Види сега, најискрено ќе ти кажам од овие ден-два што читам.
Ем ти иска, ем ти стиска...плус, не ми делуваш доволно зрела/спремна да се справиш со нешто такво, туку премногу се оптоваруваш ко тинејџер кога ќе добие корпа. Не ме сфаќај погрешно, секој со своето, само не знам дали е до „што ќе каже народот“ т.е. стравот дека момакот ќе разнесе на сите дека сте спиеле, а не сте пар, дали ти е страв дека после тоа ќе те остави, или се чувствуваш навредено од понудата.
Факт е дека е некој кој ти се допаѓа, инаку сите вака да се потресувавме од понудите за плодење од рандом лица, кај ќе ни беше крајот.
Немаш дадено скоро никакви информации и темава ќорсокак сте ја направиле, ама колку што успеав да извлечам меѓу редови, веројатно си загреана за врска со тој типот, па од тоа можам едно нешто да ти кажам - треба човека прилично да го познаваш за да сакаш врска со него.
А, ако овој го знаеш нешто подобро, тогаш би требало да знаеш и дали сексот пред врска би сменил нешто во неговиот однос и/или желбата да биде со тебе. Ако одговорот е да - тогаш не те гледа ко материјал за врска. Ако одговорот е не - небитно е дали ќе е на „неофицијално“ или после недели/месеци/години врска.
Сѐ друго значи дека е некој кој ти продавал топла вода, а ти си паднала на тој шарм, па сега реалноста те издигнала од земја.