Значи, личност декларирана под поимот ''сељак'' не постои. Како тоа? Епа вака, тоа што вие го гледате и го обележувате како ''сељачко'' е вашата мрачна страна. Тоа што го посакувате, а не можете да се замислите како го правите. Запрашајте ја вашата длабочина и ќе го добиете одговорот, а до вашата длабочина не се стига така лесно, бидејќи прво треба прво да ја откриете вашата површина. Од погоре напишаното, видов само јавно и очајно манифестирање на фрустрациите на група корисници на форумов. Ако ''сељак'' значи да бидиш вистинскиот ти во животната средина, тогаш и јас сум сељак, бе.
За да промените нешто треба прво да го прифатите на начинот на кој што самото е. Зборувам за вас, што пишувате за начинот на живот и сфаќања на другите, а самите вие не сте средени. Прочитајте ги коментарите на личностите погоре и тогаш кажете кој е вистинскиот сељак..
Глуп си ако за другите велиш дека се глупи (паѓаш на нивно ниво), а имајте до знаење дека и со поимот ''сељак'' е исто. Јас почитувам кога некој прави нешто и му причинува задоволство, ама навреди не поднесувам.
Така да, мислете пред да напишете нешто, без разлика дали е паметно, глупо, пофално или навредувачко. Има луѓе кои читаат и се баш добри личности, а вашиот црно-бел шаблон на гледање на светот може и да ги навреди. А, ако вас не ви чини барајте си го проблемот во вас, не во нив. Во животот сами сме си криви за тоа што ни се случува. Не другите, а во конктретниот случај ''сељаците'' не се ништо криви што на вам ви пречи.
Поздрав до личностите кои имаат животен стил како веќе наведениот на погорните корисници.. Бидејќи тоа ги прави среќни. А, среќните луѓе се добри луѓе, а не очајници како овие погоре.