Предрасуда и Стереотип не е исто.
Стереотип е ментална слика за некој човек или група за луѓе, на пр. глупи босанци, мрзливи црногорци, прецизни швајцарци, скржави евреи и др. Стереотипите можат да бидат позитивни или негативни, и како што кажав тие се само ментална слика и не влијаат на однесувањето, поготово не може да доведат до агресивно однесување.
Предрасудите претставуваат врста на ставови, но додека ставовите можат да бидат позитивни или негативни, предрасудите се секогаш негативни. Предрасудата е логички неоснован, изразено негативен став кон некој припадник или припадници на одредена нација, религија или раса. А предрасудите пак се разликуваат од ставовите по тоа што:
- предрасудите предизвикуваат одредени видови на дразби, во прв ред кон некоја нација, раса, некоја социјална група или верска организација;
- предрасудите вклучуват интензивна емоционална реакција кон особите кон кои постои предрасуда;
- реагирањето предизвикано од предрасудите, по правило, претставува негативен однос, обично непријателски однос кон лицата кон кои постои предрасуда;
- предрасудите не се засноваат на факти, на реална состојба, туку тие се спротивни на реалните факти;
- предрасудите тврдокорно се одржаваат и тешко се менуваат.
Предрасудите ги стекнуваме во текот на животот, а ни ги всадува околината. Малите деца немаат никакви предрасуди, за нив сите луѓе се исти. Но гледајќи во какво труло општество живееме и ги растеме децата, ретко која особата останува имуна на предрасуди. Уште од мали нозе на децата им се всадува предрасуди кон ’’цигаништата’’, ’’шиптариштата’’, ’’кауриштата’’, ’’торбешаната’’, ’’вемереовчињата’’, ’’комуњарите’’ итн. А некому тоа и те како му одговара ... предрасудите влијаат врз мислењето и однесувањето на луѓето, а бидејќи се негативни и самото однесување е негативно кон оној кон кого се има предрасудата. Треба да се знае дека предрасудите се штетни за општеството, поготово за мултинационално општество како нашево. Тие не само што го отежнуваат животот, туку и представуваат погодна основа за започнување на конфликти. Редовно и се користат за заострување на односите помеѓу луѓето и предизвикување на војни. Одржување и развивање на предрасуди помеѓу нациите и националностите заправо е и едно од средствата на империјалистичката политика. Секое подготвување на војна е пропратено со развивање на предрасуди и омраза кон оние кон кои се спрема војната. Многу добро знаеме како дојде до војните во Југославија, како евреите беа истребувани, многу добро треба да се знае зошто некој го дрма соживотот во Македонија и му одговара граѓаните да бидат поделени и да има национални и партиски предрасуди. ... затоа е најдобро што побрзо да ги искорениме предрасудите од нас ако сакаме подобра иднина во оваа земја. ... Кога сме кај мене, ни јас не сум цвеќе и имам предрасуди кон лица со предрасуди, питачи на семафор и креатури со аграрен менталитет.