Предлози за серии

Тој

Полноправен Член
3 март 2012
44
61
18
Во првото мислење пишува и низ цела тема пишува дека треба да напишете кратка рецензија. А рецензија не е раскажување на серијата и нејзината содржина. И вие пак само насловот... Ако, ако...


Curb Your Enthusiasm - Mockumentary серија која е многу реално направена. Голем дел од дијалозите и шегите се импровизирани што ја прави серијата уште пореална. Хуморот е црн (претпоставувам) или еврејски.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Selma

Ghtalpo

Староседелец
27 февруари 2012
2,656
3,335
1,153
Можда сте ја слушнале милион пати ама дали поради насловот или поради нешто друго не сте се решиле да ја симнете.
Почнуваме серијата се вика Breaking bad.

Накратко се работи за угледен професор по хемија кој дознава дека е заболен од рак на плуќата.
Немајќи многу време за живот тој се решава по секоја цена да го обезбеди неговиот син (болно дете со штаки) и неговата штотуку родена ќеркичка со финансиски средства и одлучува да го прави тоа најдобро што го знае со помош на хемијата да прави дрога и да застане на другата страна од законот...

Сево ова се случува скоро во првата епизода па затоа се надевам дека ќе ве натера да ги симнете и другите.
Глумата е феноменална и секоја епизода ќе ве копка да ја гледате наредната така да 4 сезони ќе ги изгледате во еден здив.
Топло го препорачувам.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: warr

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
The Walking Dead - Серијата се темели на мала група на преживеани од зомби апокалипсата, која ја предводи заменик шерифот Рик и неговото семејство.
The Vampire Diaries - Двајцата сосема различни браќа, Дејмон и Стефан Салваторе, се враќаат во гратчето Мистик Фолс, во Вирџинија, каде пред повеќе од едно столетие останале осудени на вечна младост, преобразувајќи се во вампири. Цената на ваквата вечност е висока, а тие одлучуваат да живеат и да се хранат различно за да опстанат и притоа да не бидат фатени.

Доаѓаат во градот од иста причина, но поради различна личност – едниот трага по Кетрин, љубовта од минатото за која верува дека е заробена во локалната гробница, а другиот се заљубува во нејзината човечка репликација, отелотворена во ликот на Елена Гилберт. Едниот дрзок и безобѕирен, другиот скромен и човечен, сепак тие наоѓаат начини да живеат заеднички живот. Дали се тие единствените вампири во Мистик Фолс? Дали секој од нив ќе ја постигне целта по која трагал? Дали љубовта помеѓу вампир и човечко битие може да опстои?

Интересни податоци: Во оваа серија ќе научите дека вампирите јадат лук, пијат света вода, распнувањето нема ефект врз нив и имаат рефлексија во огледало.
Нина Добрев (Елена Гилберт) е 6 месеци помлада од Стивен Р. Мекквин (Џереми), додека во серијата е 2 години постара.
Пилот епизодата за Вампирски дневници е снимена во Ванкувер, каде е снимено и второто продолжение на „Самрак„, „Нова месечина“.

Главни ликови: Нина Добрев, Пол Веслеј, Ијан Сомерхалдер, Стивен Р. Мекквин, Катерина Грахам, Кендис Акола
Режисер: Маркос Сиега
Автори: Кевин Вилијамсон, Џули Плик
Жанр: драма, фантазија, хорор, романса
Времетраење: 40-42 мин.
Премиера: 10 септември 2009
Јазик: англиски

Smallville - Почетоците и настанувањето на Супермен. Многу добра серија.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: BlackTulip and The Tramp

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Вечерва ја почнав
TeenWolf.png

Изгледав две епизоди и ми се чини како добра серија. Има само една сезона. Се чека наскоро и втора да почне. Не е страшна.
 

kones

Истакнат Член
14 февруари 2012
122
119
343
Моментално што ги следам се:
House (happy)(happy)(happy)(happy)(happy)(happy)(happy)
30 Rock (комедија) Што ли се не прават сценаристите, продуцентите и менаџерите за само и само да ги задоволат капризите на главните улоги во телевизиските шоуа. Омилен лик, покрај Тина Феј која всушност е креатор, продицент, сценарист и главна улога во серијата, ми е Кевин.
може да го забележите македонското знаме на најавната шпица:).
Modern Family (комедија, драма) Три модерни семејства кој всушност се едно големо семејство, со сите реални проблими што се појавуваат и како они со доза хумор, љубов и разбирање ги решаваат.
Big bang theory (комедија) Неверојатно добра комедија која ги опишува интеракциите помеѓу четворица другари кои се доктори по физика освен еден и една плавуша која ќе им стане комшивка и сака да стане актерка во Холивуд. Омилен лик Шелдон :rofl.
How i met your mother (комедија) Нешто како friends.
Greys Anatomy (драма) Rezidenti по хирургија и патот кој го поминуваат за да станат хирурзи.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: BlackTulip

kones

Истакнат Член
14 февруари 2012
122
119
343
Game of Thrones
Напревена според книгите на Џорџ Р.Р. Мартин кој имаше замислено да биде трилогија, но видоа дека се продаваат книгите и плус голема гледаност на серијата се реши да ја продолжи, сега за сега на седум книги и сезони.
Не можам да ја коментирам ниту да ја опишам, зошто не сакам да му го скратам задоволството на тој што ќе се реши да ја гледа.
http://www.youtube.com/watch?v=C4PFbDxj0Fs
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Tantara

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
The Finder

j0043.jpg
The-Finder-S1-Poster-1.jpg

Да не ја раскажувам премногу, станува збор за тип кој има посебна вештина да наоѓа работи, откако претрпува повреда на главата. Криминална серија, со комични и мистериозни моменти.
 

The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,368
4,941
1,173
The Finder
MV5BMjIyODc2NzY1Ml5BMl5BanBnXkFtZTcwOTcwNjUxNw@@._V1._SY317_CR11,0,214,317_.jpg
the_finder_poster.jpg

Да не ја раскажувам премногу, станува збор за тип кој има посебна вештина да наоѓа работи, откако претрпува повреда на главата. Криминална серија, со комични и мистериозни моменти.
Од 3-ти април почнува на Фокс Крајм, така да може ќе ја погледнам. (happy)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: DarkPassenger and Selma

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
American Horror Story

c9a7b748ee.jpg


Необична и непредвидлива. Внесува свеж бран во секојдневните клишеа.
Откако бракот ќе им се разниша, Вивиен и Бен решаваат со ќерката Вајолет да се преселат далеку од стариот дом.
Но новиот дом им ги открива своите тајни, залутани личности и внесува пресврт во нивните животи.
Секоја епизода започнува со по едно убиство кое се извршило во куќата, а потоа приказната се испреплетува со онаа во сегашноста. Се’ до последните епизоди, ќе се чудите кој е жив, кој не е, кој пие, кој плаќа.
Интересен мајндфак, посебно за оние кои уживаат во мистерии.