Обично после стапувањето во брак жените се тие што го менуваат своето презиме, потполно го прифаќаат презимето на сопругот или го додаваат на нивното. Вистинска реткост е маж да смени презиме.
Машки има ли шанси вие да го смените презимето и во кои случаи? Би инсистирале ли сопругата да го земе вашето презиме?
Никогаш не би инсистирал за ништо, доколку сака, ок , ако не сака, пак ок 
Мајка ми има различно презиме од моето , братучетка ми има ралично презиме од сестра и
кога бевме на шопинг во грција, бевме 5 члена во една кола од поблиското семејство, а сите со различни презимиња
филм ...
сегашниот дечко не сака така, сака да сум по неговото презиме и се се "караме" кога ќе се спомне таа тема 
на децата се дава презимето на татко-то...занес - потрес
јас си го сменив и ич не му ја думав
додуша би било интересно, ама и децата да носат две презимиња
па после ко ќе се омажи ќерка ми на тие две да додаде плус уште едно, од сопругот
па нивните деца, моите внуци да носат три презимиња
па ако имам внука и таа да си ги задржи трите, па да додаде плус уште едно
итн итн ихааааа лудница
по неколку генерации да си имам потомци чие име се изговара најмалку 5 минути
а и една друга „мода“ ми е ептен „јака“
го земам презимето на сопругот, ама буквално, во машки род пр. госпожа Тодоровски
то ми е најбезвезно од сѐ
Јас пуста, црна да останам што судбина ме снајде. 

