Foxes like this
Хал може да е задоволен што не прими барем 7 ама сепак доволно да падне под Лестер. Арсенал игра и со Сандерленд дома, уште една прилика да им помогнат на лисиците.
Хал прибегнаа кон касапење едно време само што овој пат имаше соодветен одговор со неколку гадни стартови на арсеналовци
после мистериозно престанаа со мавање касапите Досон и компанија....
Еднаш еден лик ме праша зошто ми е симпатичен Арсенал пошто немал титула во ПЛ сто години...ако ја гледал утакмицата вечерва би требало да му е јасно, пасови без гледање, пасови со пета, убацивања, пасови кои разделуваат одбрана, дриблинзи... плус отсуство на дајвови, читови и симулации, сето тоа во мојата перцепција е јак фудбал. And not a single fuck would be given дали освоиле титула или не се` додека играат така. Чисто лаички, како тв-гледач на продукт наречен профи фудбал, во случајов брендот ПЛ.
До некаде исто важи и за М.Сити (иако не во толкава мера) па и за Лестер..... а никако за Челзи иако станаа шампиони. Најмалку од сите ПЛ екипи сакам да го гледам Челзи (Сандерленд и Ливерпул се тука некаде од други причини) затоа што не ме интересира дали Мурињо го надмудрил некој икс менаџер или не, со килаво голче од квази пенал. Чудно ми е што воопшто постојат фанови на Челзи надвор од Лондон, или љубители на таљански екипи... која им е логиката да пратат екипа која игра мртвила... само затоа што освоиле титула?!
Тоа ми е исто како да висам во МекДоналдс пошто се број еден сендвичара во светот
(ок, ланец) и да се тешам дека запеченото суво и никакво хамбургерче ми е јако, пошто МекДоналдс праи најјак профит? И шо има некој лик кој гнете сув грозен помфрит со тоа, да не им дадат од профитот нешто?
Што има некој лик кој во рандом земја на тв гледа ПЛ со тоа што Челзи или лимонтус освоиле титули?!
............пуста човекова потреба да се поврзе со нечиј `успех`....макар било таму некаде...нешто...некој....