Препорака за добар психијатар

escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
Животот ти е баш испревртен, жал ми е за се што ти се случувало, но па никој не е совршен и никој нема совршен живот. Убаво е тоа што си решена да одиш на психијатар но како да кажам немој да се навикнеш на него така излегувајќи од еден проблем ќе влезеш во друг што не е баш убаво за тебе. Не би можела да ти препорачам некој добар психијатар ама еве би можела да ти кажам два три збора.
Не ти треба психијатар за да си го средиш животот, ако ти самата не можеш да си го средиш верувај никој не би можел да ти помогне, а од другарки знај дека никогаш не можеш да добиеш искрен совет. Ја би ти рекла попрво да си најдеш некое место или нешто кое би те смирувало и би ти влијаело позитивно (еве пример мене многу ме смирува кога гледам во вода (река, море итн) просто заборавам на се, имам простор да размислувам, да си ги согледам грешките и како да ги поправам), така многу побрзо би се вратила во колосек и воопшто би се чувствувала посмирено, а работите па и животот малку по малку ќе си дојдат на своето место.
И секако размислувај позитивно верувај тоа ти е лек за се.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Molecule X

Struggler

Староседелец
19 јануари 2013
1,755
1,002
1,133
Се е до психата и таа те кочи, опушти се и погледите нека ти бидат малце "посвежи бои", не ти треба ниту психијатар ниту психолог. Единствениот проблем е твојата глава и треба да олабавиш малце.
 

Open mind

Нов член
22 февруари 2016
1
0
1
50
Дали некој може да ми каже колку чини една посета кај др. Ѕвонко Ѓокиќ? Сум слушнала дека е скапо, ама колку?
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Дали некој може да ми каже колку чини една посета кај др. Ѕвонко Ѓокиќ? Сум слушнала дека е скапо, ама колку?
1200 беше доста одамна. Рачунај некаде малку над 1000.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Open mind