1. "Последниот чај" - Винка Саздова
Го скрши редот, убаво.
1. "Последниот чај" - Винка Саздова
1. Canone Inverso - Паоло Мауренсиг (158стр.)
Книжулево го даваа гратис на плоштад пред неколку години, но ете не го чепнав оти повеќе сум по други жанрови. Почнав да го читам по препорака на девојка ми оти нејзи ептен и се бендисало, и ете, и мене ме бендиса. Се работи за една виолина и нејзиниот сопственик кој свирел низ Виенските улици. Многу зезната книгица со уште по зезнат крај.
А се рачунаат и веќе прочитани книги? Оти и Робинзон Крусо ми е на листата, си ја купив некни за 50 денари и сакам пак да ја читам после 15 години.
едит: Инаку моментално ја читам Времето на Лалињата од Дебора Могах. Скоро до пола сум и некако ми е такадаречам женска книгица, но ајде.
Мала дигресијаАлеф - Пауло Коелјо (293 страни)
Ете ја средив. Мислев ајде уште една шанса за Коелјо нека не ми ја раскажува истата приказна по стоти пат ( исклучок победникот е сам). И ете ти пак традицијата, универзумот, сопствената сила, спознавањето на себе си итн...
Овој пат раскажува за сопственото патување со воз попреку Русија. Ладни денови и ноќи а тој на возот со една жена по име Хилал која е таму од иста причина како и тој. Да се спознае себе си. ЗБорува за една точка која самиот ја нарекува Алеф. Место каде работите се случувата повеќе или помалку интензивно, со сите сили и сета волја на универзумот и такви некои да не речам глупости : ) По некаде се спомнува и инкарнација и враќање во претходните животи. Муабетот е дека сега и во минатото и во иднината е еден човек а сосема различен од претходниот...
И си завршува патувањево на крај, сите среќни и весели. Оди Коелјо кај Путин кој слушнал за неговото патување и го поканил на гости, а Хилал продолжува со својата музичка кариера како виолинист.
Го почитувам човекот ама како уште му се продаваат книгите во толку голем број??