стабилна личност. Пораснав во личност без самодоверба, личност која не знае да се социјализира и да комуницира со другите, личност во длабока депресија, личност без однесување и карактер. И не не е период. Период не е нешто што трае со години и години. Извесно време одев на психијатар и пиев антидепресиви ама не ми помогна ништо, и преќинав, сега сакам пак да одам бидејки знам дека ми е потребна стручна помош. Ве молам за било каков совет. Што мислите според вас дали оваа ситуација може да се надмине, дали има решение?
Имав слична приказна... поминав низ секакви животни ситуации... И ден денес сум анксиозна и не сум социјализирана, не дека не можам или не знам да бидам, туку едноставно кога сум во својот тесен круг сум сигурна. Знам како ти е и знам колку ти е смачено од се, од сите околу тебе но и од самата себе во моментите кога знаеш што треба да правиш, а едноставно немаш сила за ништо. Знам дека копнееш по некој близок, некој со кој ке ги поделиш проблемите, но и убавите нешта, но знам и дека секој пат кога некој ке ти се доближи се преплашуваш...
Јас научив да живеам со тоа. Имаше периоди кога многу успешно се борев и работев и се дружев и излегував, но сето тоа го правев со некаков страв, со некоја резерва, уште предвреме одлучував дека нема со никого многу да се зближам и ги туркав лугето од себе, барав изговори за да ја напуштам работата и сл.
Веќе не се борам и никогаш повеке нема да се присилувам да правам нешта кои не ми се пријатни и воопшто не ми е гајле што ке речат луѓето и што е нормално и што е ненормално и дали сум жртва или не... Воопшто не ми е гајле што татко ми ме мелтретираше кога бев мала и ми го кажуваше она истото што и твојот татко тебе ти го кажувал, тие зборови не ја опишуваат мојата личност, мојата душа...
Знам дека ти е смачено од состојбава, но жалејки се, размислувајки и анализирајки само уште толку потонуваш. Ти веке ја знаеш причината за твојата состојба и немој повеќе да се замараш со тоа, едноставно живеј како што ти се живее. Ако ти е убаво сама во четири ѕида нека не те загрижува што мислат друѓите за твојата несоцијализираност, а ако тие ѕидови те гушат излези од нив и повторно нека не ти е грижа за туѓото мислење.
Сите луге околу тебе се само луѓе. Луѓе со маани и проблеми, исто како и ти, луѓе со доблести и неверојатни способности исто како и ти. Никој не е над тебе за да те осудува или за да одредува што е добро за тебе а што не и никој не е над тебе за да те обезвреднува.
И јас сешто изнапишав... ме погоди тоа што го имаш напишано... Поентата ми е - прифати се себе таква каква што си и сите проблеми ке исчезнат. Прави го она што те прави срекна и запамти дека никој не е одговорен за тебе освен ти самата, Твојот живот зависи единствено од тебе.
Ти посакувам да го најдеш својот пат, јас сум тука ако ти треба разговор, во било кое време :)
 
malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,070
1,133
И да додадам
Немој да пиеш лекарства, не постои апче што ке ти ја подобри состојбата, напротив, лекарствата уште толку ке те заглават. Ако одиш на психијатар не прифаќај лекови.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Makedonec

Marijaaa

Истакнат Член
30 мај 2015
65
116
343
Во живото мораме сами за се да се избориме.. Зборувај со таткоти,мајкати пробај објасни им, ако е без промена зборувај со некој друг психолог,психијатар... Излези трчај, запишисе на некој спорт постависе убо запознај се, шири познанства не биди затворена во себе... Посвети се на работите шо ги сакаш пробај нови работи прави работи што те прават среќна :)
 
skopje44556

Нов член
6 јуни 2015
9
12
3
29
Ќе прашам едно интимно прашање - каде, како и со кого живееш во моментот?
Која возраст си, дали имаш дневни облигации, дали некогаш си стигнала до стадиум кога си работела нешто и подоцна си ја изгубила работната позиција?
Не мора тука да ми одговориш ако се осеќаш незгодно, можеш преку приватни пораки.

Зошто да ми биде незгодно, и така кажав доста работи, и така тука сум анонимна.
Живеам со татко ми, мајка ми и брат ми е сега каде според мене и не е важно, имам 20 години, едно врме работев како чистачка друго не.

Пријава одма,ако си под закани има полиција,имате роднини сигурно од на мајка ти страната,и верувам сите ваши блиски ви ја знаат ситуацијата и ве сфаќаат,и знам дека уште се чудат зошто трпите таква тортура.21 век,има избор-развод.Овде мислам и за мајка ти,барајте помош,барајте чаре.Не сте принудени да живеете на тој начин,изберете друг пат,спречи во иднина на твоето дете кога ќе му ја скапат главата да му викаш зафатена сум и да се жали по форуми!

Милион пати сум и рекла на мајка ми да се разведе, ама запнала без маж не се живее, како можело така. А ако го пријавам ќе ми се налути мајка ми и ќе го брани, а брат ми е на негова страна (како расте се повеќе е како него, знаете истите се привлеекуваат) и што ќе направм јас? А да незаборавам како тетка ми, баба ми и дедо ми мене ќе ми се истурат и што можам да постигнам јас? Само будала да излезам ништо друго. Да беше така лесно одамна ќе го пријавев, ама што и да се прави треба да се размислува на последиците.
 
Makedonec

Модератор
Член на администрација
15 јуни 2014
1,473
1,200
1,133
Зошто да ми биде незгодно, и така кажав доста работи, и така тука сум анонимна.
Живеам со татко ми, мајка ми и брат ми е сега каде според мене и не е важно, имам 20 години, едно врме работев како чистачка друго не.

Милион пати сум и рекла на мајка ми да се разведе, ама запнала без маж не се живее, како можело така. А ако го пријавам ќе ми се налути мајка ми и ќе го брани, а брат ми е на негова страна (како расте се повеќе е како него, знаете истите се привлеекуваат) и што ќе направм јас? А да незаборавам како тетка ми, баба ми и дедо ми мене ќе ми се истурат и што можам да постигнам јас? Само будала да излезам ништо друго. Да беше така лесно одамна ќе го пријавев, ама што и да се прави треба да се размислува на последиците.
За твојава состојба побарај психолог може он ќе те советува подобро од колку ние тука, но немој да одиш на психијатар и да ти препишува секакви лекови кои ќе ја отежнуваат твојата состојба.