Сакам да стигаат известувања за секој казнен поен. Погледнете и по други форуми, казнените поени се видливи за секој кој има пристап до профилот било да е обичен член, мод, админ. Со тоа што ќе наакате казнени некому и нема да го известите не сте направиле нималку добро, едноставно членот не ни знае дека добил некаква казна и дека треба да увиде како се однесува.
Друга работа, дај бе веќе еднаш опрајте ја работава со форумот. Предлагам да се престане со селекција на членови кои добиваат опомени и казни за секој коментар, па дури и било обичен пост во СДК додека други слободно господарат со форумов. Или опрајте работа или ќе замре секаква дискусија.
Друго, дајте средете ги казните околу банирање. Не може да почнувате од еден месец бан бе. Кај го има тоа. Се знае, се дава 3 дена или недела дена бан, па после ако се продолжи 2 недели бан. На што личи цел месец бан од прва. Ај ја што имав и останав тука останав, ама со тоа бркате нови членови. Нов член, напишал 2-3 коментари и одма казнени и бааам опомени па и бан. Пази после да не се врати тој член на форумов.
После предлагам убаво да си преиспитате таму у администрација за што може да се доделат казнени поени и колку, а за што да се прати само известување со опомена. Не може да мавате казнени поени за пост во СДК кој нити содржи навреда, нити содржи нешто офтопик (зашто темата е за офтопици) и сл., а да толерирате трескање глупости у теми каде се бара сериозна дискусија. Друго што би сакал да поправите е бришење муабети. Ако се кренало тензија у некоја тема оставете ја бре, се` дур нема директни навреди и полнење офтопици тоа е продуктивна дискусија па макар нека е и караница. Кога ќе се почне со навреди и со офтопици ако се делат казни треба да се делат на сите подеднакво, а не овој ми е другар него ќе му забришам само а овој глупанов што се карал со него ќе му рокнам казнени за секој пост. Или сите или никој.
Имам уште многу да предложам, ама се плашам дека нема да бидат ни прочитани предлозиве.