Ја бакна страсно залепувајќи ја за ѕидот.Одамна ги немаше осетено тие усни, посакуваше никогаш да не ја пушти повторно,но часовникот отчукуваше и тој беше свесен дека нема уште многу време.Должноста го повикуваше, знаеше дека мора да и служи на својата земја.А таа...таа го мамеше со својот поглед, своето тело и го проколнуваше да остане уште некое време, стопена во неговите прегратки знаеше дека прашање на време е кога веќе ќе мора да се збогува со него.Не сакаше да мисли на тоа но,неможеше поинаку освен да го заведува,да го моли да остане,да го љуби и сака,губејќи се во тој миг за кој посакуваше да трае засекогаш. Тогаш јас дојдов ја фатив за градите и го уништив моментот бидејќи тогаш таа сфати дека ја имам залепено за ѕидот со т.н. `секундарен лепак` и се запрашав, што сега,како да ја исправам ситуацијата, лепакот делува..не размислував доволно пред да дејствувам.пу бее...зарем морав вака да постапам, зошто, о зошто мојот мозок ги расипува најубавите моменти? зошто барем еднаш во животов не постапам размислувајќи со главава горе, игнорирајќи се` друго? И тогаш во мене, блудниот син, нешто се скрши, решив да барам прошка од мојата љубена да се покајам и да појдам против себе и својата гордост..но, дали ќе ме сфати? Како ќе реагира на признание на ваква инфантилна постапка која не доликува на седумдесетиедно годишен, зрел човек, свесен за своите години но сепак со блудничав карактер. Можеби требаше да се угледам на помладите, на мојот внук од сестра кој лепакот не го користи за вакви глупави испади иако не сум сигурен зошто го гледам дека секогаш носи најлонско ќесе кога има лепак со себе, а можеби и јас веќе не гледам како што треба.старост, сенилност...ма свесен сум за тоа, но сепак не сфаќам за што друго би го користел лепакот, зарем би имал покорисна употреба? Моите дилеми околу ситуацијата беа разрешени кога еден ден на телевизија гледав нешто околу дувањето лепак како нов проект на власта за подобрување на наталитетот иако не сум сигурен во способноста на младинава да гледа потомство, но сето ова читателот мора да го прими со резерва бидејќи утрово заборавив да се напијам од моите...моите...моите...како само се викаа...