Беше во средно со мојата прва девојка. Во суштина некако се договаравме, се допишувавме на фб, зошто така се запознавме и знаев дека таа вечер кога ќе искочиме морам да го направам тоа. Тој период сите врсници мои веќе се лапаа, освен јас, па како сите така и јас
Седнавме на клупа, пролет беше ама сепак ладно и онака си се тресеме хаха, она ќутлива, се срами, гледа во земја и не знае што муабет да ми прави. Па ја фатив и ја залапав. Не беше толку лошо, само две работи малку ме згрозија. Првата е тоа што ми го грицкаше јазикот со забите што уствари и не знаев што се дешава, чии заби се хахха, а вториот грозен момент е кога ја испраќав на кај буска, се лапавме уште еднаш, а ја гледам со растечен нос
Ја испратив, си лапнав мастика да џвакам, отидов со другарите да се видам да им кажам што сум направил и после тоа дома право на миење заби