Протести против полициската бруталност

  • Подфорумот „Политика и политички настани“ се отвора со цел да се информираме и дискутираме за политичките збиднувања во Македонија и светот.

    Освен стандардните форумски правила, се молат членовите да:
    - Се држат настрана од својата пристрасност и да дискутираат во рамките на зададената тема, односно да ја држат дискусијата на соодветно ниво. Секое скршнување од истата ќе биде избришено и казнувано по потреба.
    - Не навлегуваат во конфликти околу политичките партии на кои (не) им се наклонети.
    - Секој обид за партиски активизам ќе биде санкциониран, а корисникот баниран.

    Пристап до овој подфорум имаат членови со над 50 мислења по останатите теми, односно членови чија цел не е ширење политичка пропаганда и нетрпеливост.

    Тимот на ЦрноБело форум се оградува од поддржување на било која политичка партија.

rain-bow

Истакнат Член
21 ноември 2014
174
79
338
Дека власта редно е да се смени редно е.....но дека другиве исто така не ги бива, и тоа е факт......Во двете партиии има луѓе кои вредат..но за жал не им е дозволено да се покажат и докажат. Зошто бре мора се едни исти фаци?? Дај пуштете ја младината да видиме таа што ќе направи. Пошто нели светот на нив останува.
Многу ме интересира, и за едните и за другите..Што бре толку им ветиле партииве? И што од тоа што им ветиле им исполниле??? Јас искрено ги жалам партиски определените, зошто мене ми личи дека овие главниве фацки, ајде така да ги наречам, само ги користат. И сега дојде некој си таму, да не просветли дека овој другиов ''сирот'' крадел......Е баш сме неуки ние па као не знаевме...
И на што личи бре малолетни деца од под 10 години да се носат на вакви настани?????

Не сакав да зборам, зошто кај нас изгледа не е дозволено да си неутрален, тогаш си глуп, поткупен, тогаш си од власта и бла бла.....Сдсм, ја остави мајка ми без работа, самохран родител.... кој не работи, пензија од само 3000 денари(пензија од таткоми)...И дојдоа другиве..... и ??? Мислите дека мене ми е подобро???? Не, јас пак стојам у место, зошто не ми дадоа право како дете на самохран родител, без работа, да се школувам бесплатно, или бар на повеќе рати.....Немав право ни на студентски кредит..зошто така ќе ми ја збришеа мочаната пензија???? И сеа јас за која партија да се определам??? Јас мислам дека тоа што мојот глас не го давам за никој е најпаметен потег, зошто некам да сум продадена душа, кога мене никој нема да ми помогне.
И уште нешто, пред избори, мојот лифт работеше, и никој не ми тропна на врата да ме тера да гласам за едните или другите....Немојте ве молам, зборам општо не само за форумов...да ме убедувате да ми продавате топла вода......зошто знам дека има доста луѓе како мене....кои за жал се во иста ситуација како мојата...и немаат на кого да веруваат.... немаат избор. Но, кој нас не прашува????? Ние сме никој и ништо во државата...пошто овде постојат само СДСМ и ВМРО.....Срамота и резили!!!!

Грујо купил мерцедес, зајко купил вили...они се квит, а народот нек се коле меѓу себе шо има врска, народот се обични смртници!
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Моите надежи се дека некогаш ќе видам избори кои ќе бидат прогласени за неважечки поради неизлезеност. Тој ден ќе го славам за роденден.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: 990Freak and malo

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Моите надежи се дека некогаш ќе видам избори кои ќе бидат прогласени за неважечки поради неизлезеност. Тој ден ќе го славам за роденден.

Ќе го намалат цензусот на 20% ако треба...
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Како што тргнало може и со 15% ќе може да се носат одлуки. Ама ако, кому му е гајле колку луѓе требаат за легитимни избори.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Како аматер-историчар :zelen се осеќам обврзан нешто да напоменам.

Изборите не се толку важни, можеби и воопшто не се во случајов.
Протестите и притисокот врз власта се важни, мора да ги има, ако нема притисок врз власта со менталитет `абе исти ќе бидат и другите` тогаш ниту една наредна власт нема да смени ништо не поради некој порив за системски реформи од наредна власт или што во случајов ликот од Муртино има алтруистички агенди туку дека и него утре ако дојде на власт може да му излезе маса народ и да го тргне од власт.

Пораката е важна, дека секоја власт може да соочи со гневна маса и притисок од секаде во случај да праи срања.
Ако не се испрати таа порака само ќе се полнат гробови со деца и празнат државни сметки.
Чисто онака колку да се знае динамиката која довела до т.н западна демократија.

Мислите дека Јакобинците биле поарни од Ансјен режим? :kafe
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo and Saladin