Предизвик за читање на книги - 2013

Challenge ACCEPTED - Difficulty leveL

  • easy - 25 книги

    Гласови: 8 28.6%
  • normal - 35 книги

    Гласови: 9 32.1%
  • hard core - 45 книги

    Гласови: 11 39.3%

  • Вкупно гласале
    28
Статус
Затворена за нови мислења.

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Еве ја мојата приближна Bucket листа за оваа година
Почнав со Самарканд од Амин Малуф
2. Шега од Кундера
3. Atonement - Ian McEwan
4. 25th hour - Ian McEwan
5. Ловец на Змејови - Калед Хосеини
6. I, Robot - Isaac Asimov
7 The Magus - John Fowles
8 Разговор со Спиноза - Гоце Смилевски
9. Quo Vadis - Хенрик Сјенкијевич
10. Клетници - Иго
11. Мемоарите на една Гејша - Артур Голден
12. Сатански Стихови - Салман Ружди
13. Brave new world - Aldous Huxley
14. One flew over the cuckoo`s nest - Kesey Ken
15. Дервишот и смртта - Меша Селимовиќ
16. Смртта во Венеција - Томас Ман
17. Замоци на гневот - Барико
18. Clockwork Orange - Anthony Burgess

+ уште некоја ако ми се најде на пат.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Bibi@ and Рушен

Рушен

Активен Член
22 октомври 2012
181
124
43
И јас сум веќе при крај со првата моја книга за 2013 година.

01. Марта – Горјан Петревски – 251 страница
Оваа лектира ја имав читано порано едно 2-3 пати, па многу ми се допадна и е една од најубавите прочитани лектири во мојот живот. Инспириран од настаните кои се случуваат решив уште еднаш да ја прочитам оваа супер лектира. Во неа се раскажува за девојката Марта која ги живее најубавите моменти од својот живот – тинејџерството. Таа е многу убава девојка и учи во седмо-седум, најдобриот другар и е Борко ( кој е вљубен во неа) а другарка Емилија, но во неа е вљубен и Витез (Витан) кој заедно со уште тројца другари ги магебсуваат девојките низ градот, тие имаат таен план, тројцата и се пуштат на девојка, а Витез доаѓа и ја спасува девојката.
 
Мортидо

Староседелец
6 март 2012
1,056
1,575
1,133
Yellowknife, NT, Canada
metatron86.deviantart.com
1. Canone Inverso - Паоло Мауренсиг (158стр.)

Книжулево го даваа гратис на плоштад пред неколку години, но ете не го чепнав оти повеќе сум по други жанрови. Почнав да го читам по препорака на девојка ми оти нејзи ептен и се бендисало, и ете, и мене ме бендиса. Се работи за една виолина и нејзиниот сопственик кој свирел низ Виенските улици. Многу зезната книгица со уште по зезнат крај.

А се рачунаат и веќе прочитани книги? Оти и Робинзон Крусо ми е на листата, си ја купив некни за 50 денари и сакам пак да ја читам после 15 години. :)

едит: Инаку моментално ја читам Времето на Лалињата од Дебора Могах. Скоро до пола сум и некако ми е такадаречам женска книгица, но ајде.
 
Се важат сите прочитани во 2013 година
 
Марија

Poétesse
14 април 2012
1,146
2,491
1,123
Скопје
Алеф - Пауло Коелјо (293 страни)
Ете ја средив. Мислев ајде уште една шанса за Коелјо нека не ми ја раскажува истата приказна по стоти пат ( исклучок победникот е сам). И ете ти пак традицијата, универзумот, сопствената сила, спознавањето на себе си итн...
Овој пат раскажува за сопственото патување со воз попреку Русија. Ладни денови и ноќи а тој на возот со една жена по име Хилал која е таму од иста причина како и тој. Да се спознае себе си. ЗБорува за една точка која самиот ја нарекува Алеф. Место каде работите се случувата повеќе или помалку интензивно, со сите сили и сета волја на универзумот и такви некои да не речам глупости : ) По некаде се спомнува и инкарнација и враќање во претходните животи. Муабетот е дека сега и во минатото и во иднината е еден човек а сосема различен од претходниот...
И си завршува патувањево на крај, сите среќни и весели. Оди Коелјо кај Путин кој слушнал за неговото патување и го поканил на гости, а Хилал продолжува со својата музичка кариера како виолинист.
Го почитувам човекот ама како уште му се продаваат книгите во толку голем број??
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: WomanInRed and Рушен

Мала дигресија
Алеф всушност е првата буква на алфабетот кај Феникијците што подоцна старите грци го преименуваа во Алфа. Коељо е толку предвидлив што скоро секоја книга веќе во првите страни знаеш кој ќе биде континуитетот со неговите веќе толку излитени и реупотребувани фрази што и таа почит кога ќе ја имаш во првата книга, веќе во втората и натака секако ќе отиде во надолна линија.
 
Angiie

Истакнат Член
16 февруари 2012
506
639
93
1. Сведокот на обвинението - Агата Кристи
Адвокатот Мејхерн се обидува да ја докаже невиноста на неговиот клиент Леонард Вол за кој се тврди дека е убиец на богата жена и дека по убиството се стекнал со големо богатство. Ромина Вол пред судот изјавува дека не била со обвинетиот за време на убиството.
Едно писмо кое адвокатот го добива пред судењето е испратено од речиси неписмена жена која во писмото изјавува дека има докази дека Романа лаже. Како сите книги на Агата, така и оваа е исполнета со доза на неизвесност, па вистинскиот убиец е откриен речиси на крајот од ова дело.

Прочитав дека има и филм направен според книгава, па ќе го гледам :)
 
Рушен

Активен Член
22 октомври 2012
181
124
43
Се изгубивме ве нема никаде. Јас вчера почнав да ја читам Одговори, па некаде до 15-16 ќе ја прочитам :zelen
 
Статус
Затворена за нови мислења.