@Outrider што е до мене јас би да ги пуштат сите првотимци против кокошките ама многу е мека оваа генерација. Што знам некако безвезе ми се повредите во последно време, а гарант дека овие ќе повредат некој. Ама дерби си е дерби, плус едно од најголемите ривалства на островот е. Од нив е и прекарот Gooners за навивачите
Еднаш го слушав Анри даваше интервју нешто баш околу ова дека денес многу лесно е да каже играч дека е повреден, тој збореше дека порано ако некој се пожалел го сметале за неспремен и одма тренерот поинаку гледал и немал толку доверба. Сеа не да игра некој сакат ама понекогаш смешни ми се повредите. Еве последната, со пул, Кошчелни проблеми некои со грбот имал, а Мертесакер настинал. Јас да сум тренер ова второто не би го ни сметал за оправдание да не игра, а за Кош што знам каква е повредата ама не ми изгледа дека е нешто дотолку па да испушти утакмица. За разлика од нив Санчез го пуштија на одмор поради Копа Америка, ама овој одбиваше одмори и се` правеше само за да игра.