Не кажувам на која возраст бев. Ќе испадне на стари години првпат машко бакнав. Што да правам, заостаната сум малце.
Моментот ќе опишам... комедии беше.
Еден ден претходно, дечково ме праша кога ќе сум била слободна, да сме се „виделе“, инаку јас никогаш немаше да му речам. Тој беше машко, башка тоа возрасен и го направи првиот чекор. Инаку знаев и пред тоа дека ми има око фрлено. И бидна што бидна, договор, му кажав кај ќе го чекам и во колку саат и дојде со кола.
И така си седиме во колата, муабети, муабети, муабети... никако да се случи тоа што треба. Јас пустата срамежлива. Надвор зјапам низ прозорец и кога зборам чинам со вратата од колата зборам, не со дотичниов. Или пак како да манијачам некој надвор. Ама жива душа пак надвор немаше. Тој ме гали в коса, ме допира... јас ладна камен, ко ништо да не се случува.
Му се смачи нему (баш во моментот се свртев кон него) и ми вели: „Можи да пробам нешто?“... Јас кимнав со главата, како демек не знаев што има на ум човеков. И ме бакна... Во несвест ќе паднев.
