Животот ти е баш испревртен, жал ми е за се што ти се случувало, но па никој не е совршен и никој нема совршен живот. Убаво е тоа што си решена да одиш на психијатар но како да кажам немој да се навикнеш на него така излегувајќи од еден проблем ќе влезеш во друг што не е баш убаво за тебе. Не би можела да ти препорачам некој добар психијатар ама еве би можела да ти кажам два три збора.
Не ти треба психијатар за да си го средиш животот, ако ти самата не можеш да си го средиш верувај никој не би можел да ти помогне, а од другарки знај дека никогаш не можеш да добиеш искрен совет. Ја би ти рекла попрво да си најдеш некое место или нешто кое би те смирувало и би ти влијаело позитивно (еве пример мене многу ме смирува кога гледам во вода (река, море итн) просто заборавам на се, имам простор да размислувам, да си ги согледам грешките и како да ги поправам), така многу побрзо би се вратила во колосек и воопшто би се чувствувала посмирено, а работите па и животот малку по малку ќе си дојдат на своето место.
И секако размислувај позитивно верувај тоа ти е лек за се.