Премиер Лига, Чемпионшип, ФА и Лига Куп 2015/16

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Отвори ја прикачената датотека 26178

Очекував ваква изјава од Венгер. Никогаш не зборува лошо за тимот во медиуми и тоа е разликата меѓу него и Хозе. Подобро да прават муабет за Венгер отколку сите да читаат како Венгер не им верува на своите играчи.
Прегеска ги премотував убаво головите и за првиот гол можеби е во право дека беше офсајд, ама другите три поштено си ги дадоа Сотон. Овој тим што го направи Венгер не знае да игра под пресинг затоа што нема средњаци кои што можат брзо да се ослободат од пресингот и да искористат вишок играч поради високиот пресинг на противникот. Санти го бива за тоа, ама ете него го немаше :/ Вчера пресингот ко да ги поремети сите до еден, ко муви без глави беа. Додатно беше и тоа што судијата имаше премногу глупави критериуми за фаул па за малку не настана тепачка. Смешно е какви се` фаули не досуди, ко огромен ринг за групна тепачка да беше стадионот.

Уште Казорла фалеше за 0-6 :zelen не е тој некој кој би повлекол, ако цела екипа е срање....сите се срање, се претопуваат во сивилото, нема фирер како Виера на времето да потегне нешто.

Во другите вести Селтик не одолеа да не прими гол во 90+ и тоа од 30м за 2-2(facepalm), фина утакмица, јако борбени срцата од Един`бро:)
 
existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево

Подобар е за изнесување од Рамзи или Фламини или Чембрлејн. Рамзи трча само кон голот, Фламини само глупости прави, а Окс годинава е бледа сенка на тоа што беше до лани. Исто не ми се верува дека Ивоби и Кембел добиваат шанса пред Гибс.
 
Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Подобар е за изнесување од Рамзи или Фламини или Чембрлејн. Рамзи трча само кон голот, Фламини само глупости прави, а Окс годинава е бледа сенка на тоа што беше до лани. Исто не ми се верува дека Ивоби и Кембел добиваат шанса пред Гибс.

Фалмини е повеќе расипувач на забави на противникот нешто како Кокелан ама проблемот е што Казорла одамна не игра ништо и да беше присутен немаше да има разлика... може се фатил со ракијата :zelen
 
Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
А тој Кошчелни на што дроги беше? Во одбрана се губеше, после се посрамоти и напред кога отиде. Лошо е кога се дрогира некој.
 
existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Сите имаат по некоја лоша партија ама лошо е кога колективно се случува тоа. Мерте летнал на центар иако е желка па нѐ сотреа од контри.
 
Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Во другите вести Селтик не одолеа да не прими гол во 90+ и тоа од 30м за 2-2(facepalm), фина утакмица, јако борбени срцата од Един`бро:)
2-2?
Кога биднало тоа? Јас гледав 1-1 и не можев веќе, почнав гласови да бројам :D
Мислев дека така завршило, затоа такви коментари... Се извинувам.