Прифаќање религија во име на љубов

scarstone

Староседелец
15 април 2013
22
25
603
Никогаш не ми бил јасен моментот како мојата религија може да биде тема на муабет на комшиите, роднините и сл. Религиозна сум, но религијата си е дел од мојата личност, но и приватност, скромен дел од мојот живот за којшто сметам дека не треба да трубам наоколу и да пропагирам. Не мислам и дека некој воопшто треба да го прави тоа. Не сум во таква ситуација и двајцата сме иста вера, но хипотетички земено, во таква ситуација, доколку партнерот самиот би го побарал од мене тоа, јас на некој начин сум должна да му кажам она што го знам и причините поради коишто го практикувам истото. А, кога наметнувањата стапуваат на сцена и љубовта полека се гасне. Познавам религиозни луѓе во бракови коишто имаат двојно повеќе празници дома, ништо повеќе. А, детето кога ќе се роди, не знам колку е релевантно која вера ќе му се избере и какво име ќе му се даде, кога, ако не му одговара и ако доволно проучи и се пронајде себеси во нешто, ќе реши истото да го смени како повозрасен.

Сум за промена на религија, доколку истата промена е дојдена како резултат на личен повик, истражување и пронаоѓање на самиот себеси. За само да му се удоволи на партнерот и да му се олесни работата - a big no-no.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Abraxas

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево

Armagoddamn

Староседелец
28 октомври 2015
162
33
1,028
Математички не е можно, психолошки не е можно, велам за себе кај мене не беше можно и имам одбивност кон атеисти
Сега функционираат, но како после задгробниот живот?
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Математички не е можно, психолошки не е можно, велам за себе кај мене не беше можно и имам одбивност кон атеисти
Сега функционираат, но како после задгробниот живот?
Како тоа математички не е можно?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Abraxas

Armagoddamn

Староседелец
28 октомври 2015
162
33
1,028
90 % би рекле дека сум сатанист поради музиката која ја слушам, али не сум, 100 % не сум

ех, да можев да ти објаснам, ама тешко со зборови
 
Последна промена од модератор:

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Ова секогаш треба да е „двонасочна улица“.
Порано може сум била позелена и било као куууул, изнад ситуација сум што ја има согледано реалноста за религиите и не верувам во нив, вауу, петка на рачето, па сум имала порадикални ставови. Сега воопшто не ми игра улога дали некој е верник или не, ама дури тера во границите на нормалата т.е. да не му е секој муабет дека Бог така сакал или Бог ќе судел за ова или она, или тоа и тоа било против Бога, итн. Ама исто па и не сакам хардкор атеисти ко што бев порано, а еве за пример ќе ја земам Фејсбук групана Асоцијација на Македонски Атеисти, каде оние што највеќе коментираат и се потсмеваат, се најглупите суштества што некогаш сум ги читала.

Е сега па, ако некој не сака да прифати јас што сум атеист/агностик, а бара да му прифатам религија, ќе си имаме проблем. Ако јас можам да те почитувам и прифаќам, ќе можеш и ти мене. Венчавки во црква не ми пречат, ако е толку меракот, немам проблем пошто секако нема ништо да ми значи, ама чуму фајде, после само би се додале евентуални додатни трошоци и за развод од црква. :zelen
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider