Предлози за серии

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
(Marvel's) Jessica Jones

jj.jpg

Netflix растурија годинава. Прво Daredevil, после Narcos, сеа Jessica Jones. Како и другиве 2 серии што ги спомнав, така и оваа пуштена е целата сезона во еден ден (20.11). Најпрво, многу ми се допаѓа главниот лик. Девојка со мистериозен карактер и способности, дистанцирана од луѓето работи како приватен детектив. Иако се труди да не биде супер-херојот, нејзината желба за правда ја тера да му се спротистави на човекот кој и го направил животот пекол. Секако, тука е и нејзината натприродна физичка сила (и способност да скока?). Ми се допаѓа и приказната, секако мора да го има она клише на good guy vs. bad guy, сепак тоа е основата на стриповите. Но, начинот на кој се прикажани ликовите, целата приказна, е многу поинаков од типичните Спајдермен и Супермен филмови. Затоа и толку многу ми се допадна Daredevil. Повеќе се фокусираат на човечката страна на главниот лик, со дискретен нагласок на нивната моќ. Плус, сите тие сцени со тепање изгледаат доста природно. Сосема спротивно од, да речеме, сцените во Arrow. Башка, Krysten Ritter ми е толку симпатична, одлично глуми и супер и одговара улогава.

 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
The Borgias.

Временски сместено во Италија при крајот на 15тиот и самиот почеток на 16тиот век, во временски опсег од 3-4 години (Барем така изгледа). Значи ренесансна Италија, градови-држави како Фиренца, Ромања, Венеција и големи кралства како Франција, Шпанија, Неапол и секако Светата Римска Држава. Класична борба кој би седнал на тронот, многу интриги, сплеткарења, афери, секс, (не)моралност (за тие прилики), итн...
Зошто е добро да се погледне серијава:
- Историски иако е малку искривена, приближно многу добро ги оцртува тогашните прилики.
- Снимано е на лице место (in situ) (Рим, Неапол) без додавки на многу специјални ефекти и шминка. Сепак ова не е акционен филм туку чиста драма.
- Реални политички околноси. Мислам дека главен извор им е Макјавели, како и онака му посветија и неколку епиознда улога.
- Реална слика и прилика на тогашната католичка црква. Многу е погрешно тоа што во учебниците се споменува дека католичката црква не ја поттикнувала ренесансата и хуманизмот. Од друга страна цркава сама по себе како корумпирана институција го отсликува сиот тој разврат меѓу благородништвото, свештениците и обичната раја.

Што има „вишак/мањак“ серијата:
- Иако се состои го мноштво глумци од европско тло, направена е за америчка публика. Некаде во средината на втората сезона се осеќа тој стандарден амерички „шљам“ на индивидуалност - каде буквално се` зависи од моментумот и индивидуата. Фрлено е светло само на одредени поединци и нивните животни приказни, недостасува малку повеќе историчност - факти.
- Преголемиот акцент удрен за ЛГБТ, инцест и лезбејството (иако црквата ги забранувала тогаш). Мислам дека со тоа се обиделе да додадат малку повеќе каприциозност (демек вау контроверзии(, но реално за ова ново општество станува здодевно. Пак ќе кажам, го имам ова заприметено повеќе во амерички блокбастер филмови отколку во некој култен.

Актерската екипа е солидна, со Џереми Ајронс како еден од главните протагонисти, без ништо повеќе да додадам одлично си ја изигра улогата како Папа Александар VI. Чезаре Борџа, од друга страна, десната рака на Папата, со многу поголеми амбиции од еден обичен Кардинал. Прв пат го гледам глумецов, но би погледал уште некое филмче со него дефинитивно. Лукреција... Ја направија многу мека во филмот (во реалноста сечела глави), но ако ја видиш не може да те остави рамнодушен. Нејзината наивност го одзема сечиј здив на големите благородници, вклучувајќи го и на Чезаре. Каталина Сфорца, во првите 2 епизоди мислев дека оваа улога би и била соодветна на Лукреција. Нескротлива дури и во најтешките моменти, she never bows to anyone unless she has some interests in it. Миќелето, или десната рака на Чезаре. Асасин парекселанс. На крајот многу работи се испревртија со него, но шта је ту је. Одлично си изглуми човекот.

Зошто серијата запре со снимање:
Затоа што реално им` снема идеи. Голема грешка направија што ја разводнија прикаската. Во време кога имаш конкуренција налик на Game of thrones, подобро е да бидеш краток и јасен отколку да се тркаш со една толку популарна серија во битка која сигурно немаш шанса да победиш. Поентата на Борџии беше да има конкретност со мала доза на сплеткарење, а не обратно - сплеткарењето да биде лајф мотивот во серијата. Тука ја направија капиталната грешка. Секој кој би ја гледал, после 2та сезона веќе би му станало монотоно со сплетките.
Зошто ја препорачувам? Бидејќи иако има ставено одредена америчка извештаченост, самата серија има свој историски шмек. Животот тогаш е одлично пресликан, одредени историски поединости се поклопуваат совршено, религијски е неутрална, со подеднакво фрлање на критика на црквата како инститиуција но и величење на моќта на папата.
Ако ништо друго, првата сезона е совршен вовед во животот на еден жител од ренесансата.
Од мене има оценка 4/5.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хоуп*

Tantara

Староседелец
31 октомври 2013
456
694
1,103
http://www.imdb.com/title/tt2294189/?ref_=nv_sr_1
41Xsl9PFx4L._SX522_.jpg

Еден од подобрите психолошки трилери што сум ги гледала. Пол (Jamie Dornan) е сериски убиец кој ги “манијачи“ своите жртви, а Стела (Gillian Anderson) e детективка која се обидува да го фати убиецот на трите жени кои се убиени на ист начин - давење... Додека Пол се усовршува во начинот на убивање, Стела се’ повеќе го открива неговиот начин на размислување...
Мене вниманието ми го задржа тоа што нема застој во дејствието, нема непотребно „тупење“ и „развлекување“ на настаните. Досега излезени се 2 сезони (вкупно 11 епизоди), а ќе има и трета 2016г.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ghtalpo

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Billions

billions tv show poster.jpg

Сега за сега, се емитуваше само пилот епизодата (мислам дека втората ќе биде денес), во која не се задлабочија премногу во заплетот. Она што го сфатив е дека едниот од главните 2 лика - Chuck Rhoades - е адвокат кој ги открива валканите дела на луѓето, а другиот - Bobby Axelrod - е успешен човек кој се збогатил преку работа со финансии. Сега за сега, не споделија некои покоретни иформации, на кој начин се збогатил. Спомнаа само дека тој е единствениот од целата компанија каде што работи (сега е директор, порано не знам дали бил) кој преживеал на 09.11.2001. Интересното е што жената на Чак работи за Боби. Серијава и голем потенцијал да биде добра.


(DC's) Legends of Tomorrow

Legends of Tomorrow.jpg

Која ги прати Arrow и The Flash, ќе ги знае ликовите. Еден (нов) лик од иднината, доаѓа во сегашноста за да направи екипа од 8 херои и заедно со нив, да го победат моќниот Вандал Севиџ кој е зол и во иднината владее со планетата Земја. Станува збор за овие осуммина: др. Мартин Стејн со црнецот кои заедно го прават Firestrorm, Реј Палмер (бившиот на Фелисити од Arrow a.k.a. The Atom), Сара Ленс (сестрата на Лорел од Arrow a.k.a. White Canary), Кендра Сондерс и Картер Хол вечните љубовници (a.k.a. Hawkman и Hawkgirl) и Леонард Снард (a.k.a. Captain Cold) и Мик Рори (a.k.a. Heat Wave), негативното дуо од The Flash. Искрено, ми се допаѓаат суперхеројски/стрип серии, поготово ако се добро направени. Плус, веќе ги знам ликовите и интересно ми е да ги видам во други околности. Тие во сегашноста се (делумно) небитни луѓе, но во иднината (со тоа што ќе/треба да го сторат) се легенди. П.С. "I've seen men of steel die and dark knights fall". :zelen Капиш?


Second Chance

Second Chance.jpg

Богатите близнаци Меру и Ото Гудвин некако (не знам да објаснам како) ќе го вратат 75 годишниот шериф Реј Причард во младо и подобрено тело отткако ќе биде убиен. Иако е нереална во секој аспект, ми се допаѓаат сајфај елементите. Сега за сега само пилот епизодата беше емитувана, така да, чекам да видам како ќе се развие приказната.

 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Tantara and UNISTUVAC

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
MV5BMjMzNjMyMzM2NV5BMl5BanBnXkFtZTgwNjU0ODQ5NjE@._V1_SY317_CR0,0,214,317_AL_.jpg


За оние кои сакаат да гледаат серии за комплицираноста на животот, љубовта,а особено бракот...серијава е топ.
Писателот Ноа, сопруг и татко на 4 деца, за време на летниот одмор се вљубува со омажената Алисон...
И двајцата имаат свој терет кој го носат на грбот, животите им се испреплетени со животите на другите...одлуката не е лесна, но сепак одлучуваат да останат заедно...
Со што ќе резултира нивната афера е навистина интересно...
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Во последно време триве си ги вртам.

Making A Murderer
Уште една во низата цела сезона објавена одеднаш на Нетфликс. Нова, од декември, 2015.
Се работи за документарка која покрива вистински случај некаде во рурален Висконсин.
Откако одлежува 18 години затвор за силување кое го нема извршено, Стивен Ејври конечно излегува на слобода, но за многу кратко време. Откако почнува да ги тужи надлежните, кои треба да му исплатат над 36 милиони, Стивен запаѓа во нова стапица - приведен е за убиство на фотографката Тереза Халбах.
И тука почнуваат заплетите. Крипи полицајци и шерифи, неверодостојни искази, прикривање докази за невиност уште од случајот за силувањето, сомнежи за подметнати докази, користење на ментално-заостанатиот внук на Стивен ко учесник и очевидец, пак менување приказни, повуци-потегни...
Малце ми делува ко Нетфликс да наметнуваат нивно видување, но приказната е сама по себе трагична и е лошо да си замислиш да си типичен и небитен реднек со незамашен коефициент на интелигенција (згора па ако си и невин), а цел живот да ти минува по затвори ради засега непознати околности.
Не знам, еве. Овде секој треба за себе да си изгледа и донесе заклучоци.

My Mad Fat Diary
Навидум лајт и детска серија, која всушност доста пецка по она што боли, а не си го признаваме ни себе.
Реј е 16 годишна тинејџерка некаде во средината на 90тите. Девојче кое се бори со својата тежина, (не)прифатеноста од друштвото, момчиња и секс, недостатокот на татко во животот и лекоумна мајка која љуби и крие маж-избеглица во домот. :D
Изобилува со комични елементи и oh shit ситуации во кои секој може да се најде без разлика на возраста, но се справува и со депресија и самоповредување, ups and downs, what if моменти и раскрсници на кои може да згреши и најзрелата индивидуа.
Многу фино склопено. Има некои 15-16 епизоди распоредени во 3 сезони. Мене секогаш ме остава со прашања во глава, па затоа и ја препорачувам.

Blindspot
Серијава е нова и има 10 епизоди досега. Ми излезе ко предлог на Stremio, па решив да ја ѕирнам и засега ми е баш добра.
Цајкани наоѓаат торба сред Тајмс Сквер и го евакуираат местото под сомнение дека е бомба. Наместо бомба, внатре има гола девојка. :D
Surprise, bitch. Ко на еден кога наместо стриптизета, му излезе црнец со вазелин од тортата. :D
Ениуеј, Џејн Доу не се сеќава која е, ниту како завршила таму. Нејзината меморија е избришана и сè што имаат во врска со неа се многуте тетоважи по нејзиното тело, кои се обидуваат да ги дешифрираат со цел да сфатат која е и зошто ѝ е потребен баш тој еден агент на ФБИ.
Тетоважите, како што ќе откријаат набргу, претставуваат шифрирани пораки за најразлични напади кои бирото треба да ги дешифрира и реши пред истите да се случат. Како што се развиваат настаните, Џејн почнува да се сеќава на сегменти од својот „претходен“ живот и да се прашува на чија страна (треба да) е и што всушност сакаат од неа.
Делот со тетоважите ме потсеќа на The Whispers, ама толку е сета сличност (бар засега).
Лично, ми се допаѓа. Ем крими, ем мистерија... милина. Ќе видиме како ќе се одвива понатаму.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Tantara and MissChievous

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Feed The Beast

feed the beast.jpg

Двајца пријатели од детството решаваат од отворат ресторан заедно. Едниот наркоман и готвач, другиот пијаница и познавач на вино. И двајцата со тешко минато и уште потешка сегашност, се трудат да направат нешто што никогаш не било направено во Бронкс. Приказната ми е океј, сеуште се равива. Глумата ми се допаѓа, добар е David Schwimmer, но Jim Strurgess уште подобар.


Animal Kingdom

animal kingdom.jpg

Џеј се вселува кај баба му отткако мајка му ќе почине од предозираност. Тој започнува да живее во куќа заедно со баба му Смрф и неговите 4 вујковци и уште во првиот ден, сфаќа дека тие не се најобичено семејство. Веднаш се впушта во фамилијарниот бизнис иако нивниот лајфстајл ќе му биде чуден, опасен и сосема поинаков од тоа на кое е тој навикнат. Ме привлече дејствието, но не ми е перфетно. Но, сепак рано е да се каже, само што започна да се емитува. Како и да е, нешто ме тера да ја гледам.


Wrecked

wrecked.jpg

Пародија на Lost. Малце каснат со оглед на тоа дека Lost се емитуваше и беше популарна пред повеќе од 10 години, али како и да е, не е лоша.

 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Roadies

roadiesposter.jpg

Сосема случајно деновиве се импресионирав од 2 работи од Imogen Poots, првенствено од филмот Green Room, а потоа со серијата Roadies (уште од пилот епизодата ми се виде позната, кога гледам на IMDb, се зачудив). Оваа серија е за групата луѓе кои се позади концертите, токму оние кои ги прават сите подготовки за еден настап да биде перфектен. Ликовите се добро претставени, секој со свои карактеристики, со тек на време ти заликуваат на една фамилија. Приказната е интересна, до сега немам гледано филм/серија каде што е прикажано што се случува позади сцената и кои се тие луѓе кои го прават концертот, всушност. Има и добра екипа на глумци, веќе ја споменав Имоген, потоа глумат и Luke Wilson и Carla Guguno. Исто така, глуми и Machine Gun Kelly од кој сум тотално (позитивно) изненадена!

 

Ghtalpo

Староседелец
27 февруари 2012
2,656
3,335
1,153
The Vikings

Како документарна серија за легендарниот Рагнар Лотброк и неговиот живот. Колку што имам читано низ историјата, и ако не прескокнуваат некои делови мислам дека лошо ќе заврши.

Серијата е прејака во поглед на костимографијата, актерите и борбите во неа, можеби не е на нивото на GoT, ама вреди да и се даде шанса. Помислив дека има тема за оваа серија на форумов... :(
Ја гледам и предобра е ама полека терам со неа некаде на средина на втора сезона сум
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Struggler