Презиме

parvati

Сангвиник
14 февруари 2012
6,710
13,879
973
ипопофски не е бираја такфи Ч ) hh мене ме утнаја, бш ми е пфф презиме, типично мк тајмз фонт у ворд лол
 

4FUN

Староседелец
3 март 2012
897
1,988
1,093
Обично после стапувањето во брак жените се тие што го менуваат своето презиме, потполно го прифаќаат презимето на сопругот или го додаваат на нивното. Вистинска реткост е маж да смени презиме.
Машки има ли шанси вие да го смените презимето и во кои случаи? Би инсистирале ли сопругата да го земе вашето презиме?

Има шанси да го зменам и тоа девојката ако побара, а не жената :D Никогаш не би инсистирал за ништо, доколку сака, ок , ако не сака, пак ок :)
презимето воопшто не ми е важно ... татко ми има двајца браќа ... сите тројца се со различни презимиња (не би сакал да навлагам подетално зашто е тоа така) :D Мајка ми има различно презиме од моето , братучетка ми има ралично презиме од сестра и :D кога бевме на шопинг во грција, бевме 5 члена во една кола од поблиското семејство, а сите со различни презимиња (happy) филм ...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi and Bibi@

Caci

Истакнат Член
15 февруари 2012
876
1,104
393
31
Струмица
Не си го менам моето презиме, води потекло од Егејска Македонија и го носиме само нашето семејство... Кога ќе се мажам ќе си го задржам моето, и ќе го додадам неговото сакал прифатил, сакал не :D сегашниот дечко не сака така, сака да сум по неговото презиме и се се "караме" кога ќе се спомне таа тема :giggle
 

Ристо од Драчево

Староседелец
25 февруари 2012
246
275
1,063
Скопје
занес - потрес :D
јас си го сменив и ич не му ја думав
додуша би било интересно, ама и децата да носат две презимиња
па после ко ќе се омажи ќерка ми на тие две да додаде плус уште едно, од сопругот
па нивните деца, моите внуци да носат три презимиња
па ако имам внука и таа да си ги задржи трите, па да додаде плус уште едно
итн итн ихааааа лудница
по неколку генерации да си имам потомци чие име се изговара најмалку 5 минути :rofl
а и една друга „мода“ ми е ептен „јака“
го земам презимето на сопругот, ама буквално, во машки род пр. госпожа Тодоровски :eek
то ми е најбезвезно од сѐ
на децата се дава презимето на татко-то...
а за презимето ми е сеедно дали ке го земе моето или ке го задржи нејзиното или ке го додаде моето на нејзиното..
јас ќе ја сакам нејзе а не презимето кое служи само за идентификација и слично...
 

Gabby

Полноправен Член
21 февруари 2012
61
46
18
26
Не би се откажала од своете презиме, можно е само да го додадам неговото! :)
 

Bum-Bum

Истакнат Член
3 март 2012
1,126
1,845
423
Еден досаден град
Јас на моето презиме би го додала неговото...Бидејки е многу специфично и интересно убаво ми звучи со името и е единствено...А би го додала на мажот од некоја така наречена почит спрема него...А за децата нема што да се дискутира нормално дека ке го носат неговото презиме....
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Гонзо

Primrose

Староседелец
14 февруари 2012
683
1,287
1,093
your nightmares....
Па не дај Боже маж да ми биде некојси Џемшир-Ага па да не го сакам неговото презиме.:eek Јас пуста, црна да останам што судбина ме снајде. :place

:D
Ќе си го земам неговото. Не сум алергична на туѓи презимиња, а кога веќе сум нечија жена значи се негово е и мое. Сегашново мое презиме не е специфично, не е ни многу често.
Не дека го нејќам моето...уствари го сакам премногу, ама не би ми пречело ни тоа од мажот ми, па бидејќи имево ми е едно од почестите се надевам дека неговото презиме ќе ми стои. :D