Препорака за добар психијатар

Molecule X

Староседелец
12 јули 2015
12
5
1,003
34
Прв пат сум на форумов, ма и прв пат сум на форум воопшто. Сметав дека некој тотален странец не може да ми даде добронамерен совет, мислење и слично. Тек сега после 25 години живот ја сфатив дека некој што не те познава може најмногу да ти помогне. Имам мака, голема мака, проблеми што ми се влечат ко тужна песна на Балашевиќ уште од мала. Дете сум на разведени родители, татко ми прв пат го видов на 18 години и тогаш дознав дека имам полу сестра (од првиот брак на татко ми). И наеднаш од само мајка ја имам и татко и сестра, ослабев нагло 20 килограми и почнав да добивам и многу внимание и од мн мал град заминав да студирам во европска метропола. Промени еден куп ја не знаев како да се справам со нив и избегав од сето тоа и се криев. Фатив дечко прв дечко, први односи, прва врска прво се. Приказнава продолжува вака прво ја сјебав врската, после татко ми ме одјеба мене во смисла на не те финансирам више за факултет што сакаш прави се искарав со се околу мене и продолжив сама. Ми требаше многу долго време за да јас повторно се зближам со луѓето. завршив факултет се вратив дома. Пак промена, пак адаптација и после 5 години ништо не беше исто, ја не бев иста, луѓето што ги знаев не беа исти. Се повлеков во себе, не се дружев не ислегував и баш тогаш мајка ми ја дијагностицираа со карцином, 4 стадиум, тешко, многу тешко. И баш тогаш ја бев на почеток на нова врска (после 3 години) и во најтешкиот период и тој ме остави. Мајка ми беше подобра се беше во ред освен јас, е јас бев сама, очајна и без никого и пак се смирив со бившиот за да ме остави пак. и пак истиот момент. трауми едно чудо. После некое време пак се смиривме и тогаш работите сме сменија скроз ја бев најсаканата девојка на светот па бре луѓе ја ја имав онаа филмска љубов, и ко секогаш до сега ја почнав да претерувам колку повеќе ми даваше толку повеќе бев незадоволна а се стигна и до веридба. И на крај му пукна филмот и ми рече те сакам ама ја вака више не можам, не сакам да бидам со некој како тебе што за ситници прави скандали, хистерии и сцени. Се извинував, кукав, плачев, молев не бидува. Како и да е сега сум на раб на некоја тешка ментална болест едноставно си осеќам. И барам стручна помош, некој што знае да ми покаже некој пат и насока затоа што се осеќам ко изгубен Индијанец. Така да после 1425689 искажани зборови овде ја од вас барам препорака за стварно добар психијатар што може да ми помогне. Ве молам да ми дадете некој нормален таков. Ќе ви бидам благодарна од цело срце.
 

MacedonishQueen

Истакнат Член
17 јуни 2015
205
131
143
Подобро би било да посетиш психијатар, и ние тука би ти помогнале али не толку многу колку што ќе ти помогне психијатарот, можеби и ќе ти даде некој лекови за смирување. Имаш најдобра другарка? Се надевам дека да. Излегувај те, и раскажи му све што ти лежи на душа верувај многу ќе ти олесне, или пак обрати се кај мајкати да ти помогне да се извлечеш од оваа ситуација, таа ќе ти даде најдобар совет. Доколку не сакаш да посетиш психијатар земиси лекови за смирување. Што се однесува до момчето, направи му некое убаво изненадување, направи албум од вашите фотографии, смисли порака сама итн. и извинисе вети му дека никогаш повеќе нема да бидеш таква како некогаш што си била, дека навистина ти е жал за све. Сепак ти треба со некој да разговараш отворено. Да сум ја на твое место би посетила психијатар. Понекогаш е убаво и сама да седиш и да размислуваш, направи го тоа, размислувај за се. Потруди се да се промениш, ако веруваш во себе ќе успееш. Ако сакаш да ги вратиш луѓето околу тебе, смени го односот со нив, биди друга.
 

Lady*

Староседелец
1 април 2012
1,965
6,158
1,133
Неколку пати имаш пишано во постот најдобро би било да посети психијатар, ЈАСНО пишува погоре девојчето дека бара препорака за психијатар, значи со мисла да оди.
Велиш ако сакаш да ги вратиш блиските, промени се, биди друга. НЕМОЈ немој никогаш тоа да го правиш. Тоа нема да бидеш ти, се ќе биде вештачко, а ти би се ставила на дополнителен притисок.
Лекови за смирување не би ти препорачала, затоа што уште толку ќе западнеш во таа меланхолија.
И да се поправам не ти треба психијатар, него ПСИХОЛОГ!
ова реплика на македонската кралица, а за психијатар добар немам препорака
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Molecule X and Makedonec

Marijaaa

Истакнат Член
30 мај 2015
65
116
343
Почни да веруваш во себе, пробај да правиш нешто што те прави среќна, што ќе ти ја врати самодовербата и запомни на крај се ќе биде добро ако не е, НЕ Е КРАЈ!
 

Molecule X

Староседелец
12 јули 2015
12
5
1,003
34
Prvo se izvinuvam za latinicata :) a vtoro lekovi za smiruvanje ne ni pomisluvam da pijam zatoa sto efektot e minliv i posle pak isto tahikardii, pritisoci gluposti, moram SAMA toa. A sto se odnesuva do toa da se smenam. Ja sega sum smeneta ja ne bev vakva, ja se pretvoriv vo nekon sto ne sakam da go sretnam na ulica... i mislam deka najdobro bi mi dosla strucna pomos.
 

Molecule X

Староседелец
12 јули 2015
12
5
1,003
34
Na forumov se ponasam ko nepismena i poradi toa se izvinuvam posto ne mu go imam uste fateno redot :D muabetov e ja imam najdobra druarka i taa me poddrzuva za odlukata da odam na psihijatar i uste edna bliska osoba sto ja imam vo zivotov istoto mi go vika. Site pravat se za moe dobro sekogas pravele ama ja se ponasav ko razmazeno detiste. I posle nekoe vreme edno sabajle stanav se poglednav vo ogledalo i od drugata strana bese nekoj sto ja ne go znam. Vidov nekoe nepoznato devojce so modri podocnjaci i so nadueni oci, i so neprijatelski pogled. JA NE SUM TAA SI JA SAKAM STARATA JA!!! A so majka mi muabetot ni se sveduva na sto ke pravime utre za rucek, dali ja plati smetkata i razbudi me utre za na rabota.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
news_photo_32284_1356038417_630.jpg

Чаре нема, ако единката е емоционално привзрана кон лудилото и наоѓа утеха/вредност/радост во истото тогаш нема спас, само Торазин директно или Егзорцизам...
Проблемот е да се прекине давањето позитивна вредноста на лудилото и лудачките постапки али тоа е потешко отколку Хунзистан да стане свецки првак во фудбал, иако никад се не зна...
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Дајте ако имате нешто меѓусебно, решете си преку приватни пораки/на профил.
Темава е за препорака на психијатри.

Јас би ти го препорачал Ѕвонко Ѓокиќ ама чини грдни пари и е психијатар во права смисла на зборот.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Molecule X and Prashina

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Девојкава бара психијатар значи се одлучила да оди а овие и помагаат тука, бог да чува еј, има ли паметни луѓе останато?

Иначе имаше еден карши државна не знам како се викаше, не ми текнува, тој е добар психијатар. Ај кога ќе ми текне ќе го пишам.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Molecule X

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Од лично искуство ти ја препорачувам Ана Филипче во државна болница во Скопје.
Ќе те среди за 5 минути.
Нема да коментирам за сѐ погоре што си кажала.
Те сфаќам.
Само морам да ти кажам... не можеш сама да надминеш такви проблеми. Колку и да те лажат...со разговор ќе помине. Мораш да земеш лекарства кои барем малку ќе ги смират тахикардиите и стравовите. Да му дозволат на мозокот малку поопуштено да мисли.